Меѓу пријавените попишувачи најбројни се студентите и невработените


Пријавувањето на огласот трае до сабота. Хонорарот за попишувачите е 35.000 денари

 

Останаа уште три дена од рокот за пријавување на теренските попишувачи трае уште три дена. До сега за пријавиле над 4.500 граѓани кои сакаат да бидат попишувачи. Меѓу нив најбројни се студентите и невработените. Повикот за попишувачи трае до сабота по што од следната недела треба да започнат тестирањата и обуката по што, според плановите, пописот треба да започне на 1 април и да трае до 21. Бројката која недостасува за попишувачи треба да се надополни во наредните три дена додека трае огласот.

Попишувачите кои ќе го спроведуваат пописот на населението ќе добијат хонорар од 35.000 денари за ангажманот.

Здравствените власти велат дека се преземни сите можни мерки пописот да се одвива според соодветните протоколи за да биде безбеден за сите – и за попишувачите и за граѓаните. Доктор Жарко Караџовски, претседател на Комисијата за заразни болести на последната прес-конференција изјави дека напомена дека здравствените протоколи за пописот се подготвени и се ригорозни и овозможуваат непречено попишување на населението. На граѓаните им е оставена можноста да се попишуваат и на отворено, во своите дворови, паркови пред зградите, на тераса и секаде онаму каде што жителите ќе проценат дека се најзаштитени.

Ако попишувачите се придржуваат до мерките за заштита и внимаваат на секој контакт, а граѓаните се придржуваат до препораките на Заводот за статистика и на Комисијата за заразни болести тогаш шансите за пренесување на вирусот се сведени речиси на нула.