Ковид кај децата: „Ќерка ми не можеше да стане од кревет, пиштеше од главоболки“


Коронавирусот се посериозно ги напаѓа и најмладите во С. Македонија. Иако симптомите се различни, последиците од болеста можат да бидат многу сериозни и кај нив. Некои симптоми се исти како кај постарите Малата Јана има само 6.5 години. Безгрижната детска игра со постариот брат во детската соба, од пред неколку дена ја замени со болнички […]

Ученици од Карпош со нов еко предизвик


  Учениците од основното училиште „Јан Амос Коменски“, од Општина Карпош ќе бидат дел од еко – проект, кој овозможува зголемување на зелениот фонд во општината, преку забрзување на растот на растенијата. Имено, тие ќе ја истражуваат бојата на светлината која најмногу го поттикнува растот на растенијата. Станува збор за проект за кој училиштето доби […]

Тамара Тодевска е позитивна на Ковид-19


Поп-ѕвездата Тамара Тодевска преку својот профил на социјалната мрежа Инстаграм објави дека е позитивна на коронавирусот. Таа претходно пишуваше дека има симптоми на Ковид 19 и дека чека резултати, за подоцна да објави и дека вирусот ѝ е детектиран. „Ајде нека е честито“, напиша Тамара.   -Ќе има време и за нови песни, и за […]

Фабриката „Кромберг и Шуберт“ и Општина Битола заеднички градат градинка во поранешната касарна


БИТОЛА – Почна изградбата на новата градинка во населбата Златен рид во старата битолска Касарна финансирана од германската фабрика „Кромберг и Шуберт“ и Општина Битола. Ова ќе биде првата градинка во Битола после период од 30 години што ќе се гради нова од темел. Фабриката за производство на кабли за автомобили „Кромберг и Шуберт“ има […]

Маричиќ: Ќе се направат законски измени за да се воведе дигитализација на судството


Министерот за правда Бојан Маричиќ во воведното обраќање на јавната расправа за предлог измените на Законот за парнична постапка, каже дека покрај намалувањето на висината на паричната казна за учесниците во постапките, со овие измени се отвора и законска можност за дигитализација на работењето на судовите. -Судот може да одлучи рочиштето да се одржи на […]

Нема вакцинација за граѓаните од утре – и руските вакцини ќе ги примаат доктори


Иако вчера министерот за здравство Венко Филипче најави дека вакцинацијата со руската вакцина „спутник В“ ќе почне најверојатно во домовите за стари лица, сепак донесена била одлука вакцината да биде употребена прво кај здравствените работници. „Поради проширувањето на ковид-капацитети и актуелната состојба, вакцинацијата продолжува со здравствените работници коишто се под висок ризик за добивање на […]

(Во живо) Прес на Заев заедно со Димитров, Маричиќ, Бесими и Николовски


Со почеток во 14 часот прес-конференција ќе одржат премиерот Зоран Заев и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров. На прес-конференцијата ќе бидат присутни и министерот за правда, Бојан Маричиќ, министерот за финансии, Фатмир Бесими, како и заменик-претседателот на Владата  задолжен за борба против корупцијата и криминалoт, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо […]

Филипче: Нема лекарска грешка во работата на д-р Асани кој остави родилка без матка, бубрег и јајник


Немало пропуст во лекарската интервенцијакај родилката Јилдиз Веапоска, на струшкиот доктор Мухамед Асани, рече во своето гостување во емисијата „Утрински брифинг“, министерот за здравство, Венко Филипче. Стручниот надзор на Лекарската комора спроведен за гинекологот и директор на струшката болница покажал дека немало пропуст во лекарската интервенција кога на родилката Јилдз Веапоска ѝ биле отстранети матката, […]

Тројца пратеници од мнозинството позитивни на корона, Собранието без кворум за гласање


Собранието не успеа да го утврди дневниот ред за 34 седница, поради немање кворум. Тројца пратеници од владејачкото мнозинство се позитивни на корона вирусот и поради тоа не можеа да присуствуваат на работата на Парламентот, информира претседателот на Собранието Талат Џафери. Во салата беа присутни 59 пратеници. „Во четвртокот минатата недела утврдивме дека денешниот ден […]

ЕСИ повторно нуди заеднички пазар пред членство во ЕУ


Оваа иницијатива е заснована врз познатиот „фински пат кон пристапување“ и се темели и на искуствата на Шведска и Австрија   Под наслов „Како словенечкото претседателство може да ја оживее политиката ЕУ-Западен Балкан?“, Европската иницијатива за стабилност (невладина организација често финансирана од ЕУ) повторно излезе со идејата на земјите-кандидати од регионот да им се понуди […]

ВМРО-ДПМНЕ побара помош од меѓународната заедница за Изборниот законик


Главната опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ денеска побара меѓународната заедница да се вклучи во изработката на измените на Изборниот законик и за локалните избори да се воведат машини за отепчатоци на прсти за да немало злоупотреби при гласањето. Пратеникот Игор Јанушев на прес-конференција во Собранието рече дека во изминатиот период се воделе интензивни преговори меѓу работни групи […]

Вакцинација со „Спутник V“ од утре во поликлиника „Јане Сандански“, ревакцинација со „Фајзер“ во „Букурешт“


Во поликлиниката Букурешт утре почнува ревакцинацијата со вакцината „Фајзер“. Во поликлиниката „Јане Сандански“ ќе се одвива имунизација со вакцината „Спутник V“, информираат за МИА од Министерството за здравство.   Вакциналните пунктови и во двете поликлиники ќе работат во две смени, од 8 часот наутро до 20 часот навечер, од понеделник заклучно со сабота.   -Поради […]

Во Босна и Херцеговина вирусот корона коси, 48 починати во еден ден


Во Босна и Херцеговина по неколку неделно затишје, корона вирусот се врати, па така денеска се регистрирани 1.251 заразено лице, а починаа дури 48 пациенти. Тестирани биле 4.681 луѓе. Ден порано, пријавени беа 393 новозаразени, а починаа 38 пациенти. Во Федерацијата тестирани биле 3.649 примероци, од кои 949 биле позитивни. Починале 30 пациенти со Ковид-19, […]

Пониски температури, врнежи од дожд и снег на повисоките места


Повремени врнежи од дожд, кои локално на западот ќе бидат пообилни, а на планините и на некои повисоки места  повремен снег, и засилен северозападен ветер, најавуваат за утре метеоролозите. Од УХМР информираат дека утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремен снег. Во […]

ОЕЦД ја зголеми прогнозата за глобалниот економски раст годинава на 5,6 отсто


Глобалната економска перспектива значително се подобри во последните месеци, според Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), која смета на комбинираните ефекти од планот на американскиот претседател Џо Бајден и вакцинацијата. Имено, ОЕЦД ја преиспита својата прогноза за глобалниот раст во 2021 година, на 5,6 отсто од првичните 4,2 отсто, јави дописникот на МИА. -Глобалната […]

Во болниците низ земјава се лекуваат 899 болни од Ковид-19


Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 43 нови пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 353 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Како што соопшти Министерството за здравство, во последното деноноќие, на интерните клиники имало десет приеми.   Во ковид центарот во […]

Во Германија откриена новата мутација Б. 1.525 на коронавирусот


Во Германија е потврдена новата мутација на коронавирусот, а се работи за примерок земен во центарот за тестирање на аеродромот во Берлин, каде е пронајден видот Б. 1.525. Според компанијата „Центогене“, специјализирана за дијагностицирање на ретки болести, станува збор за вид што е утврден кај примерок од лице со потекло од германската провинција Саксонија. Инаку, Б. 1.525 […]

Конкурс за упис во стручните училишта ќе се прави според потребите на компаниите


Во средните стручни училишта ќе се објавуваат конкурси за запишување според потребите на компаните, најави денеска министерката за образование и наука Мила Царовска на последната дебата од карванот за модернизација и унапредување на средното стручно образование, којашто се одржа во Општина Илинден. „Со оваа последна средба од карванот „Учи паметно, работи стручно“ ја затвораме целата […]

Во Битола ќе се реставрира родната куќа на народниот херој Стив Наумов


НУ Завод и Музеј-Битола со средства од Министерството за култура ќе ја реставрира родната куќа на народниот херој Стеван Наумов Стив која се наоѓа на улицата „Пецо Божиновски” бр.11 во Битола. Куќата во која е роден Стив Наумов за прв пат како постојана музејска поставка беше отворена на 4 јули 1961 година откако објектот е реконструиран и адаптиран за таа намена. Во 1977 година објектот е […]

 „Фајзер“ го преместува производството од Белгија во Романија


Италија – Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ објави дека има намера да пренесе дел од своите производствени погони од Белгија во Романија, каде цената на работната сила е пониска, пишува италијанскиот весник „Ил фато Котидијано“. Весникот наведува дека поради тоа 38 од 238 вработени ќе останат без работа. – Тоа е уште една шлаканица за милиони граѓани […]