Вакцинација со „Спутник V“ од утре во поликлиника „Јане Сандански“, ревакцинација со „Фајзер“ во „Букурешт“


Фото: Б. Грданоски
Во поликлиниката Букурешт утре почнува ревакцинацијата со вакцината „Фајзер“. Во поликлиниката „Јане Сандански“ ќе се одвива имунизација со вакцината „Спутник V“, информираат за МИА од Министерството за здравство.
 
Вакциналните пунктови и во двете поликлиники ќе работат во две смени, од 8 часот наутро до 20 часот навечер, од понеделник заклучно со сабота.
 
-Поради проширувањето на ковид капацитети и актуелната состојба, вакцинацијата продолжува со здравствените работници коишто се под висок ризик за добивање  ковид инфекција, од сите институции во државата, соопшти Министерството за здарвство. 
 
Инаку, вакцина против Ковид-19 до денеска примиле 3.759 здравствени работници.
 
Преку веб-страницата „vakcinacija.mk“ се направени 76.990 пријави. Од страна на матични лекари направени се 53.473 анкети.
 
Досега вкупно се пријавени 61.908 лица над 70 години, преку сајт и од матичен лекар.