Ковид кај децата: „Ќерка ми не можеше да стане од кревет, пиштеше од главоболки“
Коронавирусот се посериозно ги напаѓа и најмладите во С. Македонија. Иако симптомите се различни, последиците од болеста можат да бидат многу сериозни и кај нив. Некои симптоми се исти како кај постарите
Малата Јана има само 6.5 години. Безгрижната детска игра со постариот брат во детската соба, од пред неколку дена ја замени со болнички кревет. Причина е непредвидливиот вирус Ковид-19, кој им ја одзема насмевката и на малата Јана и нејзината мајка Ане, која веќе неколку дена деноноќно се грижи за својата болна ќерка во Детската болница во Козле.
„Иако сите велат дека децата заразени со коронавирус поминуваат полесно, ние сфативме дека болеста може да биде многу посериозна и тешка отколку кај возрасните“, раскажува за ДВ, скопјанката Ане Василевска, во чие семејство Ковид-19 навлегол во февруари годинава.
Најпрво се заразил нејзиниот свекор, на вирусот не останала имуна ниту нејзината свекрва, по неколку дена симптомите се појавиле и кај нејзиниот сопруг, за на крај да се зарази и малата Јана.
Линк до целиот текст на Дојче Веле тука