Во болниците низ земјава се лекуваат 899 болни од Ковид-19


Фото: Б. Грданоски

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 43 нови пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 353 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Како што соопшти Министерството за здравство, во последното деноноќие, на интерните клиники имало десет приеми.
 
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 13 примени  пациенти и 19 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен еден пациент.
 
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 25 оздравени пациенти.
 
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 29 пациенти, на Клиниката за неврологија 36 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 52 пациент со симтоми на корона вирусот.
 
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 80 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 125 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 26 пациенти. На ГАК има пет хоспитализирани ковид позитивни пациентки.
 
Вкупно 353 пациенти потврдени и сомнителени за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
 
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 30 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Отворена е и модуларната болница во склоп на Инфективната клиника со дополнителен број кревети.
 
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.
 
Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 546 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
 
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 38 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациент. На  инфективното одделение во Тетово има 24 пациенти, во Велес се лекуваат 37 болни, а во Куманово 75 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 84, во ковид центарот во Гостивар 20, а во Струга 17 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 33 пациенти, во Кочани 9 во Кичево 11, Кавадарци 69, во Гевгелија 15 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти, стои во соопштението на Министерството.
 
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 899 и има околу 330 празни болнички кревети во ковид центрите.
 
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
 
Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, додава Министерството за здравство.