Концерт на Филхармонија „Бетовен: Редефиниција“


Оркестарот на Филхармонија денеска со почеток во 20 часот ќе одржи концерт насловен „Бетовен: Редефиниција“. Како солист ќе настапи виолинистот Јонијан Илијас Кадеша, диригент ќе биде маестро Емил Табаков од Бугарија, а како дел од програмата се „Варијации на тема од Хајдн“, опус 56 од Јоханес Брамс и Концерт за виолина и оркестарот во Де-дур, […]

Попис ќе има од 1 до 21 април, следната недела почнува првата фаза од попишувањето


Пописот на населението, домаќинствата и становите во земјава ќе се спроведе во месец април, порачаа од Владата, најавувајќи дека за помалку од една недела започнува првата фаза од попишувањето. Пописот ќе се спроведе во периодот од 1 до 21 април годинава, а критичниот момент за оваа статистичка операција ќе биде на полноќ меѓу 31 март […]

Дводневна конференција за поврзување на младите од С. Македонија и Грција


Младинскиот сојуз – Крушево денеска и утре организира конференција за вмрежување и поврзување на младите од Северна Македонија и Грција со носителите на одлуки во двете земји. На конференцијата, која ќе биде од хибриден формат (комбинација од физичко и онлајн присуство), ќе учествуваат над 110 млади луѓе од двете земји, а учесници-панелисти ќе бидат претставници […]

Земјотрес од 4,3 степени ноќеска регистриран во близина на Дубровник


Земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во близина на хрватскиот град Дубровник, а бил почувствуван и во Босна и Херцеговина. Епицентарот на земјотрсот бил на 14 километри југозападно од Дубровник и 68 километри југоисточно од Мостар, на длабочина од еден километар. Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална […]

Во Собранието денеска пратенички прашања, закажани седници и на две комисии


Собранието денеска треба да ја одржи 35-та седница на чиј дневен ред единствена точка е Поставување на пратенички прашања. Во исто време закажани се и заседанија на Комисијата за финансирање и буџет и на Законодавно-правната комисија. Комисијата за финансирање и буџет треба да ја продолжи 16-та седница на чиј дневен ред се предлог-законите за изменување […]

Сончево и топло до 20 степени


Времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје сончево. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 19 степени. Продолжува периодот на […]

Депонентите на Еуростандард банка разочарани – Уставниот суд не донесе одлука во нивна полза


„Одлуката на Уставниот суд е за жал негативна и е последниот клин на сандакот во кој се сместија оштетените физички и правни лица од Еуростандард банка“ – вака од Здружението на оштетени штедачи ја соопштија за нив неповолната одлука на Уставниот суд во врска со поднесената иницијатива за оцена на уставноста и законитоста на член […]

Дојче веле ја обновува програмата на унгарски јазик, Будимпешта гневна


Дојче веле, германска медиумска организација финансирана од државата, ќе ги обнови вестите на унгарски јазик за прв пат во последните неколку децении. Овој потег следи кратко откако американското Радио Слободна Европа повторно ја воспостави својата унгарска редакција. „Гледаме стабилно влошување на различноста на медиумите и слободата на печатот во Унгарија“, рече извршниот директор на ДВ, […]

Села: Некој посилен од Заев му наредил на Мијалков да се врати


Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села вечерва во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21 рече дека некој посилен од Заев и Мијалков наредил токму тој сам да се пријави во Обвинителството. За Села ова е скандалозен чин, а Мијалков контроверзна личност. „Мијалков е човекот кој даде оставка веднаш по настаните во Диво Насеље. Ова […]

Унгарија: Три четвртини од вработените би продолжиле да работат од дома


Три четвртини од вработените Унгарци, кои учествуваа во истражувањето на Reacty Digital, изјавија дека би сакале да продолжат да работат од дома најмалку еден ден во неделата, дури и кога ќе се подобри епидемиолошката состојба. Според податоците добиени во оваа анкета, работата од дома генерално повеќе им одговара на оние со високо образование, а голем број сметаат […]

Американецот Холовеј го урна рекордот на 60. метри со пречки во сала


Нов светски рекорд во дисциплината 60 метри со пречки во сала постигна денеска американскиот атлетичар Грант Холовеј на митингот во Мадрид, истрчувајќи ја патеката за 7,29 секунди. Актуелниот светски првак на 110 метри со пречки беше за една стотинка побрз од најдоброто време што од 1994 година беше во сопственост на Британецот Колин Џексон. Второпласиран на трката […]

Израел со закон овозможи откривање на имињата на невакцинирани


Израелскиот Парламент денеска му одобри на Министерството за здравство да им ги открива имињата на луѓето кои не биле вакцинирани против коронавирусот на другите тела на власта во земјата, предизвикувајќи критики за нарушување на приватноста на граѓаните кои не сакаат да се вакцинираат. Законот, донесен со 30 гласа „за“ и 13 „против“, им дозволува на локалните власти, генералниот директор […]

Вардар против Елверум ја прекина серијата без победа во Лигата на шампиони


Македонскиот ракометен првак Вардар 1961 вечерва триумфираше во Скопје над Елверум со 35:32 (17:20), забележувајќи ја првата победа во Лигата на шампиони по повеќе од четири месеци. Ракометарите на Вардар беа во негатива по првиот дел, што Елверум го доби со 20:17, одржувајќи ја предноста до 41 минута, кога македонскиот првак за кратко го презеде […]

Британската мутација на корона вирусот брзо се шири во Унгарија


Многу заразната мутација на коронавирусот од Велика Британија брзо се шири во Унгарија, изјави денеска главната здравствена инспекторка и членка на кризниот штаб Сесилија Милер. Британската мутација досега е откриена кај 400 пациенти, од кои повеќето не патувале никаде во последно време, што покажува дека тој вид се шири во Унгарија, изјави Милер. Унгарците дошле до овој заклучок овозможувајќи […]

Владата донесе Одлука за финансиска поддршка на радиодифузерите


Во рамки на денешната 48-ма седница,  Владата ја разгледана и донесе Одлуката за одобрување на средства од Буџетот за 2021 година во износ од 50 милиони денари на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), како поддршка за справување со кризата предизвикана од Ковид-19. Како што соопшти владината Прес-служба, ваквата одлука е донесена заради […]

Студија: Ковид-19 преживува на ткаенини до три дена


 Нова студија открива дека вирусот што предизвикува Ковид-19 може да преживее на ткаенини, како што се облека, завеси, теписи или тапацир, до три дена, објави Њујорк пост. Меѓу полиестерските, полу-памучни ткаенини и 100 отсто памучни ткаенини, полиестерот претставува најголем ризик – над 72 часа; на целосно памучни ткива, вирусот останува еден ден, а на полу-памучното […]

Бројот на починати во измината седмица се зголемил дури за 62,8 отсто


Податоците што секој вторник ги објавува Институтот за јавно здравје за состојбата со пандемијата за изминатата седмица го потврдуваат трендот што се забележува со секојдневните извештаи дека епидемијата се враќа со силен бран. Можеби највознемирувачки се податоците дека бројот на смртни случаи пораснал за 62,8 отсто во однос на претходната недела. Во овој извештаен период […]

Велика Британија минатата година ја напуштиле милион луѓе


  Велика Британија во пандемската 2020 година изгубила рекорден број странски работници, покажаа податоците од британската статистичка канцеларија ОНС, која напоменува дека проценката треба да се земе со резерва поради прилагодените мерки за собирање податоци. Во периодот од октомври до декември 2020 година во Британија вројот на странски работници во споредба со истиот период претходната […]

„Епл“ купува компанија на секои три до четири седмици


„Епл“ купи околу 100 компании во последните шест години, откри извршниот директор на компанијата Тим Кук, пренесува Би-Би-Си. – Тоа значи дека, во просек, се купува компанија на секои три до четири недели, рече тој на годишното собрание на акционерите на „Епл“. Епл неодамна ги обезбеди своите најголеми квартални приходи на сите времиња, достигнувајќи 111,4 […]

САД се враќаат во Советот за човекови права на ОН како како полноправна членка


САД ги ставаат човековите права на врвот од својата агенда, и се враќаат во Советот за човекови права на ОН (УНХРЦ), соопшти денеска Стејт департментот. Во случај да бидат примени назад, САД имаат за цел да станат прв глас во советот за одбрана и почитување на човековите права. -Имаме намера да се вратиме во Советот за човекови права, и […]