Британската мутација на корона вирусот брзо се шири во Унгарија


Многу заразната мутација на коронавирусот од Велика Британија брзо се шири во Унгарија, изјави денеска главната здравствена инспекторка и членка на кризниот штаб Сесилија Милер.

Британската мутација досега е откриена кај 400 пациенти, од кои повеќето не патувале никаде во последно време, што покажува дека тој вид се шири во Унгарија, изјави Милер.

Унгарците дошле до овој заклучок овозможувајќи им на здравствените работници повторно да тестираат примероци од канализацијата.

Траги од британскиот мутиран корона вирус се откриени во канализацијата на поголемите градови, вклучувајќи ги Будимпешта, Дебрецин, Секешфехервар и Ѓер, рече Милер.

Досега во Унгарија не се откриени бразилската и јужноафриканската мутација на корон вирусот.