„Врба“ на Манчевски во американски поход


„Врба“ на Милчо Манчевски, кој е македонски кандидат за Оскар за 2021-ва, ќе се прикажува во кината, на телевизии и на стриминг-платформите низ САД. Дистрибутер е „Кино Лорбер“, еден од најреномираните на уметнички филмови во САД. „Врба“ пред американската публика ќе се прикажува во текот на оваа година и ќе продолжи во 2022 и 2023. […]

Народна банка: Поставеноста на монетарната политика е соодветна на макроекономските услови


Поставеноста на монетарната политика е соодветна на макроекономските услови, е најновата оценка на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка. На седницата одржана вчера заклучено е дека засега тековите се стабилни и дека последните макроекономски показатели главно се движат во согласност со очекувањата. Согледувањата за амбиентот за спроведување на монетарната политика се непроменети во […]

Се заменуваат азбестните цевки од водоводнате мрежа на ул. „Антон Попов“ во Гази Баба


ЈП Водовод и канализација – Скопје континуирано продолжува со реализацијата на проектите и инвестициите кои се однесуваат на обнова и реконстукција на водоводната и канализационата мрежа, самостојно, но и во соработка со општините и Град Скопје.   Во текот на вчерашниот ден, генералниот директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Душко Весковски со градоначалникот […]

Османи утре во работна посета на Грција на средби со Сакеларопулу, Мицотакис, Дендијас и Варвициотис


Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе оствари работна посета на Грција, на покана на својот домаќин, шефот на грчката дипломатија Николаос Дендиас. На средбата меѓу двајцата министри, како што соопшти МНР, ќе бидат отворени теми поврзани со билатералните односи меѓу двете земји, интензивирање и продлабочување на политичкиот дијалог во различни области, како и […]

Најпродаваниот автомобил има софтверска грешка – 56.000 да се јават на сервис


Фолксваген ќе повика на вонреден сервис сопственици на 56.000 примероци од моделот „голф 8“, а се работи за автомобили произведени до јули 2020 година. Во прашање е софтверски проблем кој влијае на мултиледијалниот систем. Германскиот производител соопшти дека сервисот не е задолжителен, но со оглед дека во рамки на мултимедијалниот уред се сместени многу команди […]

Јутјуб го блокираше Трамп најмалку седум дена


Веб платформата Јутјуб соопшти дека го суспендирала каналот на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп бидејќи го прекршил правилото за корисници, со кое е забрането поттикнување насилство, по минатонеделниот упад во Конгресот на САД од страна на неговите приврзаници. Јутјуб каналот на Трамп сега е оневозможен да поставува нови видео записи или стримови во живо […]

САД егзекутираа жена по седум децении


Жена од Канзас е егзекутирана рано во средата, првпат по речиси седум децении американската влада уби затвореничка. Лиза Монтгомери (52) беше прогласена за мртва во 1.31 часот откако доби смртоносна инјекција во сојузниот затворски комплекс во Тере Хауте, Индијана. Таа беше 11. затвореник што добила смртоносна инјекција таму од јули кога Доналд Трамп, ревносен поддржувач […]

Бучковски на средба со истакнати културни дејци од Бугарија


 Специјалниот пратеник на Владата на Република Северна Македонија Владо Бучковски оствари работна средба во Софија со истакнати културни дејци од Република Бугарија, на која соговорниците изразиле согласност дека развојот на културно-уметничките односи меѓу двете држави се одвива во добра насока. На средбата, која се одржа вчера во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, […]

Во Грција регистрирани низа земјотреси, од кои четири над 4 степени


За помалку од еден час, кусо по полноќ, во Грција беа регистрирани четири земјотреси со јачина од 4 до 4,8 степени според Рихтеровата скала, согласно податоците од Геодинамичкиот институт на националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина. Епицентарот на сите земјотреси е во близина на градовите Егио и Нафпактос во западниот дел на Грција. […]

Премиерот на Естонија поднесе оставка поради корупциски скандал


Естонскиот премиер Јури Ратас денеска поднесе оставка поради корупцискиот скандал во врска со овозможувањето државен заем за претприемачот „Порто Франко“. Оваа изјава тој ја даде пред новинарите и на Фејсбук. – Во политиката, за да ги решите тешките ситуации, треба да направите многу тежок избор. Во сегашната ситуација, врз основа на моите вредности, решив да […]

САД го откажаа настапот на Светско ракометно првенство


Репрезентацијата на Соединетите Американски Држави нема да учествува на Светското првенство во ракомет. Причината е голем број играчи со позитивни тестови за коронавирус. Мундијалот ќе почне денес и ќе трае до 31 јануари во Египет. Американскиот тим ќе биде заменет со репрезентацијата на Швајцарија, која заврши на 16. место на Европското првенство. Швајцарците ќе играат […]

Ана Винтур ја брани насловницата на „Вог“ со Камала Харис во патики


САД– Главната уредничка на Вог, Ана Винтур, ја бранеше насловната страница на февруарскиот број на списанието, на која се наоѓа фотографија на новоизбраната потпретседателка Камала Харис, која беше предизвика негативни реакции на Интернет. Зборувајќи за подкастот на Њујорк Тајмс „Свеј“, Винтур ја нарече насловницата „добредојдена“ и го пофали нејзиниот фотограф. „Мислам дека фактот дека насловницата […]

Столтенберг: Нашата Алијанса мора да остане воено и политички силна низ целиот свет


Ковид-19 покажа дека нашиот свет е понепредвидлив од кога било. Единственото нешто во што можеме да бидеме сигурни е самата несигурност – и треба да научиме да се справуваме со тоа, нагласи генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за „Дефенс њуз“. За НАТО, ова значи дека мора да останеме подготвени да одговориме на кој било […]

Слаб снег на планинскиот превој Буково, магла на патот Тетово-Лисец


Врнежи од слаб снег утринава има на планинскиот превој Буково, но според информациите од Авто Мото Сојузот на Македонија, тие во моментот не претставуваат пречка во одвивањето на сообраќајот. Поради магла, намалена видливост до 20 метри има на патниот правец Тетово-село Лисец. Во утринскиот извештај на „Авто Мото Сојузот на Македонија“ се наведува дека според  […]

Претставничкиот дом на Конгресот усвои резолуција за отповикување на Доналд Трамп врз основа на 25-от амандман


Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои резолуција со која се бара разрешување на Доналд Трамп, а е темелена на 25-от амандман од американскиот Устав. Резолуцијата го повикува потпретседателот Мајк Пенс да поведе постапка предвидена со 25-от амандман на американскиот Устав, за претседателот Доналд Трамп да биде ослободен од должностите, пренесуваат агенциите. Резолуцијата е усвоена со […]

Новосадската „Ана Каренина“ на Пројковски меѓу најдобрите пет претстави во сезоната


Претставата „Ана Каренина“ премиерно изведена во Нови Сад, во режија на македонскиот театарски режисер Дејан Пројковски, е рангирана во најдобрите пет претстави во театарската сезона 2019/2020, според процената на порталот „Едит култура во Белград“, објави „Нова Македонија“. Претставата е работена по култниот роман на Лав Николаевич Толстој, а премиерата се одржа на 29 октомври 2019 […]

Седници на три собраниски комисии


Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за здравство, Комисијата за европски прашања и Комисијата за транспорт, врски и екологија. На дневен ред на Комисијата за здравство се неколку законски решенија во прво читање како што се предлог-измените на Законот за земање и пресадување на делови на човечкото тело заради лекување, Законот за јавно здравје, […]

Бугарските коментари на македонскиот Акциски план на разгледување во Скопје


Во наредниов период властите во Скопје ќе ги разгледуваат коментарите што пристигнаа од Софија на македонскиот предлог Акциски план, по што ќе биде изградена јасна позиција на земјава во обид за враќање на довербата меѓу Северна Македонија и Бугарија и одблокирање на нашиот европски пат. Специјалниот пратеник за Бугарија, Владо Бучковски вчера во изјава за […]

Избран новиот состав на Државната изборна комисија, реакции заради изборот на Даштевски


Со 95 гласа „за“ и без ниту еден против или воздржан, Собранието вчера ги избра новите членови на Државната изборна комисија, согласно Предлог одлуката што претходно на седница ја донесе собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. За претседател на ДИК е избран Александар Даштевски, предложен од ВМРО-ДПМНЕ, а за потпретседател, на предлог на […]

ФБИ досега отвори 160 истраги, а поднесени се и 70 обвиненија за нападот врз Капитол


Американското Федерално истражно биро (ФБИ) отворило 160 истраги за минатонеделниот напад врз американскиот Конгрес во Вашингтон од приврзаниците на претседателот Доналд Трамп, соопшти оваа сојузна агенција. Помошник директорот на ФБИ, Стивен Д’Антуоно, на брифинг со новинарите изјави дека тие досега обезбедиле 100.000 видеа и слики како докази во постапките, пренесуваат британските медиуми. Обвинителот на градот […]