Мицкоски бара да се повлече Законот за пописот


ВМРО-ДПМНЕ нема да ги признае резултатите од пописот ако тој се одржи според предложениот закон што од денеска се очекува да влезе во собраниска процедура, рече лидерот на партијата, Христијан Мицкоски. Како што кажа тој на денешната прес конференција, партијата ќе се мобилизира заедно со граѓаните ако власта го донесе предложениот закон за попис и […]

Филипче: „Ивермектин“ има во аптеките, се издава на рецепт


Министерот за здравство Венко Филипче вели  дека лекот „ивермектин“ е пристигнат во Македонија и е достапен низ аптеките. – Овој лек е ефикасен за ковид-19 и треба да се зема ислучиво по препорака на матичен лекар – кажа Филипче при отворањето на модуларната болница во Кичево, на ке присуствуваше заедно со министерот за економија Крешник […]

Првпат повеќе од 4.300 починати од Ковид-19 за еден ден во САД


Бројот на смртни случаи од коронавирус регистрирани во еден ден достигна нов рекорд во САД. Властите во САД вчера потврдија 4.327 смртни случаи на Ковид-19, според податоците на Универзитетот Џон Хопкинс во Балтимор. Претходниот највисок дневен биланс беше регистриран на 7 јануари со 4.194 смртни случаи. Во САД, каде живеат околу 330 милиони жители, околу […]

Државата ќе гради пет згради со комерцијални станови во Охрид, Битола и Скопје


АД за стопанисување со станбен и деловен простор за годинава најавува активности за изградба на пет згради со комерцијални станови во Охрид, Битола и во Скопје,  како и изградба на уште четири нови социјални згради во Пехчево, Дебар, Сарај и Кочани. Во план се и преговори со Централно европската банка за поддршка на нов проект. […]

Поставено ново ЛЕД енергетски ефикасно улично осветлување во Дебар Маало


Општина Центар продолжува со замена на старото и дотраено улично осветлување, како и поставување на нови улични светилки на улиците на територија на општината. Во населбата Дебар Маало, на улиците „Коле Неделковски“, „8 Март“ и „Наум Наумовски Борче“ отстранети се бандерите кои го попречуваа движењето и поставени се нови ЛЕД светилки, кои значително ќе ги […]

Холштајн: Немаме план Б, преостанува отворање на преговорите за членство со С Македонија во ЕУ


Отворањето на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ треба да се случи и се надевам дека ќе успееме да го постигнеме тоа оваа година. Нема друга атернатива. Исполнети се сите услови од страна на Северна Македонија, изјави денеска амбасадорката на Германија во земјава Анке Холштајн. Таа додаде дека како дипломат е ноторна оптимистка и […]

Почина Дејвид Баркли, сопственикoт на „Дејли телеграф“


Англија – Британскиот милијардер Дејвид Баркли, кој изгради империја со неговиот брат близнак, вклучувајќи го и конзервативниот „Дејли Телеграф“ (Daily Telegraph), почина по кратко боледување, на 87-годишна возраст. Британскиот премиер и поранешен новинар на „Телеграф“, Борис Џонсон на Твитер изрази „почит и восхит“ кон Баркли, кој, како што рече, „спаси еден голем весник, создаде илјадници работни места низ […]

Нетфликс ќе биде главно место за нови филмови во 2021


САД– Стрим-платформата Нетфликс се заложи дека ќе објавува најмалку по еден нов филм секоја недела оваа 2021 година. „Нетфликс секоја недела ќе ви претставува нов филм во кој ќе глумат некои од најголемите филмски sвезди. Најмалку 70 нови наслови ќе се појават оваа година“, се вели во соопштението на компанијата на нивната интернет-страница. Меѓу sвездите кои […]

Советниците не чинат 3,5 милиони евра годишно


Годишните трошоци за исплата на надоместоците на општинските советници во Северна Македонија изнесуваат над 215 милиони денари, односно преку 3,5 милиони евра, покажува анализата на Центарот за граѓански комуникации на податоците за 2019 година. Вкупниот број на советници во сите 80 општини и Градот Скопје достигнува 1.319. Најголеми годишни трошоци за советници има Градот Скопје […]

Индонезија почна имунизација со кинеската вакцина КоронаВак


Индонезија денеска започна една од најголемите светски кампањи за вакцинација против Ковид-19, а шефот на државата Џоко Видодо е меѓу првите кои ја примија првата доза на вакцината КоронаВак, која ја разви кинеската компанија „Синовак Биотек“. Целта на вакцинацијата е да се имунизираат 181,5 милиони луѓе. Видодо беше вакциниран во претседателската палата, при што ја […]

Бајден се надева на традиционална инаугурација, но се поизвесна е виртуелната


САД– Инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден ќе се одржи на 20 јануари, но иако се очекува таа да биде главно виртуелна, тој и понатаму се надева дека церемонијата ќе се спроведе традиционално, на скалите на Капитол Хил. Не е планирано одржување на најпосетената парада низ авенијата Пенсилванија во чест на идниот претседател и […]

Во САД веќе не ги чуваат вакцините за втората доза, одат на помасовно вакцинирање


Американското Министерството за здравство соопшти дека одеднаш е одлучено да се распределат преостантите вакцини против Ковид-19 со кои земјата располага, место да се остават половина за втората доза, во обид да се вакцинираат што повеќе луѓе. Министерот Алек Азар за телевизијата Еј-Би-Си изјави дека производството на вакцини на „Фајзер“ и „Модерна“ сега е „сосема предвидливо“ […]

Од попладне нови врнежи, во западните делови снег, за викендот студено


Нови врнежи кои во западните делови ќе бидат претежно од снег се очекуваат во попладневните и вечерните часови. Во овие делови на повеќе места ќе се формира снежна покривка, додека во поголем дел од истокот ќе се задржи суво време. Ќе дува слаб до умерен ветер, а вдолж Повардарието и на повисоките места засилен ветер […]

Почнува најголемото судење против италијанската мафија во изминатите 30 години


Повеќе од 350 припадници на мафијата, политичари, правници, бизнисмени и други обвинети ќе се појават на суд во јужниот калабриски град Ламези Терме. Обвинителите се надеваат дека со судскиот процес ќе и се зададе удар на криминалната група Ндрангета, која дејствува и глобално. Обвинителите треба да докажат дека Ндрангета уште од 90-тите години на минатиот […]

За 25 јануари одложено судењето за „Моќник“


Судењето за случајот „Моќник“ се одложува за 25 јануари поради неприсуство на еден од обвинетите поради Ковид-19.   Во судница беше присутен обвинетиот Антонио Милошоски, кој заедно со уште 12 лица се обвинети за продажбата на објект во село Ижишта-Општина Македонски Брод, кој го користела општина Пласница.   Случајот го води судијката Ленка Давиткова, а […]

Претставници на ЕУ одбија да се сретнат со Помпео, откажана посетата на Европа


Американскиот државен секретар, Мајкл Помпео, во последен момент го откажа патувањето за Европа откако шефот на луксембуршката дипломатија и високи претставници на ЕУ одбија да се состанат со него, јавија британските медиуми, повикувајќи се на дипломати запознати со ситуацијата. Во соопштението на американскиот Стејт департмент претходно беше наведено дека патувањето е откажано поради ангажманот на […]

Захариева: Џабе се надеваат во Македонија, по изборите може да биде и полошо


Позицијата на бугарскиот парламент за Северна Македонија е едно од чудата, бидејќи е толку ретко да бидеме едногласни за било што. И бугарското општество и бугарските партии имаат многу сличен став на оваа тема. Затоа, изборите – се една од нивните заблуди, порача денес шефицата на бугарската дишпломатија Екатерина Захариева сугерирајјќи дека џабе се надеваме […]

Бесими со порака до инвеститорите на форумот на „Еуромани“: Економски раст годинава, догодина забрзување на растот


Годинава нашата економија ќе се врати на патеката на економскиот раст, додека следната година ќе го достигне преткризното ниво. На среден рок, очекувам повисоки стапки на раст на економската активност и достигнување на просечно ниво од пет отсто во следните пет години, со паралелна фискална консолидација во насока на одржливост на растот, рече министерот за […]

Алексеј Навални најави дека во недела се враќа во Москва


Најпознатиот руски дисидент Алексеј Навални, кој го обвини Кремљ дека го отрул во август минатата година, планира во недела, на 17 јануари, да се врати во Москва, јави ДПА.  По обидот за убиство со нервниот агенс „Новичок“, Навални од август веќе неколку месеци заздравува во Германија. „Во недела, со авион на руската авиокомпанија „Победа“, треба […]

Додека чекал втора доза, заболел од корона вирусот


  Британски медицинар кој бил вакциниран против корона вирусот, еден месец откако ја примил првата доза, заболел од Ковид-19. Имено, Сејвид Лонгден (43) бил еден од привте на светот што бил вакциниран со вакцината на „Фајзер“ на 8 декември. Односно, еден ден по почетокот на вакцинацијата во Велика Британија. Втората доза требало да ја добие […]