Додека чекал втора доза, заболел од корона вирусот


 

Британски медицинар кој бил вакциниран против корона вирусот, еден месец откако ја примил првата доза, заболел од Ковид-19.

Имено, Сејвид Лонгден (43) бил еден од привте на светот што бил вакциниран со вакцината на „Фајзер“ на 8 декември. Односно, еден ден по почетокот на вакцинацијата во Велика Британија.

Втората доза требало да ја добие на 5 јануари, но му откажале поради промена на британскиот план за вакцинација, кој се смени, за повеќе луѓе да добијат барем една доза.

Сега Лонгден е заразен со корона вирусот и се надева дека ќе помине добро.