Се заменуваат азбестните цевки од водоводнате мрежа на ул. „Антон Попов“ во Гази Баба


ЈП Водовод и канализација – Скопје континуирано продолжува со реализацијата на проектите и инвестициите кои се однесуваат на обнова и реконстукција на водоводната и канализационата мрежа, самостојно, но и во соработка со општините и Град Скопје.

 

Во текот на вчерашниот ден, генералниот директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Душко Весковски со градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски изврши увид во работните активности за изведба на новата водоводна мрежа на ул. „Антон Попов“, во општина Гази Баба.

 

„Новата водоводна мрежа, во должина од 710 метри и дијаметар од 200мм, на ул. „Антон Попов“ е во вредност од околу 16 милиони денари. Со реализацијата на овој проект ќе се изврши замена на старите азбестни цевки  и ќе се создадат услови за приклучување на  постоечките објекти на оваа нова линија. Новата водоводна линија на ул. „Антон Попов“ ќе биде поврзана на  постоечката водоводна на ул. Христофер Жефаровиќ, која ЈП Водовод и канализација ја изведе 2019 година, со што ќе се обезбеди кружно циркулирање на водата. Продолжуваме со инвестициите за обнова и реконструкција на водоводната и канализационата мрежа во градот Скопје, со цел подобрување на истата и услугите кон граѓаните“, посочи Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.