Најпродаваниот автомобил има софтверска грешка – 56.000 да се јават на сервис


Фолксваген ќе повика на вонреден сервис сопственици на 56.000 примероци од моделот „голф 8“, а се работи за автомобили произведени до јули 2020 година.

Во прашање е софтверски проблем кој влијае на мултиледијалниот систем.

Германскиот производител соопшти дека сервисот не е задолжителен, но со оглед дека во рамки на мултимедијалниот уред се сместени многу команди од витално значење за функционирањето на возилото, се очекува сопствениците во голем број да се јават на овој повик, за да не ризикуваат.

Потсетуваме дека Фолксваген имаше софтверски проблеми и со електричниот модел ID.3, кои во меѓувреме се отстраниети.

Веста за сервисот доаѓа по објавата дека „голф 8“ и во 2020 година го задржа приматот на најпродаван автомобил во Европа, со повеќе од 312.000 испорачани примероци.