Прилепчанец загина на лов на диви свињи во Мариово


Малд прилепчанец, бил погоден во лицето додека бил на лов на диви свињи со пријателите во Мариово. Според првичните информациите од МВР, денеска околу пладне во полициската станица во Прилеп било пријавено дека е ранет прилепчанец кој со своите пријатели бил на лов диви свињи во Мариово. Еден од групата ловџии, најверојатно по грешка, наместо […]

Во земјотресот на Сулавеси загинаа најмалку 78 луѓе


 Бројот на жртвите од силниот земјотрес што во петокот го погоди индонезискиот остров Сулавеси се искачи на 78 луѓе. Земјотресот со интензитет од 6,2 степени според Рихртеровата скала најтешко ги погоди градот Мамуџа и соседната облчаст Маџена. Во Мамуџа загинаа 67 луѓе, а во Маџена 11. Во погодените области подобрено е снабдувањето со електрична енергија, […]

Навални уапсен по пристигнувањето во Москва (Видео)


Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални е приведен на московскиот аеродром „Шереметјево“, непосредно по враќањето од лекување во странство по обидот за труење од страна на руската шпионска агенција ФСБ. Навални, чии истраги за корупција во потесниот круг на Владимир Путин предизвикаа протести и ги налутија најмоќните луѓе во земјата, вети дека ќе се врати дома […]

Чај, туршија и лук: Природни лекови за чести зимски инфекции


Во зима, честопати сме погодени од воспаление на мочниот меур, бубрезите или болки во грбот, еве како да се справите со нив! Различни работи се случуваат во нашето тело кога е зима, а јануари е месец кога сме склони на сезонски здравствени проблеми. Овие вклучуваат слаба циркулација, бактериски инфекции на бубрезите, мочниот меур и уринарниот […]

Лив Тајлер го победи Ковид-19, вели искуството било емоционално


Англија- Лив Тајлер (43) е најновата ѕвезда со позитивен тест за Ковид-19, споредувајќи го влијанието на вирусот со „локомотива“. Актерката и ќерка на рокерот во Аеросмит, Стивен Тајлер, ја сподели веста на Инстаграм заедно со фотографија на која е со маска и со две од нејзините три деца. „Повторно обединети со моите најсакани … какви само […]

(Видео) Хаос по улиците во Амстердам поради новите мерки


Неколку илјади луѓе денеска одржаа нелегален протест во Амстердам поради националната блокада воведена за забавување на ширењето на пандемијата на вирусот корона во Холандија, пред полицијата да ги растера. Демонстрантите се собраа на плоштадот пред Риaксмузеум и музејот Ван Гог, носејќи натписи „Слобода: Стоп за оваа опсада“ и извикувајќи „Што сакаме? Слобода!“. Ниту еден од […]

На 81 година почина Фил Спектор, славен продуцент и убиец


САД – Фил Спектор, ексцентричен и револуционерен музички продуцент кој ја трансформираше рок музиката со неговиот метод „Wall of Sound“ и кој подоцна беше осуден за убиство, почина. Тој имал 81 година. Претставниците на државниот затвор во Калифорнија рекоа дека тој починал во саботата од природна смрт во болница. Спектор беше осуден за убиство на […]

Лазаров: Да ги оставиме стартните порази зад нас, Чиле е нашата шанса


Капитенот Кирил Лазаров оцени денеска дека македонските ракометари треба да заборават на двата убедливи порази на отворањето на Мундијалот во Египет и целосно да се фокусираат на утрешниот решавачки натпревар за пласман во следната фаза против Чиле. – Нашата главна цел овде е пласман вo втората рунда и пред нас сега е решавачкиот натпревар против […]

Земјотрес во Бугарија


Земјотрес со магнитуда од 3,2 степени регистриран е ноќеска во североисточна Бугарија, соопшти Националниот институт за геофизика, геодезија и географија. Епицентарот на земјотресот бил на 4,6 киломтри југоисточно од градот Шоумен, односно 304 киломтери од Софија. Жителите на Шоумен рекоа дека почувствувале благ потрес, а нема извештаи за штета или повредени.

Заев: Предвидени се 52 милиони денари за поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинствата


Владата усвои Програма за промоција на обновливите извори на енергија и поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинствата за 2021 година, објави премиерот Зоран Заев на Фејсбук. Во објавата тој потенцира дека се предвидени 52 милиони денари за надомест на трошоците за набавка на сончеви колектори, ПВЦ или алуминиумски прозорци, печчки на палети и фотомапонски панели […]

Навални полета за Москва


Рускиот опозиционер Алексеј Навални денеска ја напушти Германија, каде што му беше укажана лекарска помош откако во август минатата година беше отруен со нервен агенс „Новичок“ и полета за Русија. Тој пред да влезе во авионот на Аерофлот во Берлин, изјави дека се чувствува многу среќно. Претходно, официјална Москва го предупреди Навални дека ако до […]

Многу европски земји воведуваат драстични мерки и полициски час


Се повеќе европски земји, во страв од ширење на новиот сој од корона вирусот и доаѓањето на третиот бран на епидемијата, воведуваат построги мерки, полициски час и затворање. Меѓу нив се Франција, Германија, Италија, Шпанија, Португалија и други. Во Франција полициски час Полицискиот час во Франција стапи на сила вчера во 18 часот, чија цел […]

Оздравени 2.009 лица, новозаразени 190, починаа шестмина


Во последните 24 часа се направени 1.530 тестирања, а регистрирани се 190 нови случаи на Ковид-19. Тоа претставува 12,4 отсто од тестираните. Според градови:    -Скопје 71 -Куманово 19 -Тетово 6 -Прилеп 12 -Гостивар 3 -Штип 6 -Битола 1 -Велес 6 -Охрид 5 -Струмица 6 -Кавадарци 8 -Струга 11 -Кочани 1 -Кичево 8 -Гевгелија 4 […]

Теориите на заговор ги поткопуваат кампањите за вакцинација на Балканот


Во Србија, која има 7 милиони жители, само 280 илјади луѓе се пријавиле дека ќе земат вакцина. Еден од предводниците на антиваксиналното лоби е Новак Ѓоковиќ   БЕЛГРАД – Вакцини од Запад, Русија или Кина? Или ниедна? Со таа дилема се соочуваат земјите во југоисточна Европа, каде што кампањите за вакцинација против корона вирусот започнуваат […]

Бесими: Во првиот квартал ќе се видат ефектите од мерките за стабилизација на економијата


 Веќе во првиот квартал од 2021 година ќе се видат ефектите од мерките кои Владата преку државниот буџет ги презема со цел да се стаблизира економијата во состојба на криза, оцени денеска од Тетово, министерот за финансии Фатмир Бесими кој присуствуваше на промоцијата на возилата за јавен превоз на градот. Тој потсети дека ќе има […]

(Видео) Петмина руски морнари засега спасени од потонатиот товарен брод, двајца се удавиле


Најмалку пет лица се спасени, а две лица загинаа во потонатиот 13-член руски товарен брод крај брегот на турската црноморска провинција Бартин. -Пет лица се спасени од рускиот товарен брод, изјави гувернерот на Бартин, Синан Гунер, цитиран од агенцијата Анадолија. Од руската Амбасада во Анкара за Тасс изјавија дека дипломатите работат на утврдување на судбината на екипажот, а […]

Тетово набави пет автобуси за јавен превоз


Преку Проектот за подобрување на општински услуги кое Министерството за финансии го спроведува заедно со Светска банка општина Тетово набави пет автобуси за градски превоз во вредност од 720 илјади евра. Со ова општина Тетово за првпат добива јавен превоз во градот со воведување на три градски рути. На настанот за примопредвање на автобусите присуствуваа […]

Малолетник се обидел да силува 27-годишна девојка во струшко


Малолетник од Струшко синоќа се обидел да силува 27-годишна девојка. Случајот во полиција го пријавил вујкото на девојката, а против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Охрид. – Во ОВР Струга, во 20 часот и 4 минути, 42-годишен жител на струшко село пријавил обид за обљуба од страна на малолетник врз негова 27-годишна […]

Дачиќ: Дијалогот меѓу власта и опозицијата не се желби и поздрави, мора да имате политика


Следната недела, претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ, ќе разговара со претседателот на Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент (ЕП), Дејвид Мекалистер, за продолжението, динамиката, темите и учесниците во меѓупартискиот дијалог, што е продолжение на процесот почнат пред изборите минатата година, јави дописникот на МИА од Белград. -На тој процес беше дефинирано дека […]

Приведен родител за запуштање и малтретирање на малолетно дете


Полицијата приведе 44-годишен родител од Скопје за запуштање и малтретирање на својата 16-годишна ќерка, откако по добиени сознанија и во присуство на претставници од „Меѓаши“ и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа било констатирано дека малолетничката била подолго време заклучувана во домот и не добивала соодветна нега од родителот. – На 15.01.2021 полициски службеници од Единицата […]