(Видео) Петмина руски морнари засега спасени од потонатиот товарен брод, двајца се удавиле


Најмалку пет лица се спасени, а две лица загинаа во потонатиот 13-член руски товарен брод крај брегот на турската црноморска провинција Бартин.

-Пет лица се спасени од рускиот товарен брод, изјави гувернерот на Бартин, Синан Гунер, цитиран од агенцијата Анадолија.

Од руската Амбасада во Анкара за Тасс изјавија дека дипломатите работат на утврдување на судбината на екипажот, а причината за несреќата засега е непозната.

Во меѓувреме, пристигнаа лоши вести, откако гувернерот Гунер соопшти дека загинале најмалку две лица од бродот.

-На бродот имаше 13 лица, сите руски државјани. Досега знаеме дека пет лица се спасени и пронајдовме две тела на починати морнари, изјави гувернерот.

Инаку, руски товарен брод потона крај брегот на турската црноморска провинција Бартин, соопштија локалните власти, потенцирајќи дека е во тек акцијата за спасување.

Гувернерот на Бартин, Синан Гунер, изјави дека бродот со сув товар потонал крај брегот на регионот Инкуму, јави државната агенција Анадолу.

Причината за инцидентот засега не позната.

-Ќе  почнеме со спасувачки операции на приближно 15 члена на екипажот заглавени во три спасувачки чамци, рече Гунер.

Како што се наведува, временските услови во регионот се многу лоши и спасувачките екипи имаат проблеми со пловењето.