Центрите на престолнините во САД под опсада од војска и полиција во пресрет на инаугурацијата на Бајден


САД-Поширокиот центар на Вашингтон е целосно блокиран со огради, бетонски бариери и контролни пунктови, преземени се засилени безбедносни мерки во исчекување на секаков вид насилство во пресрет на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден во среда.  Националната алеја, шеталиштето што води од споменикот на Вашингтон до Капитолот е затворена. Возилата се проверуваат, улиците се блокирани, […]

Австралија можеби нема да ги отвори целосно своите меѓународни граници оваа година и покрај вакцинирањето против Ковид-19


Австралија– Австралија можеби нема да ги отвори целосно своите меѓународни граници оваа година, дури и ако мнозинство од населението биде вакцинирано против Ковид-19. Тоа го изјави австралиски здравствен претставник иако во државата во моментов нема ниту еден локален случај на Ковид-19. Австралиските власти ги разгледуваат и потенцијалните негативни ефекти од вакцината на Фајзер откако Норвешка […]

Власта очекува видливи ефекти во економијата уште во првиот квартал и најавува 23 милијарди денари за капитални инвестиции


Владата очекува ефектите од нејзините мерки за стаблизација на економијата да станат видливи уште во првиот квртал од годината, а од владејачката СДСМ стигнуваат најави за вложување на околу 23 милијарди денари во капитални инвестиции во текот на 2021-та. Министерот за финансии Фатмир Бесими вчера од Тетово најави дека веќе во првиот квартал од 2021 […]

Се отвораат продавниците во Грција


Грција– По речиси два и пол месеци, под посебни мерки, со претходно испратена смс порака и со ограничено време за шопинг, денеска во Грција се отвораат продавниците, моловите и трговските центри, а повторно со работа почуваат и козметичките и фризерските салони, берберниците и центрите за техничка контрола на возила, јави дописничката на МИА од Атина. […]

Над 4 000 оздравени од Ковид-19 за два дена, активни вкупно 12. 635 случаи


Бројот на оздравени пациенти од Ковид-19 во последните два дена е по над две илјади дневно, односно само за викендот оздравеле вкупно 4 125 лица. Во деноноќието меѓу саботата и неделата се регистрирани 190 нови случаи, од направени 1 530 тестирања. Во истиот период починале шест лица, четворица пациенти од Скопје на 60, 74, 44 […]

Фаучи: Сто милиони дози вакцини во САД во првите 100 дена на Бајден е „изводливо“


САД– Целта на новиот американски претседател Џо Бајден за 100 милиони дози вакцина против коронавирусот во текот на првите 100 дена од неговиот мандат е „изводлива“, изјави Ентони Фаучи, кој ќе биде главен советник на Бајден за Ковид-19. – Сосема е јасно дека тоа е изводливо, изјави Фаучи за Ен-Би-Си. Тој беше и главен советник за […]

Црногорскиот министер за внатрешни работи во посета на земјава


Министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Сергеј Секуловиќ денеска ќе престојува во работна посета на земјава, соопшти Министерството за внатрешни работи. Како што се наведува во соопштението, Секуловиќ ќе има работна средба со неговиот домаќин, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. По средбата предвидена се изјави за медиумите на двајцата министри.

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози, снег провејува на Попова Шапка и на Стража


Сообраќајот на патиштата се одвива по наместа влажни коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка и на планинскиот превој Стража. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде […]

Норвешка воведува задолжителен тест за Ковид-19 на граничните пунктови


Норвешка– Од денеска властите во Норвешка воведуваат тест за Ковид-19 на граничен пункт за сите лица кои влегуваат во државата, а кои во последните 14 дена биле во земја со црвен индекс на ризик. Тестот ќе биде PCR или антиген брз тест и ќе биде бесплатен. Исклучок е предвиден за деца под 12-годишна возраст; за граѓаните […]

Обука за медиуми и медиумски работници за теми поврзани со Дигиталната агенда за Западен Балкан


Фондација за интернет и општество Метаморфозис денеска ќе организира еднодневна обука (вебинар) за медиуми, медиумски работници и независни новинари (фриленсери) за запознавање со теми поврзани со Дигиталната агенда за Западен Балкан. – Дигиталната агенда е иницијатива развиена од Европската Унија, која исто така е проширена и усвоена за шест држави од Западен Балкан. Таа има […]

Во Франција речиси 6.000 казнети во продолжениот полициски час


Франција– Речиси 6.000 казни се регистрирани во првиот ден од продолжениот полициски час, што беше воведен во обид да се контролира пандемијата на новиот коронавирус во Франција. Ова го објави телевизискиот канал БФМ, повикувајќи се на податоци на Министерството за внатрешни работи. Во саботата, 5.900 лица беа казнети за непочитување, соопшти Министерството за внатрешни работи, […]

Здравствениот систем на Португалија е пред колапс поради пациенти со Ковид-19


Португалија – Здравствениот систем на Португалија е пред колапс затоа што одделите за интензивна нега во болниците се пренатрупани во области каде што има загрижувачки пораст на бројот на луѓе кои се заболени од Ковид-19. – Нашиот здравствен систем е под огромен притисок. Постојат граници и ние сме прилично блиску до нив, изјави португалската министерка за […]

Без струја дел од корисниците од општините Карпош и Кисела вода


Корисниците од улиците Михаил и Евтихиј, Георги Димитров, Вера Јоциќ и Народни Херои, како и објектите на потегот од Трговскиот Центар до ул. Народни Херои, во период од 9 до 14 часот ќе останат без електрична енергија. Како што информираат од ЕВН Македонија во период од 11 до 13 часот без струја ќе бидат и […]

Претставничкиот дом на САД ќе направи детална анализа на безбедносните пропусти


САД – Претставничкиот дом на САД ќе направи детална анализа на безбедносните пропусти што им овозможија на луѓето кои протестираа да го упапднат на Капитол на 6 јануари, јавија американски медиуми. Телвизијата Си-Ен-Би-Си објави писмо од раководството на Долниот дом испратено до раководителите на службите за спроведување на законот и разузнавачките служби. „Оваа приказна што […]

Сончево и студено со слаб до умерен северен ветер


Времето ќе биде сончево и студено, претпладне во западните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -15 до -6, а максималната ќе достигне од -6 до 4 степени. Во Скопје претпладне ќе има мала до умерена облачност, а попладне ќе биде ведро. […]

Нов земјотрес крај Петриња


Вечерва во 21.36 часот уште еден земјотрес ја потресе Петриња во Хрватска. Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар потресот бил со јачина од 3,3 степени според Рихтер. Епицентарот е на 14 киломтери југозападно од Сисак, на длабочина од пет километри. Според Индекс, луѓето во Петриња, Глина и Сисак јавуваат дека го почувствувале тресењето и дека повторно […]

Советникот за безбедност на Бајден бара ослободување на Навални


  Алексеј Навални, кој вечерва беше уапсен по пристигнувањето во москва, мора итно да биде ослободен, порача Џејк Саливен, идниот советник за безбедност на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден. „Нападите на Кремљ на Навални не се само кршење на човковите права, туку и навреда на рускиот народ кој сака да се чуе и неговиот […]

Претседателот на Европскиот совет, Мишел, повика на итно ослободување на Навални


Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, повика на итно ослободување на рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, откако беше приведен по враќањето од Германија во Русија. „Апсењето на Навални по неговото пристигнување во Москва е неприфатливо“, рече Мишел. Тој ги повика руските власти веднаш да го ослободат Навални. Рускиот опозициски лидер беше приведен вечерва на московскиот […]

Научници и интелектуалци бараат комплетно затворање – би го платиле богатите?!


  Група научници и интелектуалци бараат невидено затоврање – тоа ги подразбира сите канцеларии, фабрики и продавници. Целта е велат, вирусот потполно да се искорени затоа што досегашните мерки не дале резултат, пишува Дојче веле и поставува прашaње, колку е тоа реално? Германија е во најстрог локдаун од почетокот на пандемијата, а планира дополнително заострување […]

Вакцините: Новата линија на поделба во Европа


ЈОВКА ДИМИТРОВА Секоја европска земја, според своето население, добива квота од шесте општи договори на ЕУ, кои може да ги управува според своето дискрециско право. Но, мешавината на вакцини беше оставена на локалната експертиза, која применуваше свои критериуми за избор. Така, некои се покажаа како фаворити, затоа што се потпираа на првите вакцини што се […]