Земјотрес во Бугарија


Земјотрес со магнитуда од 3,2 степени регистриран е ноќеска во североисточна Бугарија, соопшти Националниот институт за геофизика, геодезија и географија.

Епицентарот на земјотресот бил на 4,6 киломтри југоисточно од градот Шоумен, односно 304 киломтери од Софија.

Жителите на Шоумен рекоа дека почувствувале благ потрес, а нема извештаи за штета или повредени.