Многу европски земји воведуваат драстични мерки и полициски час


epa08351949 Health workers wearing protective suits prepare before entering the intensive care unit of COVID-19 patients at Santa Maria Hospital, in Lisbon, Portugal, 06 April 2020 (Issued 09 April 2020). Portugal is under state of emergency until 17 April 2020. Countries around the world are taking increased measures to stem the widespread of the SARS-CoV-2 coronavirus which causes the COVID-19 disease. EPA-EFE/MARIO CRUZ

Се повеќе европски земји, во страв од ширење на новиот сој од корона вирусот и доаѓањето на третиот бран на епидемијата, воведуваат построги мерки, полициски час и затворање. Меѓу нив се Франција, Германија, Италија, Шпанија, Португалија и други.

Во Франција полициски час

Полицискиот час во Франција стапи на сила вчера во 18 часот, чија цел е да се сузбие ширењето на корона вирусот. Сите продавници до тогаш мора да ги затворат вратите, а за непочитување на забраната за движење можни се парични казни и казни затвор, објави Министерството за внатрешни работи.

Полицискиот час е до 6 ласот наутро. Луѓето смеат да го напуштат својот дом само за одење на работа и за итни семејни работи. Мерката е на сила 15 дена.

Франција досега пријави речиси 70.000 починати од Ковид-19 и три милиони заразени.

Австрија го продолжи затворањето

Австриската влада вчера донесе одлука затворањето да го продолжи во 7 февруари во согласност со мерките за сопирање на ширењето на корона вирусот.

Од 8 февруари ќе следи постепено отворање, додека угостителските објекти, хотелите и организаторите на различни приредби ќе мора да почекаат до крајот на февруари за полесни мерки.

Ако дозволи епидемиолошката состојба од 8 февруари повтроно се отвораат сите продавници, услужни дејности и музеите, но под заострени мерки, како задолжително носење маски ФФП2, држење дистанца и слично. Иставата во училиштата ќе продолжи од 8 февруари, а дотогаш учениците се онлајн.

Лондон ја продолжи вонредната состојба поради новиот сој

Лондон минатата недела прогласи голема непогода поради ризикот од тоа градските болници да се преполнат, што како што велат градските власти е последица на високопреносниот нов сој на вируспт, кој се шири низ целото Кралство.

Британија официјално, има најголема стапка на смртност од Ковид-19 во светот, со повеќе од 78.000 починати, додека премиерот Борис Џонсон ја сопре економијата и поттикна производство на вакцина за да се спречи ширењето.

„Прогласуваме голема непогода затоа што заканата на овој вирус достиган критична точка во нашиот град“, рече градоначалникот на Лондон Садик Кан.

Голема непогода е резервирана за напади или сериозни несреќи, посебно оние кои предизвикуваат сериозна штета или ризик по човечкиот живот, имот, клучните служби, животната средина или националната сигурност.

Во Унгарија потврден новиот сој, мерките продолжени

Унгарија објави дека го детектирала новиот сој на корона вирусот.

Унгарската влада минатата недела го продолжи делумното затворање, воведено на почетокот на ноември, до почетокот на следниот месец, за да се сузбие ширењето на виросут, а почна и вакцинација на населението, кое сепак споро напредува.

Сите средни училишта се затворени од 11 ноември, како и хотелите, рестораните, освен за достава, воведен е полициски час од 20 часот и забрана за секакви собирања.

„Моите колеги го идентификуваа новиот сој кој е пронајден во соседните земји, во примероците на тројца пациенти“, рече главната унгарска здравствена службеничка Сесилија Мулер.

Покрај падот на бројот на нвои случаи и хоспитализирани, Мулер вели дека не може да препорача ублажување на мерките.

Меркел сака построго затворање поради мутираната варијанта на вирусот

Во Германија вчера беше забележан рекорден број починати од корона вирус на дневна основа, покрај заострените мерки со кои се цели да се сузбие заразата и да се намали притисокот на болничкиот состав.

Германија од ноември се наоѓа во некој вид заклученост кој одтпрво требаше да трае само четири недели и дефинитивно да заврши пред божиќните празници. ВО земјата во меѓувреме затворени се училиштата, продавниците кои не продаваат основни намирници, баровите, рестораните и содржините за забава и култура, а од почетокот на номври мерките само се засилуваа.

Нерките кои предвидуваат дека едно семејство може да го посети само едно лице надвор од тој круг треба да останат на сила најмалку до крај на јануари.

Но овој локдаун не ги исполни очекувањата на политичарите кои го воведоа, а тоа се канцеларката Ангела Меркел и покраинските премиери. Почна да се намалува бројот новозаразени, но не доволно за да се смета за успех.

Меркел рече дека затворањето треба да остане на сила до почетокот на април.

Следниот вторник покраинските влади повторно ќе ги разгледуваат мерките.
Постои ризик и од новите мутации на вирусот.

Се апелира вработените ако е можно да работат од дома. Се бара поинтензивно тестирање особено на лицата во старечките домови.

Италија ја продолжува вонредната состојба до крајот на април

Италија ја продолжува вонредната состојба воведна поради епидемијата до крајот на април затоа што се уште нема знаци дека таа попушта, рече министерот за здравство Роберто Сперанца.

„Минатата недела состојбата со епидемијата очигледно се влоши, повторно сме во фаза на ширење. Поради тоа, владата змета дека е соодветно вонредната состојба да се продолжи до 30 април“, рече министеорт.

Од почетокот на епидемијата во Италија од Ковид-19 починаа 79.819 луѓе. Тоа е втор највисок број во Европа и шести во светот.

Во Данска се повеќе случаи со новиот сој

Данска до денеска откри 256 случаи со новиот сој на корона вирусот. И таа земја ги проролжува мерките.

Бројот на лица на кои им е дозволено собирање е ограничен на пет и се откажуваат приватните состаноци за да се сузбие заразата.

„Не погоди новиот и вознемирувачки развој на пандемијата – британската мутација на корона вирусот, која е прилично заразна“, рече премиерката Мете Фридрексен.

Владата ги повика луѓето да не се сотануваат повеќе од петмина надвор од своето домаќинство и кога и да можат да работат од дома.

На луѓето им се советува да држат дистанца од два метра кога купуваат.

Ново затворање во Португалија

Вчера на сила стапи новото затворање во Португалија.

„Се наоѓаме во најопасниот моменет на пандемијата. Правилото е едноставно: сите треба да останеме дома“, рече Коста пред новинарите.

Властите ќе го ублажат ограничувањето на движењето на денот на претседателските избори на 24 јануари, кога бирачите ќе можат да излезат а биралиштата, пишува Ројтерс.

Затворените се сите несеесенцијални комапнии, вклучително и фризерските салони. Рестораните, исто така, ќе бидат затворени, но ќе може да доставуваат. Супермаркетите, аптеките, пекарите, бензинските, банките ќе останат отворени. Исто така и училиштата.

За да се обезбеди почитување на мерките, властите ќе ги удвојат казните за нивно кршење. Според португалскиот закон, мерките треба да се разгледуваат на секои 15 дена, но Коста денеска рече дека затворањето најверојатно ќе трае еден месец.