Дел од факти при инаугурација на американски претседател низ годините


САД– Дваесеттиот амандман на американскиот Устав, усвоен во 1933 година, го направи 20 јануари официјален датум за инаугурацијата на американските претседатели. Пред тоа, датумот беше 4 март. Првиот кој положи заклетва на овој датум беше Френклин Д. Рузвелт – во 1937 година, кога почна вториот од четирите негови мандати. „Луѓето не се заробеници на судбината, туку […]

Нова ИКТ инвестиција од Чешка во Северна Македонија 


Премиерот Зоран Заев и амбасадорот на Чешката Република, Мирослав Томан денеска ќе најават почеток на нова чешка инвестиција во земјава. На прес-конференцијата ќе присуствуваат и директорот за ИТ инвестиции во групацијата „Арикома“, Михал Томанек, како и управниот директор на групацијата „Сивус“, Игор Лештар. Како што стои во владиното соопштение, презентирани ќе бидат и претстојните планови […]

Дванаесет припадници на Националната гарда на САД отстранети од должност пред инаугурацијата на Бајден


САД – Пред инаугурацијата на новиот претседател Џо Бајден, 12 припадници на Националната гарда беа отстранети од должност откако беше утврдено дека се поврзани со десни екстремистички групи или дека објавиле екстремистички ставови на интернет, јавија американски медиуми повикувајќи се на двајца неименувани функционери. Тие додале дека не постоела директна закана за Бајден. Неименуваните службеници, припадници […]

Борел: На светот му треба американско лидерство во борбата со Ковид-19


Белгија– На светот му треба американско лидерство во борбата против Ковид-19, смета шефот на европската дипломатија, кој упати повик до новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден да преземе акција откако администрацијата на Трамп беше широко критикувана за бавниот одговор на пандемијата. – Бидејќи богатите земји преговараат за многу повеќе дози на различни вакцини за коронавирусот отколку […]

НАТО очекува зајакнување на американско-европските врски


Белгија– НАТО и Европската унија се радуваат на идната соработка со новоизбраниот претседател Џо Бајден за зајакнување на врските со САД, нагласи синоќа генералниот секретар на Алијансата. „Со нетрпение очекуваме да работиме со новоизбраниот претседател Џо Бајден за зајакнување на американско-европските врски во време кога се соочуваме со глобални предизвици на кои никој од нас не […]

Донација од Чешка за поддршка во борбата против Ковид-19


Донацијата што Чешката Република преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ ја обезбеди за Република Северна Македонија, како поддршка во борбата против Ковид-19, денеска ќе биде презентирана пред магацинот на Дирекцијата за заштита и спасување.   Како што е најавено, на презентацијата ќе присуствуваат вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, во својство на национален координатор […]

Заeдничка акција на Владата, Делегацијата на ЕУ и УНИЦЕФ за подобар правосуден систем за децата


Дел од владиниот кабинет заедно со Делегацијата на Европската Унија и УНИЦЕФ денеска ќе отпочнат заедничка акција за правосуден систем по мерка на децата. Настанот ќе се одвива онлајн, а од Владата ќе учествуваат министерот за правда Бојан Маричиќ, министерот за внатрешни работи  Оливер Спасовски и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. Од […]

Во Германија поради Ковид-19 продолжува „заклучувањето“ до 14 февруари


Германија – Германската канцеларка Ангела Меркел и премиерите на германските покраини се согласија да ги продолжат ограничувачките мерки наметнати поради Ковид-19 за повеќето продавници и училишта до 14 февруари, јави ДПА. – Сега е време да се преземат мерки на претпазливост против заканата што ја носи коронавирусот, изјави Меркел по состанокот со премиерите на 16-те германски […]

Ведро и многу студено, утринските температури под нула


Времето денеска ќе биде ведро и многу студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Утринските темепратури, според УХМР, ќе се движат од минус 13 до минус четири степени Целзиусови, а дневните од минус еден до осум степени. Во Скопје слично време со […]

Етна еруптира лава и пепел до 100 метри во височина


Италија– Се разбуди најголемиот и највисок активен вулкан во Европа, Етна, објавија италијанските медиуми. Лавата од Етна еруптираше во два крака, по што првата се упати кон долината Бове, а втората се излеа во северниот дел на кратерот на вулканот. Ерупцијата на лавата, проследена со облак пепел, кој достигна висина од неколку стотици метри, беше […]

Инаугурација на новоизбраниот американски претседател Џозеф Бајден


САД– Новоизбраниот претседател на САД, Џозеф Бајден денеска ќе положи заклетва во Вашингтон и официјално ќе стане 46-ти претседател на таа држава. Церемонијата на инаугурацијата наречена „Обединета Америка“ нема да биде како претходните инаугурации, бидејќи организаторите и локалните власти во Вашингтон ги повикаа Американците да не доаѓаат, туку да ја следат церемонијата преку интернет во своите […]

Директорката на ЦИА поднесе оставка


САД – Еден ден пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден, директорката на ЦИА Џина Хаспел, назначена од претседателот во заминување Доналд Трамп, поднесе оставка и ја напушти разузнавачката агенција по 36 години работа во неа. Во изјавата објавена на налогот на ЦИА на Твитер, Хаспел посочи дека е „многу горда на заедничката работа“, […]

Кремљ нејќе да чуе за ослободување на Навални


МОСКВА – Кремљ во вторникот ги отфрли повиците на Западот за ослободување на опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој беше уапсен по враќањето во Русија од Германија по третманот за труење со нервен агенс. Москва го нарече неговиот случај „апсолутно внатрешна работа“. Навални за своето труење ја обвинува владата на претседателот Владимир Путин, која го негираше […]

Бајден ќе се заколне пред знамиња место пред луѓе, пред Капитол поставени 200.000


Овогодинешната инаугурација на американскиот претседател Џо Бајден е сосема поинаква од сите претходни, а за тоа придонесе пандемијата од кроона вирус. Затоа, на ливадите пред Капитол во Вашингтон Бајден ќе положи заклетва пред Врховниот суд, а поставени се знамиња на САД место луѓе, додека на граѓаните наредено им е да не патуваат во главниот град. […]

Бајден заплака при последниот говор пред инаугурацијата


  Новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден се расплака при одржувањето на последниот говор пред заминувањето во Белата куќа. Бајден им се обрати на жителите на родниот Делавер заблагодарувајќи им се на сите кои го поддржале. „Сето ова го сфаќам многу емотивно. Бевте покрај мене во добро и во зло, целата моја кариера. Целото мое […]

Путин традиционално влезе во ледените руски води за Богојавление


Рускиот претседател Владимир Путин и годинава го запази неговото традиционално богојавленско капење, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков. „Многумина ме прашуваат дали Путин учествувал во богојавленското капење. Вие знаете дека тој традиционално го прави тоа, тоа е неговата традиција. А Путин ги почитува традициите“, рече портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков. Оваа година Путин традиционалното капење […]

Тифани Трамп се сврши еден ден пред инаугурацијата на Бајден


САД– 27-годишната ќерка на Доналд Трамп, од бракот со актерката Марла Мејплс, ја објави веста за нејзината свршувачка на Инстаграм со фотографија од себе и Булос (23), додека сподели размислите за времето на семејството во Белата куќа. -Ми беше чест да прославам многу пресвртници, историски прилики и да создавам спомени со моето семејство тука во […]

Да продолжат разговорите со Бугарија, процесот да заврши со старт на преговорите за членство, порачуваат европските дипломати во земјава


Шефовите на дипломатските мисии на земјите-членки на ЕУ во земјава предводени од евроамбасадорот Дејвид Гир, денеска, на редовниот годишен состанок со премиерот Зоран Заев, покажаа посебен интерес за активностите за решавање на отворените прашања со Република Бугарија поради кои не се постигна консензус за преговарачката рамка за Северна Македонија во Брисел. На состанокот, како што […]

Лидерот на републиканците Мич Меконел го обвини Трамп дека го „поттикнал“ бунтот


Лидерот на мнозинството во Сенатот на САД, Мич Меконел, во вторникот го обвини претседателот Доналд Трамп, колега републиканец, дека го предизвикал на бунтот на 6 јануари во Капитол. „Толпата беше хранета со лаги. Тие беа испровоцирани од претседателот и други моќни луѓе и тие се обидоа да искористат страв и насилство за да запрат одредена […]

Израелски стартап направи батерии за автомобили кои се полнат за пет минути


  Израелски стартап претстави батерии за елекстрични автомобили кои се полнат за пет минути, со што може да се стави крај на разговорите за батериите на електричните автомобили, односно за времето на полнење и дометот. Времето за полнење на батериите на електричните автомобили се уште е далеку од идеално, а токму тој проблем се обидува […]