Кинеските Синофарм и Синовак сакаат да бидат дел од Ковакс


 Кинеските производители на вакцини – Синовак, Синофарм и Кансино Био – поднеле барање да бидат дел од Ковакс системот, глобална програма организирана од Светската здравствена организација, изјави денеска кинеската министерка за надворешни работи Хуа Чунјинг. Освен 172 земји во светот, дел од Ковакс се и вакцините Иновио (САД, фаза 2), Модерна (САД, фаза 3), КјурВак (фаза 1), Институтот Пастер/Мер, Тем/САД/Австрија […]

Леди Гага од Капитол испрати порака за надеж


САД- Поп-ѕвездата Леди Гага објави симболична фотографија од американскиот Капитол Хил . Облечена во бела наметка и соодветна маска, Гага објави фотографија на Твитер со натпис како се моли за „мир за сите Американци“. Гага, денес на инаугурацијата на новиот претседател Џо Бајден во Вашингтон, на скалите на Капитол Хил, ќе ја испее националната химна.  […]

НУК: Првата одлука од новиот антикризен пакет „ладен туш“ за угостителите


Владата со донесената прва мерка од петтиот антикризен пакет им подари на „локомотивите“ – членки на Стопанската комора на Македонија 162,4 милиони евра, а на угостителите и натаму неосновано и неоправдано со времена одлука им го цепка и ограничува работното време и правото на работа, реагира денеска Независната угостителска комора (НУК). Според НУК, при крај […]

Македонските ракометари денеска против Словенија ја отвораат главната фаза на СП


Македонската ракометна репрезентација попладнево (15:30 часот) против Словенија го игра првиот натпревар во Групата 4 од главната фаза на Светското првенство во Египет. Македонските ракометари започнуваат од последното место во новоформираната група и без пренесени бодови од прелиминарната рунда поради двата пораза од Шведска и Египет. Во истиот термин, в петок, противник на македонските ракометари ќе им биде […]

(Видео) Џек Ма се обрати на јавноста по три месеци


  Еден од најголемите кинески претприемачи, милијардерот Џек Ма, постави видео-снимка на интернет. Со тоа заврши неговото речиси тримесечно исчезнување од јавноста, поради што почнаа нагаѓања за неговиот статус и деловна империја. Во снимката, која трае 50 секунди, Ма им честиташе на учителите кои ги поддршува неговата хуманитарна фондација, но не го кометираше своето исчезнување […]

Јануарската пензија зголемена за 1,2 отсто по основ на усогласување со пораст на трошоците за живот


Министерството за труд и социјална политика информира дека пензионерите со јануарската пензија ќе добиваат поголема пензија по основ на усогласување на пензијата со порастот на трошоците за живот кои во второто полугодие од 2020 година во однос на првото полугодие истата годинa изнесуваат 1,2 отсто. Зголемувањето на пензијата, велат од МТСП, во номинална вредност изнесува […]

Грција започнува со издавање дигитален сертификат за вакцинација


Грција – Започнува издавањето на дигиталниот сертификат за вакцинација, тоа е уште една грчка иновација, рече премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис за време на состанокот за текот на спроведувањето на националниот план за вакцинација и додаде дека оваа потврда не значи ограничувања, туку олеснување на движењето и патувањето, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкиот премиер […]

Министрите за локална самоуправа и за култура на увид во градежни активности на манастирскиот комплекс Св. Пантелејмон


Владини претставници, градоначалникот на Општина Карпош и директорот на Бирото за регионален развој денеска ќе го посетат манастирскиот комплекс Св. Пантелејмон каде во тек е реконструкцијата на главниот конак.   Според најавата, на настанот ќе присуствуваат вицепремиерот за борба против корупцијата, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, министрите за локална самоуправа и за […]

Роби Вилијамс во карантин – позитивен на Ковид-19


САД– Светски познатиот поп-пејач Роби Вилијамс (46) е во карантин откако се заразил со коронавирусот,  објави „Дејли мејл“. Пејачот на крајот на минатата година отиде на Карибите со неговата сопруга Ајда Филд и нивните четири деца, па сега одлучија и да го продолжат престојот на островот Сент Бартелеми, каде што изнајмуваат вила која чини 120.000 […]

Темелно чистење на Белата куќа пред доаѓањето на новите станари


САД – За само пет часа, цела армија помошен персонал ќе треба да ја подготват Белата куќа за новите станари, двојката Џо и Џил Бајден. Претседателот во заминување Доналд Трамп се очекува да се исели околу 8 часот наутро, по локално време, а потоа ќе почне комплицирана операција за чистење и подготвување на бројни простории во […]

Ковид-19: Јапонија во мај почнува со масовна вакцинација на населението


Јапонија – Во Јапонија општата вакцинација против Ковид-19 ќе почне во мај, а Владата се надева дека поголемиот дел од возрасната популација на таа држава ќе ја прими вакцината до јули, до Олимписките игри во Токио, јавија јапонските медиуми. Зеленото светло од регулаторната агенција во Јапонија за вакцината на Фајзер/-БиоНТех се очекува во февруари. Тогаш треба […]

Земјотрес почувствуван во земјава, епицентарот во Албанија


Земјотрес со јачина од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала во 03:29 часот е почувствуван во југозападните делови од земјава. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот на земјотресот е на 145 километри југозападно од Скопје, во соседна Албанија. Земјотресот имал локална Рихтерова магнитуда од четири степени. 

Српскиот министер за надворешни работи во посета на Бугарија


Бугарија– Министерот за надворешни работи на Србија Никола Селаковиќ денеска ќе престојува во официјална посета на Бугарија, на покана од вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева. Покрај разговорите со министерката Захариева, шефот на српската дипломатија ќе има одделни средби и со бугарскиот претседател Румен Радев и со премиерот Бојко Борисов, соопшти […]

Бајден денеска станува претседател на САД – профил на неговата политичка кариера


Демократот Џо Бајден влезе во трката за Белата куќа обвинувајќи го републиканскиот претседател Доналд Трамп за поттикнување на екстремно десничарско насилство и ветување дека ќе ја добие „битката за душата на Америка“. Може ли 78-годишен политички ветеран, обележан со трагедии во неговиот приватен живот, да обедини длабоко поделена нација, шокирана од неодамнешниот крвав напад на […]

Трамп ќе ја напушти Белата куќа четири часа пред инаугурацијата на Бајден


САД– Американскиот претседател во заминување Доналд Трамп ќе полета од Вашингтон четири часа пред инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден, соопшти Белата куќа. Трамп и првата дама Меланија Трамп ќе заминат за Флорида во 8 часот по локално време. Претходно Трамп соопшти дека нема да присуствува на инаугурацијата на Бајден. Церемонијата е закажана за […]

Најстудено во Берово, измерени -14 степени, од петок потопло


Во целата држава утринските температури се под нулата. Најстудено е во Берово каде се измерени -14 степени. Според Управата за хидрометеоролошки работи, втор најстуден град во земјава е Битола со -13 степени по што следуваат Петровец кај Скопје и Прилеп со -10, Крива Паланка, Демир Капија и Куманово со -9 и Тетово, Претор, Штип и […]

Претседателски стил: Зошто Ралф Лорен е симбол на обединета Америка?


САД- Џо Бајден ќе биде облечен во модната марка Ралф Лорен за неговата претседателска инаугурација денес, според Women’s Wear Daily, избор што предизвика шпекулации за неговото значење и мотиви во време на криза во САД. На површината, изборот на Бајден за Ралф Лорен е добар избор: еве еден моден бренд со класичен, масовен целоамерикански имиџ. […]

Дали Трамп ќе го прекрши протоколот и ќе се помилува себе си?


САД – Претседателот Доналд Трамп одлучи да го помилува својот поранешен главен стратег Стив Банон. Одлуката е донесена само неколку часа пред Трамп да ја напушти Белата куќа. Луѓе запознати со тој потег изјавија за Си-Ен-Ен дека одлуката на Трамп не е конечна се додека не ги потпише документите. Трамп им соопштил на своите соработници дека […]

Хилари Клинтон се сомнева дека Трамп имал телефонски разговор со Путин пред насилниот упад на негови приврзаници на Капитол


САД– Поранешниот државен секретар на САД Хилари Клинтон се сомнева во Доналд Трамп дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин пред немирите во Вашингтон. Откритието го направи во нејзиниот разговор со претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на подкастот „Tи и јас двајцата“. „Во последните четири години научивме многу за нашиот систем на управување […]

Проштален говор на Трамп: Нашето движење допрва почнува


САД – Во своето проштално видео обраќање, американскиот претседател во заминување Доналд Трамп ја поздрави новата администрација и рече дека сега, додека се подготвува да ја предаде власта, сака да порача дека движењето што го започна е само почеток. „Оваа недела ја инаугурираме новата администрација и се молиме за нејзин успех во одржување на Америка безбедна […]