Хилари Клинтон се сомнева дека Трамп имал телефонски разговор со Путин пред насилниот упад на негови приврзаници на Капитол


САД– Поранешниот државен секретар на САД Хилари Клинтон се сомнева во Доналд Трамп дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин пред немирите во Вашингтон.

Откритието го направи во нејзиниот разговор со претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на подкастот „Tи и јас двајцата“.

„Во последните четири години научивме многу за нашиот систем на управување со претседател кој ја презира демократијата“, рече Хилари Кинтон.

Таа истакна дека би сакала да слушне снимки од телефонските разговори на Трамп за да открие дали тој разговарал со Путин на денот кога упаднал Капитол.

Клинтон ја даде изјавата откако Пелоси рече дека немирите на 6 јануари во Вашингтон се „подарок за Путин“. Клинтон најави создавање на специјална комисија во Конгресот за испитување на можните врски меѓу Трамп и Путин.

Истрагата е потребна за да помогне во санирање на штетата направена на „националната безбедност“ и да се спречи можноста „марионета“ повторно да стане претседател на САД, повика Хилари Клинтон.