Дел од факти при инаугурација на американски претседател низ годините


САД– Дваесеттиот амандман на американскиот Устав, усвоен во 1933 година, го направи 20 јануари официјален датум за инаугурацијата на американските претседатели. Пред тоа, датумот беше 4 март.

Првиот кој положи заклетва на овој датум беше Френклин Д. Рузвелт – во 1937 година, кога почна вториот од четирите негови мандати. „Луѓето не се заробеници на судбината, туку само на сопствениот ум“, рече тој во својот говор.

Оттогаш, Американците се сведоци на церемониите на повеќе од десет претседатели преку медиумите.

Кога ја презеде функцијата во 1953 година, претседателот Ајзенхауер избра да изрецитира молитва што самиот ја состави.

Во 1961 година, Џон Ф. Кенеди ја изговори историската фраза во својот говор по заклетвата: „Не прашувајте што може вашата земја да направи за вас. Прашајте што можете да направите за вашата земја“.

„Единственото од кое треба да се плашиме е самиот страв“, рече Френклин Рузвелт во 1933 година.

Најкраткиот говор бил 135 зборови – од Џорџ Вашингтон, најдолгиот – од 8.445 од Вилијам Харисон во 1841 година.

Линдон Џонсон стана првиот претседател по смртта на Кенеди кој се возел во блиндирана лимузина од Капитол до Белата куќа за неговата инаугурација во 1964 година. Тринаесет години подоцна, Џими Картер ја одбил лимузината и тргнал по традиционалната маршрута со своето семејство.

Можеби една од најдраматичните инаугурации се случи во 1981 година, кога Роналд Реган стана 40-ти претседател на САД. Неколку минути по заклетвата, беа ослободени 52 американски заложници од ирански киднапери кои ги задржаа за време на администрацијата на Картер.

Првата заклетва на американски претседател не беше извршена во Вашингтон, туку во Њујорк, кога Џорџ Вашингтон стана шеф на државата во 1789 година.

Текстот на заклетвата е напишан во Уставот и содржи 35 зборови, со кои претседателот свечено се заколнува.

И покрај тоа, понекогаш има грешки.

Една се случи во 2009 година, кога Барак Обама повтори погрешно дадени зборови од претседателот на Врховниот суд Џон Робертс и заклетвата беше дадена повторно следниот ден во Белата куќа со правилен текст.

Нема барање да се користи Библијата, но тоа е традиција. Сите претседатели од Линдон Џонсон во 1965 година, чија сопруга ја држеше Библијата, положија заклетва врз Библијата.