Младата поетеса Аманда Горман вистинска ѕвезда на инаугурацијата на Бајден


  Во еден од најзборуваните моменти на инаугурацијата, поетесата Аманда Горман потсети на ужасните слики и триумфалната среда кога му се обраќаше на светот велејќи „дури и кога тагувавме, растевме“. 22-годишната Горман се повикуваше на сè, од библиските списи и мјузиклот „Хамилтон“, а на моменти потсетуваше на ораторството на Џон Кенеди и Мартин Лутер Кинг. […]

Амазон му понуди помош на Бајден во вакцинирањето во САД


Американската компанија Амазон понудила помош во напорите на американската администрација да се изведе масовна вакцинација низ САД, се наведува во нејзиното писмо до претседателот Џо Бајден. Британските медиуми наведуваат дека Амазон во писмото до Бајден ја потврдува подготвеноста да ја подобри дистрибуцијата на вакцините. „Подготвени сме да ги ставиме на располагање сите наши оперативни способности, […]

Која екс-Ју држава има најповолни даночни стапки?


Регионалниот бизнис портал СЕЕбиз донесува интересна споредба за висината на даноците во земјите од поранешна Југославија, чиј автор е даночниот советник Жељко Турудиќ. Даночните стапки, вклучително и придонесите за задолжително социјално осигурување често се споменуваат како еден од клучните фактори врз основа на кои странските инвеститори одлучуваат да инвестираат во одредена земја. Дали е тоа […]

Пендаровски и Заев упатија честитки до Бајден


Претседателот на државата и премиерот, Стево Пендаровски и Зоран Заев, веднаш по инаугурацијата упатија честитки до новиот американски претседател Џо Бајден, како и до потпретседателката Камала Харис. „Честитки до новиот американски претседател Џо Бајден. САД се наш стратешки партнер кои секогаш ја поддржувале демократијата во земјава и нашите евро-атлантски интеграции“, напиша на Фејсбук претседателот Пендаровски. […]

Во Британија и Португалија рекорден број починати од корона вирус


 Велика Британија денеска повторно има рекорден број смртни случаи од коронавирус, исто како и Португалија каде што бројот на заболени се зголеми за 40 проценти од претходниот ден.   Во Велика Британија денеска починаа уште 1.820 лица од новиот коронавирус, нов дневен рекорд од почетокот на пандемијата. Вкупниот број починати изнесува 93.290, најмногу во Европа.   […]

Даг Емхоф прв Втор господин во историјата на САД


САД– Сопругот на американската потпретседателка Камала Харис, Даг Емхоф денеска официјално стана Втор господин, првпат во историјата на САД. Сопружникот на потпретседателот на Соединетите Американски Држави обично ја носи титулата Втора дама, но бидејќи на оваа позиција првпат во историјата е жена, нејзиниот сопруг ја презеде титулата Втор господин. Според Си-Ен-Ен, ова е уште една работа […]

Бајден е 15-ти потпретседател на САД кој станал и претседател


САД – Џо Бајден, кој денеска положи заклетва како 46. претседател на САД, е 15-ти потпретседател во американската историја, кој станал и шеф на државата. Никој освен него и поранешниот претседател Ричард Никсон немал пауза по отслужувањето на функцијата потпретседател, па дури потоа да стане претседател на САД. Осум потпретседатели ја преземале претседателската функција бидејќи во […]

Во Грција ќе може да влезат и невакцинираните


Во никој случај нема да биде услов за некој да влезе во Грција, да мора претходно да прими вакцина, потенцираше министерот за туризам на Грција, Харис Теохарис во гостување во програмата на Скаи Тв. На предложените сертификати за вакцинација, Теохарис јасно стави до знаење дека вакцинацијата нема да биде услов некој да може влезе во […]

Евростат: Околу 300.000 луѓе повеќе починале за осум месеци во 2020 година


Вкупно 297.500 луѓе повеќе починаа во Европската унија од март до октомври минатата година отколку во истиот период од 2016 до 2019 година, покажуваат податоците на Евростат објавени денеска. Статистиката на Евростат покажува дека зголемената стапка на смртност низ ЕУ достигнала врв во раните фази на пандемијата на Ковид-19 во април 2020 година, која изнесувала […]

Хаг ја проширува истрагата во Албанија врз поранешен командант во ОВК


Албанија – Хашките специјални истражители ја прошируваат истрагата и во Албанија, испрашувајќи поранешни албански војници кои и се приклучиле на ОВК, јави Топ чанел телевизија. Повикувајќи се на извор близок до специјалните обвинители во Хаг, телевизјата наведува дека покана за распит добил Адем Шеху, поранешен командант на 153-та бригада, од оперативната зона Лап. Истите извори, под […]

Брок: Проширувањето на ЕУ не е одложено бидејќи е од заеднички интерес


Проширувањето на ЕУ не е одложено бидејќи е од заеднички интерес за сите страни. Земјите од Западен Балкан можат да добијат стабилност, економски и социјален напредок само како дел од ЕУ. Но, од друга страна ако ја погледнете историјата на нашиот континент, геополитичката ситуација исто така е од голем интерес на ЕУ да дојде до […]

Зошто виолетовата боја е значајна за највлијателните дами во Америка?


САД-Среќен Ден на инаугурацијата! Во чест на овој одличен и историски ден, три од највлијателните жени во земјата избраа да носат иста, многу значајна боја: виолетова. Потпретседателката Камала Харис, поранешната прва дама Мишел Обама и поранешната прва дама и државен секретар Хилари Клинтон избраа да облечат  историски важна нијанса. Дури и сенаторката Елизабет Ворен избра […]

Трамп сепак му оставил писмо на Бајден во Овалната соба


По четири години преседани во Белата куќа, претседателот Доналд Трамп учествуваше во една последна претседателска традиција на излегување од канцеларијата во средата: оставајќи писмо за неговиот наследник во Овалната соба. Портпаролот на Трамп, Џад Дир, денеска им потврди на американските медиуми дека претседателот му напишал писмо на новоизбраниот претседател Џо Бајден и му го оставил […]

Леди Гага и Џеј Ло во висока мода на инаугурацијата на Бајден


САД-Поп-ѕвездите Леди Гага и Џенифер Лопез денес блеснаа во облека од висока мода на инаугурацијата на Џон Бајден како 46. претседател на Америка во Вашингтон. Гага која ја отпеа националната химна воодушеви со драматичното црвено балско свилено здолниште на Скијапарели  и стилизирана маринско сина јакна од кашмир со брош од позлатен гулаб на мирот, дизајн […]

Словенија: Минималната бруто плата годинава ќе се зголеми на 1.024 евра


Министерот за труд на Словенија, Јанез Циглер, по денешната средба со претставниците на словенечките синдикати објави дека годинава минималната плата ќе се зголеми од сегашните 941 на 1.024 евра бруто. Ова се смета за втора најважна од осумте мерки во законот за економска помош за време на епидемијата на корона вирусот во Словенија, пренесува СТА. […]

Второто полугодие продолжува со истите мерки и протоколи


Министрите за здравство, Венко Филипче, и за образование, Мила Царовска, денеска на состанок со претставниците на Сојузот на средношколци порачаа дека наставата во второто полугодие продолжува со истите мерки и препораки, како и досега. Како што соопшти Министерството за здравство, на состанокот се потенцирало дека и во второто полугодие наставата во основните и средните училишта […]

Џо Бајден положи заклетва како 46. американски претседател


Со раката положена врз 127 години стара Библија што ја држеше неговата сопруга Џил,а пред претседателот на Врховниот суд на САД, новоизбраниот американски претседател Џо Бајден денеска положи заклетва на церемонијата на инаугурација на скалите пред Капитол Хил, во Вашингтон, со што стана 46-от претседател на САД. На церемонијата, прва заклетва даде новоизбраната потпретседателка Камала […]

ЕК предупреди дека Фајзер мора да ги достави вакцините навреме


ретседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, попладнево порача дека фармацевтската компанија БиоНТех/Фајзер има обврска да ги достави ветените вакцини за втората доза. Таа порача дека станува збор за медицинска потреба и дека во повеќето земји членки на ЕУ голем број луѓе треба наскоро да ја примат втората доза потребна за заштита од […]

Мишел Обама на инаугурацијата од глава до петици во боја на магента


САД- Експрвата дама и модна икона Мишел Обама присуствуваше денес на инаугурацијата на Бајден-Харис , покажувајќи ја нејзината поддршка за многу очекуваниот и историски ден на новата администрација. Кога станува збор за нејзината облека, Обама не се разочара, облекувајќи се во бојата на магента од глава до петици. Од капутот до широките панталони. Шик изгледот […]

Инаугурација: Камала Харис во пурпурна тоалета на млади дизајнери


САД– Камала Харис, положи заклетва како прва потпретседателка на Соединетите Американски Држави, што е првпат жена од Јужна Азија да биде на оваа функција, во пурпурен ансамбл од Кристофер Џон Роџерс и Серџио Хадсон.Роџерс е црномурест дизајнер од Батон Руж, кој сега живее во Њујорк, а Хадсон е црномурест дизајнер од Јужна Каролина. Харис ја […]