Научници развија терапија со пептид што спречува тешка форма на Ковид-19


САД– Американски истражувачи од Медицинскиот центар на Универзитетот Раш развија терапија со пептид што може да спречи развој на тешка форма на болеста Ковид-19, објави Џурнал од Неуроимун Фармаколоџи (Journal of Neuroimmune Pharmacology). Новоразвиениот пептид (азотно органско соединение кое се состои од аминокиселински мономерни единици) ја спречува причината за смрт кај болни од Ковид-19 – […]

Роналдо стана најдобар стрелец во историјата на фудбалот


Италија – Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо синоќа постигна гол против Наполи (2:0) во Суперкупот на Италија. Овој погодок беше 760. за Португалецот на официјални натпревари за клубови и репрезентацијата на Португалија. Така, Роналдо го сруши светскиот рекорд за Чехот Јозеф Бикан, кој ја погоди мрежата на противниците 759 пати од 1931 до 1955 година. Претседателот […]

Бројот на заразени со Ковид-19 во Кина расте, нови 144 за 24 часа


Кина – Во Кина се потврдени 144 нови случаи на заразени со коронавирусот во изминатите 24 часа, што е највисок дневен биланс од 1 март минатата година, објави Националната здравствена комисија. Од 126 нови локални инфекции, најмногу имало во провинцијата Хејлоџијанг – 69 и во Џилин 33. Бројот на асимптоматски случаи, што Кина не ги класифицира […]

Сите зборат за капутот „Миу Миу“ на Ела Емхоф, поќерката на Камала Харис


САД- Ако вчера ја гледавте инаугурацијата на Џо Бајден како нов американски претседател, веројатно почувствувавте силен нагон да станете најдобра пријателка со Ела Емхоф (22), поќерката на потпретседателката Камала Харис,која вчера се појави на историската церемонија во Вашингтон, заедно со братот Кол, како деца од првиот брак на сопругот на Камала, Даг Емхоф, успешен адвокат. […]

Тројца американски војници загинаа при уривање на хеликоптер во Њујорк


САД – Тројца припадници на Националната гарда загинаа кога нивниот хеликоптер се урна на рутински лет западно од Њујорк, соопштија властите. – Хеликоптер за медицинска евакуација UH-60 се урна во близина на малиот град Мендон во близина на Рочестер, изјави Ерик Дар, директор на одделот за воени и поморски работи на државата Њујорк. Истрагата за околностите […]

Во Словенија се отвораат ски-центрите, училиштата и некои услужни дејности


Словенија– Благодарение на подобрувањето на епидемиолошката состојба во поголемиот дел од Словенија, скијачките центри наскоро ќе бидат „отворени“ под одредени услови. Следната недела повторно ќе почнат часовите во пониските одделенија во основните училишта, а ќе се отворат и пазари, фризерски салони, механичарски сервиси, соопшти синоќа словенечката Влада. Во девет од 12-те региони, оние со подобра […]

Лидерите од ЕУ на онлајн самит, ќе се зборува и за „ковид пасоши“


Брисел – Лидерите на ЕУ на денешниот онлајн самит ќе разговараат за епидемиолошката состојба во Европа и усогласувањето на мерките за борба против пандемијата, а една од темите може да биде идејата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис да се воведе „ковид пасош“ за кој членките на ЕУ имаат различни ставови. Во писмото до претседателот на Европската […]

Сообраќајот по наместа влажни коловози, можна е појава на голомразица


Сообраќајот на патишта низ државата се одвива по наместа влажни коловози. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица, информираат утрово од АМСМ. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Од АМСМ со препорака до возачите за прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна […]

МКЦ онлајн ќе го слави Роденденот на уметноста


Роденденот на уметноста е настан со кој МКЦ веќе неколку години ја почнува годината. Ова издание на Роденденот ќе биде одбележан со избор од онлајн-настани организирани од и во МКЦ во текот на 2020 година. Виртуелниот настан ќе се одржи на 22 јануари (петок), од 18 часот, на социјалните мрежи на МКЦ. Програма и редослед: […]

Демократите ја презедоа контролата и во Сенатот на САД


САД –  Тројца нови американски сенатори положија заклетва вчера веднаш по инаугурацијата на претседателот Џозеф Бајден, со што Демократската партија обезбеди контрола над Горниот дом на Конгресот на САД. Покрај функциите претседател и потпретседател на државата, демократите ќе го контролираат Претставничкиот дом и Сенатот во следните две години, што ќе му овозможи на Бајден да спроведе […]

Променливо облачно со сончеви периоди


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне во западните делови од земјава ќе има услови за повремени врнежи од дожд, на повисоките планините од снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени, информираат од УХМР. Во Скопје променливо облачно со повремени […]

Фокус на Акцискиот план со Бугарија, подготовки за претстојната седница на заедничката комисија


Продолжуваат разговорите со Бугарија околу конкретни проекти, но Владата е со јасен став дека за Македонците, македонскиот јазик и идентитет нема простор за разговор. Во фокусот следните месеци е Акцискиот план кој е на меѓусекторска основа. Од Владата очекуваат тој да биде усвоен на првата меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и Бугарија за да биде […]

Угостителите ќе работат до 21 часот, бараат мерки за директна помош


Рестораните и угостителските објекти  од денеска ќе работат до 21 часот, со што престанува да важи одлуката што беше во сила во изминатиот месец за работа до 18 часот, по препорака на Комисијата за заразни болести за да се спречи групирање во празничкиот период и ширење на вирусот Ковид-19. Следната недела ќе се разгледа можноста […]

Презентација на платформата „Аеродром – прва општина со европско знаменце“


 „Аеродром – прва општина со европско знаменце“ е новата платформа што ќе ја презентира денеска Општина Аеродром. На презентацијата ќе се обратат градоначалникот Златко Марин и високиот претставник на Делегацијата на ЕУ Фрек Јанмаат, а од општината најавуават присуство и на вицепремиерот Љупчо Николовски и други министри од Владата, претставници на владините регулаторни тела, како […]

Учениците се враќаат на настава, почнува второто полугодие


По тринеделен зимски распуст, основците и средношколците денеска се враќаат на настава – пред ИТ-уредите или во училишните клупи, за да го продолжат второто полугодие од учебната 2020/2021 година. Според Министерството за образование и наука, комбинираниот модел бил успешно воспоставен во првото полугодие и затоа нема да се менува во вториот дел од учебната година. […]

Европска недела за превенција од рак на грлото на матката


Секоја година во светот 500.000 жени се дијагностицирани со рак на грло на матката, кој е еден од најчестите видови карциноми и во последните години бројот на жени со оваа дијагноза значително се зголемува. По ракот на дојката, ракот на грлото на матката е вториот по ред најчест рак кај жените и во критичната група […]

Набавка на вакцини, најави и подготовки, ЕК ќе предложи механизми за споделување


Бројот на заразените од Ковид-19 во земјава се намалува, а по празничниот период се враќа работното време на угостителските објекти засега до 21 часот и продолжуваат активностите за набавка на вакцини. Државава ги очекува најавените вакцини од Србија, а за овој процес се очекува солидарност и од земјите членки на Европската унија. Од ЕК вчера […]

Бела куќа: Бајден му остава на Сенатот да одлучи за Трамп


САД – Американскиот претседател Џо Бајден ќе остави одлука да донесе Сенатот за тоа како да продолжи судењето на поранешниот претседател Доналд Трамп. Тоа го нагласи портпаролката на Белата куќа Џен Псаки. – Убедени сме дека … Сенатот … може да ја исполни својата уставна должност додека истовремено работи и за американскиот народ, изјави Псаки на […]

Колкава пензија ќе зема Трамп, ако ја добие?


Доналд Трамп од денеска не е повеќе претседател на САД, а со напуштањето на Белата куќа се стекнува со право на годишна пензија од 221.400 долари, до одредени бенефиции. Сепак, Трамп може да ја изгуби пензијата ако на претстојното заседание на Сенатот одлучат да го отповикаат. Законот не дозволува пензија за претседателите кои за време […]

Холандија бара забрана за летови поради новите соеви на вирусот


  Холандската влада бара воведување полициски час и забрана за летови од Велика Британија, Јужна Африка и Јужна Америка за да се спречи ширењето на новите соеви на вирусот кои веќе се најдени кај еден од десет заразени во земјата. Премиерот Марк Руте денеска рече дека владата ќе бара забраната за летови да стапи на […]