Холандија бара забрана за летови поради новите соеви на вирусот


 

Холандската влада бара воведување полициски час и забрана за летови од Велика Британија, Јужна Африка и Јужна Америка за да се спречи ширењето на новите соеви на вирусот кои веќе се најдени кај еден од десет заразени во земјата.

Премиерот Марк Руте денеска рече дека владата ќе бара забраната за летови да стапи на сила во сабота и да трае еден месец.

Бидејќи неговиот кабинет е во технички мандат затоа што минатата недела поднесе оставка, ќе мора да ги убеди пратениците да го поддржат и воведувањето полициски час од 20.30 до 4.30 часот.

Расправата во парламентот се очекува утре, а Руте апелираше на поддршка велејќи дека земјата се наоѓа во пресуден момент за безбедност и јавното здравје.

Неговата коалициска влафа, која во петокот поднесе оставка поради скандалот во кој илјадници семејства неправедно се обвинети за малверзации со детскиот додаток, ќе остане на функција додека не се формира нова по општите избори на 17 март.

Ако парламентот одобри полициски час, Холандија ќе им се придружи на другите европски земји каде овие мерки се на сила како Белгија, Франција, Италија, Грција и делови од Германија.

„Тоа е тешка мерка“, рече Руте. Тој истакна дека никој не сака полициски час но дека ситуацијата е многу лоша.

Холандија е во карантин еден месец и така ќе остане најмалку до 9 февруари, но покрај тоа што се намалуваат инфекциите владата вели дека поради заканит еод новиот вид корона вирус принудена е на поостри мерки.

Холандскиот институт за јавно здравје вчера објави дека новите инфекции се намалиле благодарение на воведувањето карантин кон средината на декември, но истовремено предупреди дека се очекува новиот сој на вирусот, кој побрзо се шири и кој доведува до нагло растење на инфекциите во Велика Британија, и Ирска, до средината на февруари да бид епронајден кај половина од заразените.

Според податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“ во Холандија од почетокот на епидемијата починале 13.264 лица.

Министерот за здравство рече дека владата го продолжила времето мешу примањето на двете дози од вакцината од три на шест недели за што повеќе луѓе да примат барем една доза.

Холандија е последна земја до Европската Унија која започна со вакцинација и до сега само 100.000 луѓе ја примија првата доза.