Сите зборат за капутот „Миу Миу“ на Ела Емхоф, поќерката на Камала Харис


САД- Ако вчера ја гледавте инаугурацијата на Џо Бајден како нов американски претседател, веројатно почувствувавте силен нагон да станете најдобра пријателка со Ела Емхоф (22), поќерката на потпретседателката Камала Харис,која вчера се појави на историската церемонија во Вашингтон, заедно со братот Кол, како деца од првиот брак на сопругот на Камала, Даг Емхоф, успешен адвокат.

И, тоа може и не мора да има врска со желбата да се украде многу добриот капут „Миу Миу“ што го носеше на инаугурацијата .Дебелиот капут  „Миу Миу“ на Емхоф имаше јака  со украси со жолта и портокалова боја преку целото рамо и потсетуваше на стилот на Сара Џесика Паркер која ја глумеше модната икона Кери од „Сексот и градот“ . Толку е добро, можеби го расипа Твитер со стотици луѓе кои твитаа за новооткриениот статус на Емхоф како претстојна модна икона. Што не е чудно, таа е студент на познатата модна школа за дизајн „Парсонс“ во Њујорк (на која студирале и Дона Каран, Марк Џејкобс, Том Форд…)  и е позната на социјалните мрежи со своите модни избори.

Во моментов е достапна црна верзија на капутот  во Farfetch за близу 5.000 долари.