Презентација на платформата „Аеродром – прва општина со европско знаменце“


Фото: Б. Грданоски

 „Аеродром – прва општина со европско знаменце“ е новата платформа што ќе ја презентира денеска Општина Аеродром.

На презентацијата ќе се обратат градоначалникот Златко Марин и високиот претставник на Делегацијата на ЕУ Фрек Јанмаат, а од општината најавуават присуство и на вицепремиерот Љупчо Николовски и други министри од Владата, претставници на владините регулаторни тела, како и амбасадорите на Германија, Словенија, Хрватска, Холандија и на други држави.

Со оглед на актуелната ситуација со пандемијата, од Општина Аеродром велат, дека ќе бидат запазени сите мерки и протоколи за одржување јавни настани. Презентацијата ќе биде пренесувана во живо на општинската фејсбук страницата (facebook.com/OpstinaAerodrom) и на каналот на Jутјуб на Општина Аеродром (shorturl.at/nwDNV).