Мишел Обама на инаугурацијата од глава до петици во боја на магента


Мишел Обама

САД- Експрвата дама и модна икона Мишел Обама присуствуваше денес на инаугурацијата на Бајден-Харис , покажувајќи ја нејзината поддршка за многу очекуваниот и историски ден на новата администрација.

Кога станува збор за нејзината облека, Обама не се разочара, облекувајќи се во бојата на магента од глава до петици. Од капутот до широките панталони. Шик изгледот го искомбинира со златен ремен и едноставна црна маска.

Нејзината облека е наводно од младиот црномурест дизајнер Серџио Хадсон, избор и на потпретседателката Камала Харис на инаугурацијата, во пурпурна тоалета.

И експрвата дама и државен секретар Хилари Клинтон избра гардероба во пурпурна боја, а Ненси Пелоси во сина боја, како и првата дама Џил Бајден.

Експретседателот Џорџ Буш и Лора Буш