Леди Гага и Џеј Ло во висока мода на инаугурацијата на Бајден


САД-Поп-ѕвездите Леди Гага и Џенифер Лопез денес блеснаа во облека од висока мода на инаугурацијата на Џон Бајден како 46. претседател на Америка во Вашингтон.

Гага која ја отпеа националната химна воодушеви со драматичното црвено балско свилено здолниште на Скијапарели  и стилизирана маринско сина јакна од кашмир со брош од позлатен гулаб на мирот, дизајн на Даниел Роузбери.

 „Како Американец што живее во Париз, овој ансамбл е љубовно писмо до земјата што толку многу ми недостига и до изведувачотна чија уметност толку долго се восхитував“, рече Роузбери, креативниот директор на Скијапарели, за изгледот на Гага . Претходно Гага воодушеви во белата гардероба на Живанши во Капитол.

Џенифер Лопез, која настапи по химната, избра монохроматски изглед, беше цела во бело, со потпис на француската модна куќа „Шанел“ и со многу накит.