Сообраќајот по влажни коловози, снег провејува во Маврово и кај Стража


Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува во Маврово и на планинскиот премин Стража. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено […]

Ветото на Бугарија е ризик не само за Македонија, туку и за ЕУ, вели американската амбасадорка


САД се разочарани од ветото на Бугарија поради бројни причини, а пред сѐзатоа што веруваат дека Северна Македонија беше подготвена да го почне процесот на отворање и затворање на поглавјата со ЕУ, изјави во интервју за Гласот на Америка, американската амбасадорка во државата Кејт Брнз. Според неа, дека ветото носи ризик не само за Северна […]

Болница во Берлин ставена во карантин поради позаразен сој корона вирус


  Германските здравствени власти ставија една берлинска болница во карантин откако 20 пациенти и членови на персоналот биле позитивни на новиот позаразен сој корона вирус. Бројот луѓе во болницата „Хамболт“ заболени од позаразната варијанта Бе117 веројатно ќе се зголеми следните денови, вели за Ројтерс портпаролката на болницата. Одлуката за карантин значи дека болницата „Хамолт“ во […]

Турските банки соработуваат за заедничкa мрежa банкомати


Турските банки и државните заемодаватели соработуваат за да се создаде мрежа на банкомати кои ќе ги стават сите турски банкомати под една заедничка марка. ИНГ Турција, турската подружница на холандската банкарска група, потпиша договори со приватните заемодаватели Ишбанк и Акбанк за да им дозволат на своите клиенти да ги користат нивните банкомати, изјави Јуцел Олчер, […]

Началникот на ГШ на шпанската војска поднесе оставка, обвинет дека се вакцинирал преку ред


Началникот на Генералштабот на шпанската армија, генерал Мигел Анхел Вилароја денеска поднесе оставка по обвинувањата дека примил вакцина против Ковид-19 преку ред, односно пред приоритетните групи. Шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес побара објаснување од генералот Мигел Анхел Вилароја, а Министерството подоцна во образложението за оставката соопшти дека генералот „никогаш немал намера да искористи привилегии […]

Историската комисија негира дека „македонски“ ќе се замени со името на државата


 Категорично ги отфрламе невистините дека придавката „македонски“ се заменува со уставното име Република Северна Македонија и дека придавката „македонски“ ќе се користи само во цитатите на членовите на Комисијата, нагласуваат од македонскиот тим на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања. -Членовите на македонскиот тим во Комисијата би сакале да ја информираат јавноста […]

Министерство за здравство: Не постои илегална вакцинација, опозициската партија шири лажни вести


Министерството за здравство денеска преку соопштение изрази жалење што најголемата опозициска партија во државата во период на воведување Ковид вакцинација, како што наведуваат, шири лажни вести, со кои ја манипулира јавноста вадејќи од контекст изјава на премиерката на Република Србија.   -Очигледно е дека ова монтирано видео е со единствена цел да создаде неоснована паника […]

Ден на протести и апсења во Русија – приведени 2.100 лица што бараа ослободување на Навални


Протестите се најголем излив на незадовиолство против Путин од 2017 година. Се протестираше и во Сибир на -50 Целзиусови. Меѓу приведениети се и сопругата на Навални и неговата најблиска соработничка   Повеќе од 2.100 лица се приведени од полицијата, која се судри и ги тепаше демонстрантите на митинзите ширум Русија со барање за ослободување на […]

Пендаровски се консултира со експерти дали да го потпише Законот за попис


Претседателот Стево Пендаровски најпрвин ќе се консултира со правни експерти, па потоа ќе го потпише Законот за попис, велат од кабинетот на претседателот. Од таму додаваат дека ставот на претседателот ќе биде соопштен деновиве. „Претседателот Пендаровски ќе изврши консултации со правни експерти за донесениот Закон за пописот и во наредните неколку денови ќе го соопшти […]

Лино Червар во ТВ преносот поднесе оставка по поразот на Хрватска од Аргентина


  Селекторот на ракометната репрезентација на Хрватска Лино Червар даде оставка по шокантниот пораз на неговите момчиња од Аргентина. Искусниот стручњак во ТВ преносот најави дека заминува, во изјавата веднаш по мечот. „На никого не му е мило кога ќе изгуби. Денеска не игравме добро, многу сум изненаден, очекував дека ќе бидеме добри. Разочарување е, […]

Добитник на американската лотарија освои милијардa долари


Добитниот тикет на американската лотарија кој изнесува награда од 1,05 милијарди долари е купен во една продавница на компанијата „Крогер“ во предградие на Детроит, во сојузната држава Мичиген, и тоа е трета најголема добивка во историјата на игри на среќа во САД. – Некој утрово се разбудил во Мичиген и ја слушнал веста која ќе […]

Заев го ажурира членството во СДСМ


 Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев вечерва објави дека го ажурирал своето членство во партијата во пресрет на изборот за партиски лидер на директни внатрепартиски избори, на 21 март, што е, вели, водство и пример што треба да се следи кога е во прашање македонската демократија. -Денеска го ажурирав моето членство во #СДСМ преку новиот систем, […]

Концептен облакодер ротира во насока на ветрот и ствара електрична енергија


  Дубаи веројатно ќе добие футуристички облакодер благодарение на концептот кој го креираше турскиот архитект Хајри Атак заедно со своите колеги. Тоа е облакодер кој може да се врти додека дува ветар. Концептот е наречен Squall Tower и неодамна е претставен преку интернет на социјалните мрежи. Дизајнот е инспириран од ветротурбините, а за разлика од […]

Чешките угостителски објекти отворија во знак на протест поради ограничувањата


Кафулињата и рестораните во Чешка ги отворија денеска вратите во знак на протест поради владините ограничувања воведени поради пандемијата на Ковид-19, а кои се затворени од октомври минатата година. Стотици компании се приклучија на протестот, организиран од движењето „Chcipl pes“, чие име се однесува на владиниот антиепидемиски систем ПЕС, кој управува со ограничувањата. – Долго […]

Француски доктори апелираат да не се разговара во јавниот превоз


 Француски доктори упатија апел до граѓаните да избегнуваат да разговараат во јавниот превоз, со цел да се намали ризикот од ширење на Ковид-19. – Покрај задолжителното носење на заштитни маски, кога физичката дистанца не е можна, треба да се придржувате кон едно едноставно правило: да се избегнуваат разговори и телефонирања во средствата за јавен превоз, […]

Приведени 97 странски државјани кои работеле непријавени и без регулиран престој на објекти во Скопје


Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север при БЈБ – МВР спроведоа контрола на градежни објекти на фирма од Република Турција помеѓу бул.„Кирил и Методиј“ и ул.„Јордан Мијалков“ поради сомнение дека повеќе странски државјани непријавени работат на објектите и незаконски престојуваат во Република Северна Македонија. Притоа, на објектите биле затекнати 97 странски државјани […]

Маж пронајден починат во водите на Пчиња кај Катланово


Во близина на мостот на автопатот Велес – Катланово, во водите на реката Пчиња, бил пронајден починат С.П.(73) од Катланово. Седумдесет и тригодишниот маж бил пријавен дека се оддалечил од дома на 20 јануари 2021. Како што соопшти МВР, за пронајденото тело било пријавено вчера во 13.56 часот во СВР Скопје. Смрт констатирал лекар од […]

Сообраќајот по наместа влажни коловози, снег врне на Попова Шапка


Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива непречено по влажни коловози. Врне снег на Попова Шапка. Од Македонија пат предупредуваат дека на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП […]

Србија веќе вакцинираше 85.000 граѓани, а Хрватска 54.000


  Додека нашата земја ги чека своите први дози од вакцините проитв корона вирус, Србија и Хрватска, на пример почнаа со процесот на имунизација. Така, Хрватска досега вакцинира повеќе од 54 илјади граѓани, а Србија речиси 85 илјади. Хрватска веќе ги потроши количините вакцини што ги набави и чека нови, а Србија се пофали дека […]

Албанија: Во последните три години над 60 странски државјани, меѓу нив и дипломати, прогласени за „персони нон грата“


Албанските власти во последните три години прогласиле повеќе од 60 странски државјани, меѓу нив и дипломати, за „персони нон грата“. Според податоците на Министерството за Европа и надворешни работи, произлегува дека најмалку седум од нив биле членови на странски амбасади, од кои повеќето од Иран. Последно, за непожелна личност, во четвртокот, беше прогласен рускиот дипломат, […]