Болница во Берлин ставена во карантин поради позаразен сој корона вирус


 

Германските здравствени власти ставија една берлинска болница во карантин откако 20 пациенти и членови на персоналот биле позитивни на новиот позаразен сој корона вирус.

Бројот луѓе во болницата „Хамболт“ заболени од позаразната варијанта Бе117 веројатно ќе се зголеми следните денови, вели за Ројтерс портпаролката на болницата.

Одлуката за карантин значи дека болницата „Хамолт“ во главниот град на германија нема да прима нови пациенти.

Канцеларката Ангела Меркем ги повика во четвртокот Германците да престанат да се жалаат на спориот процес на вакцинација против Ковид-19 и ја бранеше одлуката за продолжување на блокадата каконужна за да се сопре поагресивната варијанта на корона вирусот.