Турските банки соработуваат за заедничкa мрежa банкомати


Турските банки и државните заемодаватели соработуваат за да се создаде мрежа на банкомати кои ќе ги стават сите турски банкомати под една заедничка марка.

ИНГ Турција, турската подружница на холандската банкарска група, потпиша договори со приватните заемодаватели Ишбанк и Акбанк за да им дозволат на своите клиенти да ги користат нивните банкомати, изјави Јуцел Олчер, извршен потпретседател за операции на ИНГ Турција.

„Со овие два договори, повеќе од 12.000 банкомати се ставени во неограничени услуги за клиентите на ИНГ“, рече тој.

Клиентите на банката ќе можат да ги извршуваат сите трансакции, вклучително проверка на состојбата на сметките, повлекување готовина, депозити и плаќања на долгови со кредитни картички, користејќи ги овие банкомати бесплатно, според Олчер. 

На почетокот на овој месец, државните банки – Зират, Халкбанк, Вакифбанк, Вакиф Каталим, Зират Каталим, ПТТБанк и Емлак Катлим – одлучија да ги комбинираат своите национални мрежи на банкомати.

Во обид да ги намалат трошоците за банкоматите за 1 милијарда турски лири (134,45 милиони долари) годишно, државните заемодаватели го зголемија капиталот на нивната заедничка компанија FinTech, Bileşim Finansal Teknolojiler, на 145 милиони лири (19,5 милиони долари), објави Хуријет.

Приближно 15.000 нови државни банкомати со заеднички софтвер ќе бидат поставени на национално ниво. Во моментов, Зират, Вакифбанк и Халкбанк имаат околу 7.200, 4.200 и 4.000 банкомати низ цела Турција. Според Центарот за меѓубанкарски картички, во Турција има повеќе од 53.000 банкомати.