Француски доктори апелираат да не се разговара во јавниот превоз


 Француски доктори упатија апел до граѓаните да избегнуваат да разговараат во јавниот превоз, со цел да се намали ризикот од ширење на Ковид-19.

– Покрај задолжителното носење на заштитни маски, кога физичката дистанца не е можна, треба да се придржувате кон едно едноставно правило: да се избегнуваат разговори и телефонирања во средствата за јавен превоз, апелираат француските доктори.

Францускиот академикм Патрик Берж истакна дека „не станува збор за обврска, туку за препорака“.