Во Словенија 2.663 новозаразени, починаа 23 пациенти


  Во СЛовенија во последните 24 часа потврдени се нови 2.663 заразени со корона вирусот, а од последиците на болеста починаа 23 лица. Направени се 18.200 тестирања. Податоците за новозаразени се загрижувачки затоа што покажуваат раст во однос на оние пред седум дена, која дневно имаше по 2.423. Во болница се лекуваат 1.169 пациенти, а […]

Запознајте го типот со роговите кој упадна во Капитол


  Фотографиите и снимките на упадот на поддржувачите на Трамп во Конгресот синоќа го обиколија целиот свет. Иако на фотографиите и снимките од Конгресот имаше многу впечатливи глетки, еден од припадниците на демонстрантите кој предизвика најголемо внимание е маж на 30-тина години со лицето обоено во боите на американското знаме, кој на главата носеше крзнена […]

Во Британија повеќе од 1.000 мртви од Ковид-19 во еден ден, се подготвуваат полски болници


  Полската болница ќе биде ставена во употреба во Лондон ако биде потребно да се ублажи притисокот на другите болници во градот, рече британскиот министер за здравство откако протекоа службени документи кои сугерираат дека на Лондон му се заканува недостаток на болнички кревети за две недели. Предвидувањата кои протекоа со Health Service Journal покажуваат дека […]

Нови 43 жртви на Ковид-19 во Хрватска, заразени уште 562


  Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани нови 562 случаи на зараза со корона вируспт, а бројот на активни случаи е 6.272. Од нив 2.284 пациенти се на болничко лекување, а 200 на респиратор. Починаа 43 пациенти или вкупно досега 4.266. До денеска забалежани се 216.848 заразени, 206.310 оздравени, а во самоизолација се […]

Нов земјотрес од 3,5 степени во Петриња и Сисак


Уште еден земјотрес ја погоди денеска централна Хрватска, шест минути по пладне. Епицентарот бил меѓу Сисак и Петриња. Според првичните информации, земјотресот бил со јачина од 3,5 степени.

Жена почина откако во неа удрило возило на патот Куманово-Крива Паланка


Седумдесет и деветгодишна кумановка почина откако била удрена од автомобил на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка. – По незгодата Б.М. била пренесена во Ургентен центар Куманово каде и била констатирана тешка телесна повреда по што во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во 23:30 часот починала, информира денеска МВР. Собраќајната несреќа се случила вчера во 17:20 часот […]

Заев за случувањата во Вашингтон: Насилството мора да биде осудено, демократијата да надвладее


Загрижувачки и вознемирувачки се сликите од Вашингтон синоќа. Насилството мора да биде осудено. Се надеваме и веруваме дека демократијата ќе надвладее, напиша премиерот Зоран Заев на Твитер по повод синоќешните немири во Вашингтон. – Тоа е единствениот начин да се продолжи напред, вели Заев во пораката на Твитер.

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 883 пациенти со Ковид-19


 Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 504 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство. Во болницата во Битола се хоспитализирани 30 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти. На инфективното одделение во Тетово […]

Трамп секогаш беше волк во волчја кожа


ЕЗРА КЛАЈН Овозможувајќи му на претседателот да постапува како што сака, републиканските елити го помогнаа упадот во Конгресот   Со години постоеше мантра што републиканците ја рецитираа за да се утешат себеси за претседателот Трамп – и за работите што ги кажува и за поддршката што му ја нудат. Трамп, би рекле тие, треба да […]

„Алибаба“ на Џек Ма планира да издаде обврзници од најмалку пет милијарди долари


Кинеската компанија „Алибаба холдинг“ на Џек Ма планира да собере најмалку 5 милијарди долари овој месец со продажба на корпоративни обврзници деноминирани во долари. Ова за Ројтерс го изјавиле четири извори запознаени со плановите, пренесува регионалниот портал Seebiz. Во зависност од заинтересираноста на инвеститорите, износот на задолжување може да достигне дури осум милијарди долари, што […]

Приведени крадци што ограбиле куќа на „Партизанска“


  Полициски службеници од СВР Скопје во средата, ги приведоа А.К. (28) и М.К. (28) од Скопје. Тие, истиот ден, во 17.50 часот, извршиле тешка кражба во куќа на бул. „Партизански одреди“. Веднаш по добиената пријава, преземени се мерки и активности и сторителите се приведени и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена […]

25. амандман: Може ли Трамп да биде отстранет од функцијата пред крајот на неговиот мандат?


По насилниот упад на Капитол се зголемуваат повиците Трамп да биде отстранет од функцијата преку импичмент или со повикување на 25. амандман. Можно ли е тоа? Упадот во американскиот Капитол на приврзаниците на Доналд Трамп во средата поттикна повици од некои пратеници да го отстранат него од функцијата пред Џо Бајден да положи заклетва на […]

Во Австралија вакцинацијата против корона вирусот ќе започне во февруари


Вакцинацијата против корона вирусот во Австралија ќе започне во средината на февруари, а се планира 15 проценти од населението да ја прими до крајот на март. Владата тврди дека нема причина итно да се одобри вакцината надвор од вообичаениот регулаторен процес како што тоа го сторија САД и некои други држави, бидејќи локалните стапки на […]

До понеделник пообилни врнежи од дожд и снег на планините


Од попладне се очекуваат врнежи на цела територија на државата, а особено поинтензивни ќе бидат во западните делови каде ќе наврнат нови 30 литри на метар квадратен. На планините во северозападниот дел од државата ќе врне снег. Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека до изутринава во западните делови количествата на врнежи изнесуваат 20 литри на […]

Клуге: Земјите од Западен Балкан ќе добијат вакцини рамномерно, како и Србија


Регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге денеска, на редовната прес-конференција за коронавирусот, рече дека земјите од Западен Балкан ќе добијат вакцини рамномерно, на начин на кој Србија веќе ги обезбеди. Тој беше прашан од новинар на британски Телеграф – кога другите земји во регионот од Западен Балкан „ќе обезбедат вакцини […]

Димитров: Да одмориме со Бугарија до изборите кај нив, да се фокусираме на сопствениот двор


Нашиот пат кон Европската Унија е многу тежок, тесен и многу стрмен. Процесот е во криза, проширувањето е во криза и мислам дека неуспехот на Европската Унија да ја спроведе сопствената одлука испрати негативен сигнал за еден регион што е опкружен географски од земји-членки на Европската Унија. Ова го изјави вицепремиерот за европски прашања Никола […]

Пендаровски по настаните во САД: Насилството не може да биде изговор за поткопување на демократијата


Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска на својот профил на Твитер порача дека насилството не може да биде изговор за поткопување на демократијата изразувајќи сочуство и солидарност со американските граѓани по синоќешните настани во Вашингтон. -Насилството не може да биде изговор за поткопување на демократијата. Однесувањето на поединци нема да ја сруши довербата во институциите. […]

Г.г. Стефан: Пандемијата ни докажа колку човекот е немоќен, луѓето заборавија да веруваат во Бога и да ги љубат ближните


Во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје денеска се одржа утринска божикна литургија по повод големиот христијански празник Рожденството Христово – Божик. Со литургијата чиноначалствуваше поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан во придружба на свештенослужители на МПЦ-ОА. Во божикната порака, на верниците им посака да се сакаат еден со друг, […]

Светските медиуми за протестите во Вашингтон


Протестите во Вашингтон и упадот на демонстрантите во Конгресот со цел да ја спречат верификацијата на победата на Џо Бајден е осуден во светските медиуми. Дел од насловите се „Трамп го запали Вашингтон“, „Демократијата под опсада“ или „Лудилото на државниот удар“. За голем дел од светските медиуми за насилството виновен е претседателот во заминување Доналд […]

Телохранителот напиша книга за Карл Лагерфелд


Француската модна новинарка Вирџини Муза, позната по своите колумни во Vanity Fair France и како главен моден критичар на Le Figaro, му помогна на Жондо во пишувањето на книгата со 220 страници и ја нарече „приказна за борба, љубов, восхит и издржливост“ Франција– Меѓу првите објавени книги за легендарниот дизајнер Карл Лагерфелд е од Себастијан […]