Оздравеа 416, новозаразени се 166, а починаа 10 пациенти од Ковид-19


Во последните 24 часа се направени 1.049 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 88 -Куманово 2 -Штип 4 -Прилеп 11 -Тетово 13 -Струга 11 -Велес 1 -Охрид 13 -Кавадарци 4 -Гостивар 7 -Крива Паланка 2 -Крушево 1 -Кочани 2 -Пробиштип 2 -Виница 1 -Кичево 2 -Неготино 2 Починати се 10 […]

Уште еден земјотрес во Петриња, а утре снег до 10 см


  Нов земјотрес во хрватска Петриња, со јачина од 3,5 степени по Рихтер, почувствуван попладнево во 18.24 часот, јавува ЕМСЦ. Сепак, Хрватската сеизмолошка опсерваторија потврди дека земјотресот бил со јачина од 3,9 степени според Рихтер. Граѓаните сведочат дека се почувствува силно во Сисак и во Петриња, а нешто послабо и во Загреб. Траел неколку секунди. […]

Шефицата на кабинетот на Меланија Трамп поднесе оставка по немирите


САД– Стефани Гришам, шеф на канцеларијата на „првата дама“ Мелани Трамп и поранешен секретар на Белата куќа за односи со медиумите, поднесе оставка вчера попладне по немирите. Членови на администрацијата и блиски соработници на американскиот претседател Доналд Трамп поднесоа оставки или најавија оставки денеска, ден откако приврзаниците на Трамп упаднаа во зградата на Конгресот, а […]

Американската трагедија


ЕРОЛ РИЗАОВ Америка и Македонија сега ќе можат да се споредуваат во една единствена работа – 27 април 2017 и 6 јануари 2021 година   Не верувам дека има човек во Македонија кој ги следеше настаните во живо од американската трагедија во зградата на Конгресот во Вашингтон, кој не помисли на тоа што се случуваше […]

Две лица со тешки повреди од остар предмет


Две лица од селото Сингелиќ и Арачиново синоќа се здобиле со тешки телесни повреди од остар предмет. Полицијата соопшти дека синоќа во 19:55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на бензинската пумпа на подрачје на Гази Баба има едно повредено лице. Оттаму посочуваат дека подоцна била добиена информација дека со патничко моторно […]

Испораката на вакцини во рамки на Ковакс до крајот на јануари, вели шефицата на СЗО за имунизација


Испораката на вакцини против Ковид-19 во рамки на Ковакс механизмот, координирана од Светската здравствена организација (СЗО) за поддршка на земјите со помали приходи, може да започне овој месец, изјави денеска шефицата на СЗО за имунизација Кетрин О’Брајан. – Потребни ни се околу 7 милијарди долари за да доставиме доволно вакцини во овие земји до крајот на 2021 […]

Фејсбук ја продолжува блокадата на налозите на Трамп до 20 јануари 


САД – Фејсбук го блокира претседателот Доналд Трамп на своите платформи, вклучително и Инстаграм, на неодредено време, барем до крајот на неговиот мандат на 20 јануари, соопшти денеска Марк Закерберг.  – Шокантните настани во изминатите 24 часа јасно укажуваат дека претседателот Доналд Трамп остатокот од своето време во Белата куќа има намера да го користи […]

Шестнаесетгодишно момче ракувајќи со воздушна пушка повредил малолетник


Шестнаесетгодишно момче од тетовското село Врапчиште ракувајќи со воздушна пушка повредил друг малолетник од истото село. Повреденото момче е префрлено во приватната болница „Систина“ во Скопје каде му е укажана лекарска помош.   Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека инцидентот бил пријавен вчера во 14:10 часот во СВР Тетово. Немилиот настан се случил на […]

Безбедносни пропусти ѝ овозможија на толпата на Трамп да упадне во Конгресот


Имаше многу пропусти – од лоша подготовка за настанот до избегнување на милитаристичките сцени од летото кога полицијата жестоко ги задуши протсетите против полициското насилство   Крвавиот хаос во американскиот Капитол во средата се случи откако полициските сили што го штитат законодавниот комплекс беа совладани од толпа приврзаници на Трамп во она што претставниците на […]

Моќно трио од ЛВМХ ќе го води „Тифани“ до луксузен мегабренд


Франција- Откако моќната француска луксузна групација ЛВМХ по драматичен пат стана сопственик на легендарната американска златарница „Тифани“ избрано е моќното трио кое ќе го води брендот до мегабренд. Извршниот директор на Луј Витон, Ентони Ледру, е избран за извршен директор  на „Тифани“. Александар Арно, директор на „Римова“ од 2017 година и втор најстар син на […]

Хаосот во Вашингтон го урна имиџот на светилникот на демократијата


  Хаосот во Конгресот сериозно го наруши имиџот на Америка како светилник на демократијата, сојузниците не беа во можност да го смират шокот, а авторитарните режими уживаа задоволно. Во нормални времиња, толпа што беснее во законодавниот дом и бара поништување на изгубените избори, ќе ги принуди американските дипломати да брзаат кон своите компјутери и да […]

Бројот на заразени во Шведска е неколкупати поголем од соседните држави


  Бројот на новозаразени од корона вирус во Шведска од 5 јануари порасна за 12.536, покажаа денешните податоци на Агенцијата за здравје. Вкупниот број заразени од корона вирус во Шведска е 494.820, пренесе порталот Ворлдометерс. Во Шведска од 5 јануари забележани се 277 смртни случаи од корона вирус, па вкупниот број починати досега изнесува 9.262, […]

Симеоне може да ја предводи репрезентацијата на Аргентина


Аргентинската фудбалска федерација размислува да го покани Диего Симеоне на функцијата селектор на националниот тим, пренесува „Ел Чирингито“. Договорот на 50-годишникот со Атлетико е потпишан до крајот на сезоната 2021/22. Симеоне го предводи Атлетико Мадрид од декември 2011 година. Под негово водство, тимот ја освои шампионската титула, Купот на Шпанија и Суперкупот, двапати Лигата на […]

ФАО: Светските цени на храната во декември на највисоко ниво


Светските цени на храната во декември 2020 година продолжија да растат седми месец по ред, со пораст на сите клучни категории намирници, освен шеќерот, објави денеска Агенцијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Индексот на ФАО, кој ги мери месечните промени на цените во кошницата за основни прехранбени производи, која се состои од […]

Историја на нападите врз Конгресот на САД


На 6 јануари 2021 година, поддржувачите на Доналд Трамп упаднаа во Капитолот во Вашингтон за време на широкото заседание на двата дома на Конгресот на САД за сертификација на резултатите од претседателските избори одржани во ноември 2020 година. Во хаосот и нередите загинаа четири лица. Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, во минатото, […]

Бундестагот го зајакнува обезбедувањето – страв од случувања како во Вашингтон


  Долниот дом на германскиот парламент – Бундестаг сака, по инцидентите во американскиот Конгрес, да го зајакне своето обезбедување. Можноста се разгледува поради тоа што кон крајот на август активисти против носење маски се обидоа да влезат во зградата. Претседателот на Бундестагот Волфганг Шојбле денеска изјави дека сака за безбедноста на парламентот да разговара со […]

Модерна: Нашата вакцина ќе обезбеди заштита до две години


Вакцината на „Модерна“ најверојатно ќе може да обезбеди заштита до две години, изјави денеска Стефан Бансел, извршен директор на таа фармацевтска компанија од Кембриџ, во американската држава Масачусетс. Американската компанија, која минатата година го изненади светот правејќи вакцина за само неколку недели, вчера доби дозвола за употреба во Европската унија од европското регулаторно тело. – […]

Во Србија помалку од 2.000 новозаразени


  Во Србија во последните 24 часа заразени се уште 1.787 лица, а починаа 35 пациенти, На респиратори во болниците се 229 пациенти, а во болниците има 6.311 на лекување. Во последните 24 часа на корона вирус се тестирани 8.845 лица. Во последните денвои кај нашиот северен сосед се забележува помал број новозаразени, а лекарите […]

Во Шпанија забележана најниска тепература во историјата – 34 степени Целзиусови


  Обилни снежни врнежи и ледени ветрови ја погодија Шпаниа, а температурата која падна со – 34 степени Целзиусови е најниската некпгаш забележана на Пиринејскиот полуостров, соопшти нивната Државна метеоролошка служба. Таа темература е забележана на станицата во Арагон во шпанските Пиринеи во 5.19 часот во средата. Ова е пониска температура за два степени од […]

На Бензема ќе му се суди за уцена на Валбуена


Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема ќе се соочи со судење за уцена на играчот од средниот ред на Олимпијакос, Матје Валбуена, пренесува „Ле Паризиен“. Случајот ќе биде разгледан во Версај. Бензема, според истражителите, бил посредник во 2015 година и го поттикнал Валбуена да им плаќа на уценувачите кои поседувале интимно видео од фудбалерот. Поради […]