Запознајте го типот со роговите кој упадна во Капитол


 

Фотографиите и снимките на упадот на поддржувачите на Трамп во Конгресот синоќа го обиколија целиот свет.

Иако на фотографиите и снимките од Конгресот имаше многу впечатливи глетки, еден од припадниците на демонстрантите кој предизвика најголемо внимание е маж на 30-тина години со лицето обоено во боите на американското знаме, кој на главата носеше крзнена капа со рогови.

Како што пишува Си-ен-ен, се работи за Џејк Ангели, кој е познат како Канонов шаман. Канон е веројатно најлудата теорија на заговор која произлезе од четиригошниот мандат на Трамп во Белата куќа.

Следбениците на теоријата на заговор веруваат дека група педофили кои ја обожуваат Сатаната влегла во највисоките редови на американската власт, а против неа се бори Доналд Трамп.

Ангели вчера, откако со остатокот на демонстрантите насилно упадна во зградата на американскиот Конгрес, одеше низ зградата носејќи американско знаме прицврстено за копје и мегафон. Во еден момент е снимен како без маица стои на говорницата на Сенатот.

Си-ен-ен денеска се обиде да стапи во контакт со Ангели, кој живее во сојузната држава Аризона. Но, не успеале да дојдат до него, а се јавил неговиот роднина Адам, кој потврдил дека се работи токму за Џејк Ангели како типот со рогови. Го опишал како патриот.

Неговата Фејсбук страница е преполна со објави во кои се шири Каноновата тероија на заговор, при што некои имаат насилен карактер.

„Нема надеж дека ќе го преживееме нападот на непријателот се додека не ги обесиме предавниците кои се кријат меѓу нас“, стои во една од објавите.

На една фотографија на Фејбук, Ангели е прикажан како стои во крзно со рогови, а во рацете има пушка.

Ангели во последните месеци редовно ги посетуваше собирите на Трамп во Аризона.