Бектеши: Помошта за „Купувам домашно“ ќе може да се користи и по 25 декември


Проектот „Купувам домашно“ е за да се поттикне домашното производство и така и се спроведе претходно. Сега се реализира втор пат за да им помогнеме на оние категории граѓани кои не беа помогнати со третиот сет економски мерки. -Рокот е многу краток за граѓаните да ги добијат средствата на платежни картички и затоа во рамките …

Бектеши: Помошта за „Купувам домашно“ ќе може да се користи и по 25 декември Read More »

Загадувачите, покрај казната, ќе треба да ја надоместат и сторената штета


Соочени со бројните долгогодишни предизвици на животната средина во време на пандемија се фокусиравме на воведување на политики кои ќе обезбедат подобра имплементација на еколошките стандарди и заштита на нашата околина, но и преземавме конкретни мерки за обезбедување на правото на здрава животна средина на секој граѓанин. Но, морам да укажам дека борбата со загадувањето …

Загадувачите, покрај казната, ќе треба да ја надоместат и сторената штета Read More »

Земјотрес од 3,3 степени по Рихтер во Гостиварско


Земјотрес со интензитет од 3,3 степени по Рихтер е регистриран попладнево во 12:57 часот во гостиварскиот регион. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет информира дека епицентарот на земјотресот е на 60 километри југозападно од Скопје, односно во епицентралното подрачје Гостивар-Тетово. Земјотресот е почуствуван во околината на Гостивар, Кичево и Маврово и околината со интензитет од три …

Земјотрес од 3,3 степени по Рихтер во Гостиварско Read More »

Судење за „27 април“: Зошто телеком операторите предале отворени, а не заштитени податоци


Нејасно е зошто податоците за телефонските броеви телеком операторите ги предале отворени, а не заштитени при пренос од кај нив до Јавното обвинителство, рече вешто лице од областа на информатичката технологија, сослушано како сведок на одбраната на денешното судење за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година. Сведокот Мирослав Котевски, вешто лице …

Судење за „27 април“: Зошто телеком операторите предале отворени, а не заштитени податоци Read More »

Шахпаска: Ако продолжи корона кризата, социјална заштита ќе им треба на нови 6.000 семејства


Оние самохрани родители што не успеаjа да аплицираат за поддршката од 6.000 денари, Владата ќе размислува да ги опфати во следниот период, со некоја нова мерка, рече денеска министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска. Според Шахпаска, ако продолжи корона кризата, догодина се очекува во системот за социјална заштита да влезат уште 6.000 семејства. …

Шахпаска: Ако продолжи корона кризата, социјална заштита ќе им треба на нови 6.000 семејства Read More »

ИЈЗ: Намален бројот на новозаболени и починати од Ковид-19


Намален е бројот на новодијагностицирани и починати, како и на процентот на позитивни од тестирани за Ковид-19 во периодот од 14 до 20 месецов споредено со претходната недела, покажуваат податоците од денеска објавениот неделен извештај на Институтот за јавно здравје. Тоа, посочуваат оттаму, е тренд во изминатите три недели. Во тој период се пријавени 159 …

ИЈЗ: Намален бројот на новозаболени и починати од Ковид-19 Read More »

Нуредини: Во владина процедура е план за заштита на Преспанското Eзеро


Изработен е итен акциски план за заштита на Преспанското Eзеро кој е придружен и со финансиска конструкција. Планот е во владина процедура за усвојување, информира министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Тој се надева дека активностите од овој план ќе почнат наскоро да се спроведуваат и на таков начин, како што рече, …

Нуредини: Во владина процедура е план за заштита на Преспанското Eзеро Read More »

Пешак загина на патот Струга – Ќафасан, возачот на автомобилот побегнал


Педесет и две годишен пешак од Струга загинал во сообраќајна незгода, откако во него удрило моторно возило во близина на индустриската зона во Струга. СВР Охрид соопшти дека незгодата се случила на 21-ви овој месец во 20 часот и 55 минути на магистралниот пат Струга – Ќафасан, кога непознато моторно возило удрило во пешакот Н.Н.(52) …

Пешак загина на патот Струга – Ќафасан, возачот на автомобилот побегнал Read More »

Данска го забрани одгледувањето визони до крајот на 2021 година


Данскиот Парламент синоќа ја усвои забраната за одгледување визони до крајот на 2021 година, во обид да се спречи пренесувањето на коронавирусот од животни врз луѓе. “Данските одгледувачи на визони ја жртвуваа својата работа за општото добро. Ние им должиме голема благодарност”, напиша на Твитер министерот за храна, земјоделство и риболов, Расмус Прен, вчера веднаш …

Данска го забрани одгледувањето визони до крајот на 2021 година Read More »

КОВИД-19 пристигна на Антарктикот, заразени 36 чилеански војници


На Антарктикот се потврдени 36 случаи на Ковид-19, така што повеќе нема континент на кој коронавирусот не е присутен, јавија денеска австралиските медиуми. Австралискиот канал Еј-Би-Си јави дека 36 Чилеанци имале позитивен тест за коронавирусот во воената база на Антарктикот, што значи дека за овој континент повеќе не важи тврдењето дека е единствен без вирусот. Еј-Би-Си се повика на …

КОВИД-19 пристигна на Антарктикот, заразени 36 чилеански војници Read More »

Асоцијацијата за електронска трговија со поддршка за интернет игрите на среќа- важни се за Буџетот, но и за е-трговијата


Интернет игрите на среќа кои беа овозможени првпат со Уредбата со законска сила за примена на Законот за игри на среќа и забавни игри за време на вонредна состојба имаат значаен придонес во растот на онлајн трансакциите, сметаат од Асоцијацијата за електронска трговија и ја оценуваат како ефиксна мерка во справување со спречување на ширењето …

Асоцијацијата за електронска трговија со поддршка за интернет игрите на среќа- важни се за Буџетот, но и за е-трговијата Read More »

Клуге: СЗО свикува состанок за новиот вид на корона вирус


Светската здравствена организација (СЗО) ќе свика состанок на членките да ги разгледа стратегиите за борба против новиот, позаразен вид на корона вирус што се појави во Велика Британија, изјави денеска шефот на СЗО за Европа,Ханс Клуге,  не прецизирајќи го датумот на состанокот. „Ограничувањето на патувањата со цел да се сузбие ширењето на вирусот е мудро …

Клуге: СЗО свикува состанок за новиот вид на корона вирус Read More »

„Фактор“: „Пуцко Петрол“ го купи земјиштето на „Алумина“, Израелците се повлекуваат


Нафтената компанија „Пуцко Петрол“ за 18 милиони евра го купи земјиштето на поранешната фабрика „Алумина“, од околу 42 илјади метри квадратни, кое досега беше во сопственост на израелската компанија „Газит глоуб“, пишува „Фактор“, додавајќи дека компанијата си заминува од земјава. Со платените даноци и другите давачки сумата се искачува на 24 милиони евра. Инвестицијата за …

„Фактор“: „Пуцко Петрол“ го купи земјиштето на „Алумина“, Израелците се повлекуваат Read More »

Недостигот на чипови го попречува производството на лаптопи и паметни телефони


Производителите на автомобили и електронски уреди, од телевизори до паметни телефони, предупредуваат на глобален недостиг на чипови што предизвикува доцнења во производството, и тоа во време кога потрошувачката закрепнува од кризата предизвикана од корона вирусот. Проблемот има неколку причини, велат раководителите на индустријата и аналитичарите, вклучително и пожар во една јапонска фабрика за чипови, затворање …

Недостигот на чипови го попречува производството на лаптопи и паметни телефони Read More »

Познат руски молекуларен биолог пронајден мртов во Санкт Петербург, паднал од 14-катница со убодна рана


Познатиот руски молекуларен биолог Александар Саша Кагански (45) е пронајден мртов во Санкт Петербург. Тој беше поврзан со Универзитетот во Единбург и е познат по својата работа во борбата против ракот. Кагански го загубил животот во саботата кога паднал од прозорец на 14-катница, а телото му го пронашол еден од соседите на тротоар пред зградата. …

Познат руски молекуларен биолог пронајден мртов во Санкт Петербург, паднал од 14-катница со убодна рана Read More »

Филипче: Бугарија дел од своите вакцини ќе ги донира за Македонија


Република Бугарија од секоја пратка на вакцини против Ковид 19, кои директно ги купиле од производителите, дел ќе донира и на нашата земја. Ова утрово беше одлучено на владината седница во Софија каде свое обраќање имаше и министерот за здравство д-р Венко Филипче. Со оваа одлука во нашата земја вакцини против Ковид 19 ќе стигнуваат …

Филипче: Бугарија дел од своите вакцини ќе ги донира за Македонија Read More »

Главниот германски вирусолог: Само политичарите тврдат дека новиот сој вирус 70 отсто побрзо се шири


Прашање е дали за забрзаниот пораст на бројот заразени на југоистокот на Англија е виновен новиот сој на корона вирусот иле се работи за нешто друго, смета водечкиот германски вирусолог. Зборувајќи за новиот сој корона вирус, кој изби во Велика Британија, Кристијан Дростен, се сомнева дека може да биде и друго, односно дека може едноставно …

Главниот германски вирусолог: Само политичарите тврдат дека новиот сој вирус 70 отсто побрзо се шири Read More »

Во општина Центар ќе се поправаат и санираат 13 покриви и 12 лифтови


Врз основа на Програмата за комунални дејности на Општина Центар за 2020 година, донесена од страна на Советот на Општина Центар, општината трета година по ред објави јавен повик за финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки кровни конструкции и постоечки лифтови на станбени згради. Во изминатите три години со проектот за поправка и …

Во општина Центар ќе се поправаат и санираат 13 покриви и 12 лифтови Read More »

Тројцата најбогати на планетава, годинава, нема да платат данок


  Откако Елон Маск неодамна се пресели во Тексас, сега сите тројца најбогати луѓе на планетава живеат во американски држави кои не собираат данок на доход. На почетокот на месецот, беше објавено дека Маск го напуштил својот дом во Калифорнија за да замине во Тексас, каде се гради новата фабрика на „Тесла“. Најбогатиот човек на …

Тројцата најбогати на планетава, годинава, нема да платат данок Read More »

Денеска во Србија пристигнуваат првите вакцини против Ковид-19


  На белградскиот аеродром денеска предтпладне пристигнуваат првите вакцини на „Фајзер“ против Ковид-19. Во контингентот има 4.800 парчиња вакцини, а според претходните најави, наменети се за корисниците на старечките домови. Во Србија од почетокот на епидемијата досега од корона вирус заболеа 303.747 лица, а забележани се 2.733‬ смртни слуачи, покажуваат податоците од страницата covid19.rs. На …

Денеска во Србија пристигнуваат првите вакцини против Ковид-19 Read More »