Тројцата најбогати на планетава, годинава, нема да платат данок


 

Откако Елон Маск неодамна се пресели во Тексас, сега сите тројца најбогати луѓе на планетава живеат во американски држави кои не собираат данок на доход.

На почетокот на месецот, беше објавено дека Маск го напуштил својот дом во Калифорнија за да замине во Тексас, каде се гради новата фабрика на „Тесла“.

Најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, кој има нето вредност од повеќе од 183 милијарди долари, живее во државата Вашингтон, Третиот по богатство, креаторот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, исто така живее во Вашингтон.

Тексас и Вашингтн се две од деветте американски држави кои не собираат данок на доход.. Останатите седум се Алјаска, Флорида, Невада, Њу Хемпшир, Јужна Дакота, Тенеси и Вајоминг, пишува Унилад.

Инаку, за Маск оваа година беше доста успешна. Неговот богатство е во пораст откако акциите на „Тесла“ растат. Пред четири дена, на 18 декември, неговите акции пораснаа за 6 отсто, поставувајќи највисоко ниво од 695 американски долари.

Во изминатите 12 месеци на својата нето вредност додаде повеќе од 127 милијарди долари. Според мислењето на Форбс, само неговата ракетна комапнија „Спејс икс“ сега се проценува на 46 милијарди долари.