Се степале оти кучето влегувало во дворот


Во петокот, во 17.50 часот во Полициско одделение Групчин лицето И.М. (43) од село Добарце пријавил дека истиот ден тој и неговиот внук биле физички нападнати од страна на лицата А.А. и Ф.А. Имено околу 09,00 часот најпрво во неговиот двор влегло лицето Ф.А. кој побарал од неговиот внук Е.М. да си го чува врзано …

Се степале оти кучето влегувало во дворот Read More »

Братот им го пресекол патот со автомобил, па им извадил пиштол


Во петокот, маж од Скопје пријавил дека на обиколница им се заканувале со пиштол. Имено, според билтенот на МВР, во петокот, во 16 часот во Единицата за известување и команда во Скопје, С. С. (43) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 13 часот додека заедно со неговиот брат И.С се движеле со неговото патничко …

Братот им го пресекол патот со автомобил, па им извадил пиштол Read More »

Спасовски: Сега е приоритет здравјето, по кризата разговори за политичките прашања


Не знаеме колку ќе трае оваа здравствена и економска криза и какви одлуки ќе бара да се носат. Затоа, логично е и политички одговорно да се поставиме соодветно и да овозможиме функционалност на Парламентот, доколку се покаже потребно. Очекувам сите политички субјекти да бидат на висина на одговорноста и да носат одлуки во интерес на …

Спасовски: Сега е приоритет здравјето, по кризата разговори за политичките прашања Read More »

Ковид-19 не го поштеди медицинскиот персонал во Франција


Франција е една од најпогодените земји во светот со епидемијата на Ковид-19, со вкупно 22 245 смртни случаи. Во првите редови на справувањето со епидемијата, медицинскиот персонал не е поштеден, околу 4 000  лица од приватниот сектор побарале боледување, а регистрирани се 21 смртни случаи кај лекарите исто така во приватниот сектор, а речиси 4 отсто …

Ковид-19 не го поштеди медицинскиот персонал во Франција Read More »

СЗО: Нема докази дека излекуваните од коронавирусот стекнуваат имунитет


Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека се уште нема докази дека луѓето кои прележале Ковид-19 и развиле антитела не можат повторно да се разболат. Во денешното соопштение на СЗО се предупредува да не се издаваат имунолошки пасоши, сертификати или одобрувања за враќање на работа на луѓе кои го прележале Ковид-19, затоа што со тоа …

СЗО: Нема докази дека излекуваните од коронавирусот стекнуваат имунитет Read More »

Хан најавува буџет на ЕУ со посилна моќ


Еврокомесарот Јоханес Хан најави буџет на ЕУ со јасно посилна моќ за следните три до четири години, со цел да се отстранат последиците од кризата со коронавирусот и да се преземат потребните инвестиции. Досегашните предлози за следниот повеќегодишен буџет мора да се прилагодат за да се стабилизира Европа, рече Хан во изјавата за агенцијата АПА. …

Хан најавува буџет на ЕУ со посилна моќ Read More »

Германски виролог предупредува на втор бран на коронавирусот во зима


Истакнатиот германски виролог Кристијан Дростен предупреди за втор бран на коронавирусот што може да се појави во зима. Раководителот на берлинскиот институт за вирологија во изјава за австрискиот јавен сервис ОРФ, рече дека пандемијата не треба да се смета за поразена. – Ние сме во средина на развојот на ситуацијата, ако не и на почеток, …

Германски виролог предупредува на втор бран на коронавирусот во зима Read More »

ВМРО-ДПМНЕ: Со одбивањето лидерска средба, СДСМ покажува незрел однос кон најважните државни прашања


ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ, со одбивањето да се свика лидерска средба, покажува незрел однос кон најважните прашања во државата. За ВМРО-ДПМНЕ приоритет не се изборите, туку здравјето на граѓаните и економијата, стои во партиската реакција по денешната прес-конференција на потпретседателот на СДСМ, Коста Петров кој рече дека сега нема потреба од лидерска средба, ниту е …

ВМРО-ДПМНЕ: Со одбивањето лидерска средба, СДСМ покажува незрел однос кон најважните државни прашања Read More »

Во Словенија потврдени 15 случаи на новозаразени со корона вирусот


Во Словенија се потврдени 15 нови случаеви на лица заразени со корона вирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана. Вчера лекарите направија вкупно 1.161 тестирања, а од почетокот на епидемијата за присуство на корона вирусот се проверени речиси 50.000 граѓани. Намалување има во бројот на хоспитализирани, па така во овој момент болнички поради Ковид-19 се …

Во Словенија потврдени 15 случаи на новозаразени со корона вирусот Read More »

СДСМ: Сега нема потреба од лидерска средба, ниту е време да се разговара за избори


СДСМ смета дека засега нема потреба од организирање лидерска средба. Во овој момент, според партијата, најважно е надминувањето на пандемијата со коронавирусот и решавање на економските последици од неа. Одговорајќи на новинарско прашање, потпретседателот на СДСМ, Коста Петров денеска на прес-конференција истакна дека не е ниту време да се разговара за избори. -Ние сметаме дека …

СДСМ: Сега нема потреба од лидерска средба, ниту е време да се разговара за избори Read More »

Сугарески: Продолжува изградбата на патиштата, гасоводот и другите инфраструктурни проекти


Реализирањето на проектите од инфраструктурата продолжува со несмалено темпо и ниту еден проект не е запрен поради пандемијата од коронавирус, рече денес на прес конференција министерот за транспорт Горан Сугарески. Презентирајќи ги податоците за првиот кватртал тој рече дека без патната инфраструктура, реализацијата нан проектите што се под Министерствот за транспорт изнесува 10 отсто, и …

Сугарески: Продолжува изградбата на патиштата, гасоводот и другите инфраструктурни проекти Read More »

Шпанец прошета риба во полициски час


Шпанците се досетија како да излезат надвор и покрај наредбата да останат дома поради спречување на ширењето на корона вирусот, па шетаа необични куќни миленичиња, пренесува Си-ен-ен. Ако за кучињата владите ширум светот одредуваа посебни сатници за шетање, Шпанците одлучија дека и на другите миленичиња им треба прошетка. Шпанската национална полиција во петокот објави фотографија …

Шпанец прошета риба во полициски час Read More »

Пендаровски најавува лидерска средба во првата половина на мај


Претседателот Стево Пендаровски планира да организира лидерска средба во првата половина на следниот месец. Како што потврдија за МИА од Кабинетот на претседателот, на средбата во мај ќе се разговара за натамошниот тек на политичкиот процес во земјата, како и за можните термини за одржување на следните парламентарни избори. – Во овој период сите напори …

Пендаровски најавува лидерска средба во првата половина на мај Read More »

Oбезбедeни 100.000 бесплатни маски за граѓаните на Куманово, Прилеп и Тетово


Владата обезбеди 100.000 заштитни маски за граѓаните на Куманово, Прилеп и Тетово, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување.Дирекцијата во текот на вчерашниот ден ги дистрибуираше маските кои ќе им бидат поделени на граѓаните. -Граѓаните на РСМ да ги почитуваат мерките за носење заштитни маски, да се почитува физичката дистанца и да се оддржува лична хигиена, …

Oбезбедeни 100.000 бесплатни маски за граѓаните на Куманово, Прилеп и Тетово Read More »

Франција го спасува „Ер Франс“ со седум милијарди евра


Француската влада синоќа објави дека со историски „седум милијарди евра“ ќе и помогне на авиокомпанијата „Ер Френс“, чија флота во голема мерка е приземјена поради забраната за патување поради пандемијата на коронавирусот. Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер изјави дека владата „ќе одвои четири милијарди евра за спас на националната авиокомпанија“ во форма на …

Франција го спасува „Ер Франс“ со седум милијарди евра Read More »

Поништена јавната набавка за респиратори


Министерството за здравство денеска информира дека двете компаниите што го добија тендерот за набавка на 31 респираторна машинa ги известиле дека нема да бидат во можност да ги испорачаат респираторните машини согласно договорот. Поради ова, јавната набавка се поништува и ќе биде повторно распишана. „Во меѓувреме, Македонија доби 12 респираторни машини од Европската унија со …

Поништена јавната набавка за респиратори Read More »

Фондот на наградната игра МојДДВ #МојаНаграда е намален за 4,4 милиони денари


МојДДВ и МојДДВ #МојаНаграда во духот на солидарноста се приклучуваат кон борбата против Covid-19. Дел од фондот #МојаНаграда ќе се насочи кон борбата против Covid-19, така што дневните награди ќе се сведат на 10 награди по 500 денари, додека месечните извлекувања од по 100.000 денари за мај и јуни нема да се одржат. Граѓаните ќе …

Фондот на наградната игра МојДДВ #МојаНаграда е намален за 4,4 милиони денари Read More »

Сопругата на претседателот со порака до жртвите на семејно и родово насилство: Постои излез, без разлика на пандемијата


Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, како дел од активностите за подигнување на јавната свест за прашањата кои ги погодуваат ранливите групи во време на кризата предизвикана од коронавирусот, сними видео порака со сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска на тема семејно и родово базирано насилство. Целта, како што се наведува, е да се упати …

Сопругата на претседателот со порака до жртвите на семејно и родово насилство: Постои излез, без разлика на пандемијата Read More »

Албанија од ЕУ доби 20.000 тестови за Ковид-19


Албанија ги доби најавените 20.000 тестови донација од Европската Унија. На директорката на Институтот за јавно здравје, Албана Фицо донацијата ѝ ја предаде амбасадорот на мисијата на ЕУ во Тирана, Луиџи Сореца. –Овие тестови ќе послужат  за поквалитетна анализа. Колку посигурни се тестовите, толку поефикасна е војната. ЕУ стои до Албанија. Солидарноста и соработката меѓу …

Албанија од ЕУ доби 20.000 тестови за Ковид-19 Read More »