СЗО: Нема докази дека излекуваните од коронавирусот стекнуваат имунитет


Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека се уште нема докази дека луѓето кои прележале Ковид-19 и развиле антитела не можат повторно да се разболат.

Во денешното соопштение на СЗО се предупредува да не се издаваат имунолошки пасоши, сертификати или одобрувања за враќање на работа на луѓе кои го прележале Ковид-19, затоа што со тоа се продолжува ризикот од ширење на корона вирусот.

Чиле минатата недела најави дека планира да воведе „здравствени пасоши“ и да ги издава на луѓе кои се излекувале од корона вирусот.