Шпанец прошета риба во полициски час


Шпанците се досетија како да излезат надвор и покрај наредбата да останат дома поради спречување на ширењето на корона вирусот, па шетаа необични куќни миленичиња, пренесува Си-ен-ен.

Ако за кучињата владите ширум светот одредуваа посебни сатници за шетање, Шпанците одлучија дека и на другите миленичиња им треба прошетка.

Шпанската национална полиција во петокот објави фотографија од човек кој е казнет заради „шетање“ на риба во аквариум во местото Логроно, град на северот на Шпанија.

Тој е казнет за прекршување на владините наредби за останување дома поради пандемијата.

Шпанската цивилна гарда пак, во Ланѕарото на 25 март казни лице кое шетало кокошка, на 16 март на Твитер полицијата објави снимка од маж кој на синџирче шета играчка.

Синдикатот на полицијата ги повика луѓето да не се обидуваат да ја измамат полицијата на овој начин.