Oткупувачите ветиле флексибилна и фер проценка на тутунот


Откупувачите ќе покажат конструктивен и флексибилен пристап при категоризацијата на тутунот и при проценката на одбитоци. Ова е договорено на денешната средба со премиерот, Зоран Заев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа. Како што информира владината прес-служба, откупувачите се согласиле да ги прифатат понудените количини од производителите кои, пак, ќе бидат обврзани […]

Заврши главниот дел од реконструкцијата на хидроелектраната „Вруток“


Заврши главниот дел од реконструкцијата за санирање на водостанските шахти на хидроелектраната „Вруток“ во рамките на ХЕС „Маврово“ вредна 3 милиони евра, информираат од Електрани на Северна Македонија. Како што се наведува во соопштението овој зафат се провлекувал како неопходност во АД ЕСМ во последните десет години но сега со овој проект ќе се овозможи […]

Вакцините ќе стигнат во март, најави министерот Филипче


Најавите преку Ковакс системот е дека вакцините против КОВИД-19 ќе ги добиеме во месец март, изјави министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција, одговарајќи на новинарско прашање. Според неговите информации таква е ситуацијата и во другите земји во регионот кои набавките ги вршат преку овој механизам. „Во разговор со грчкиот министер за здравство, тој […]

Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести – кафеаните ќе работат до 18 часот, забранети прославите


Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести – кафеаните ќе работат до 18 часот, а забранети се и прославите во периодот од 18 декември до 20 јануари на полноќ, соопшти денес на прес конференција премиерот Зоран Заев. „Ситуацијата налага акција и ние како одговорна влада ги преземаме овие рестриктивни мерки за време на […]

ВМРО-ДПМНЕ го „замрзна“ Пендаровски


ВМРО-ДПМНЕ бара лидерска средба, а се труди да не се одржи. Сега им пречи ако неа ја организира претседателот Стево Пендаровски, кој според нив го загубил кредибилитетот за организирање на лидерски средби откако на 13 август го доделил мандатот на Зоран Заев без доказ за поседување на парламентарно мнозинство, по што ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнало односите […]

Oбјавена нацрт верзијата на националната стратегија за земјоделство 2021-2027


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска, на својата веб страница, ја објави нацрт верзијата на националната стратегија за земјоделство и рурален развој за периодот 2021-2027 година. МЗШВ ги повикува сите земјоделци, производители на храна, жители на руралните средини, правни и физички лица, да ги достават своите предлози, мислења и коментари за финализирање на […]

Потврден првиот случај на корона вирус меѓу диви визони во Јута


Во близина на заразена фарма на визони во американската држава Јута потврден е првиот случај на Ковид-19 кај диви животни од овој вид, јави пренесува Би-Би-Си. Во предупредувањето издадено до Меѓународното здружение за заразни болести, американските ветеринарни служби соопштија дека дивиот визон кој бил позитивен на коронавирусот бил во близина на заразената фарма во Јута. […]

Барања за кредитната линија Ковид 3 од 31 милион евра ќе се поднесуваат од вечер на полноќ


Кредитни барања за третата бескаматна кредитна линија со грант компонента, Ковид 3, која ја реализира Развојна банка на Северна Македонија може да се поднесуваат од вечер на полноќ. Третата бескаматна кредитна линија се реализира со финансиска поддршка од Европска Унија преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата во вкупен износ до 30 милиони евра и со […]

Нов часовник „Армани“: Италијанска естетика, швајцарска прецизност


Италија- Џорџо Армани планира лансирање на фини часовници во соработка со луксузниот швајцарски производител на часовници  Parmigiani Fleurier. Ова е прв ваков проект за дизајнерот. Првите модели ќе бидат достапни од ноември 2021 година само во избрани бутици Армани низ целиот свет. Часовниците ќе бидат изработени целосно рачно и ќе бидат понудени во нумерирани изданија. […]

Ваучери од 200 евра за таблети и компјутери за 560.000 ученици и студенти во Грција


За 560.000 ученици и студенти, кои исполнуваат одредени и конкретни критериуми, Грција ќе обезбеди ваучери во висина од 200 евра за набавка на таблети, лаптоп или компјутери, јави дописничката на МИА од Атина. За снабдување опрема за следење на онлајн наставата и предавањата, грчката Влада преку Министерствата за финансии, развој и инвестиции, образование и религија, […]

Бесими најавува поголема отчетност на институциите со новиот Закон за внатрешна финансиска контрола


Нов систем на раководна отчетност во финансиското управување и контрола на институциите од јавниот сектор ќе се создаде со новиот Закон за системот на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими, на јавна дискусија за новиот Нацрт-закон.  Во наредниот период, како што соопштуваат од Министерството за финансии,  Министерството за финансии ќе работи […]

Даночни олеснувања и укинување на дополнителните трошоци за бизнисот, бара Стопанската комора


Да не ги обременуваме компаниите со дополнители, непотребни трошоци. Секое намалување на цените, на увозните и на извозните давачки, е плус за нив и за нивните партнери. Да им помогнеме да ја издржат кризата преку поедноставување или укинување на административни пречки и преку рационализирање на трговските процедури, порача денеска Стопанската комора на Македонија од граничниот […]

Книга за Матеја Матевски од Георги Старделов


По повод 90-годишнината од раѓањето на академик Георги Старделов, „Матица македонска“ ја објави неговата книга „Раѓањето на трагедијата – поезијата и поетското искуство на Матеја Матевски“. Во своето најново критичко-есеистичко дело авторот го анализира и вреднува богатиот поетски опус на познатиот писател, еден од најпреведуваните македонски автори во светот  и добитник на престижни национални и […]

СЗО бара нови извори за финансирање на борба против пандемијата


Швајцарија – Светската здравствена организација бара нови инструменти за финансирање за да обезбеди 28 милијарди долари (23,02 милијарди евра) за алатки за борба против пандемијата, изјави висок официјален претставник на организацијата и додаде дека се покажало оти финансирањето претставува „вистински предизвик“. – Тоа е вистински предизвик во денешното фискално опкружување, и покрај фактот дека ова е најдобрата понуда, […]

Ја потценивме виталноста на новиот коронавирус, вели шведскиот премиер Лофвен


Премиерот на Шведска, Стефан Лофвен денеска изјави дека експертите кои за време на првиот бран од пандемијата, кои се залагале да не се воведуваат рестриктивни мерки, ја потцениле виталноста на Ковид-19. – Мислам дека многумина не видоа каков бран се надвива над нас, истакна Лофвен во интервју за шведскиот дневен весник Афтенпостен. Шведската агенција за […]

Комерцијална банка донираше две амбулантни возила за полесно справување со КОВИД-19 (фото)


За потребите на здравствениот систем во борбата против КОВИД-19 денеска се донирани две амбулантни возила кои ќе бидат наменети за Здравствениот дом во Скопје и за Општата болница во Охрид. Донацијата е од Комерцијална банка во вредност од 336 илјади евра, а покрај возилата, вклучува и кислородни концентратори и околу 7..000 тестови. – Комерцијална банка […]

ССМ: Државата дозволи по четврти пат да биде ограбена од газдите


Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) бара итно од Управата за јавни приходи (УЈП) блокираните средства да ги прераспределат на сметките на оштетените работници за плата, за да можат работниците да го надминат тешкиот период за нив и нивните семејства. – Иако со поддршката за исплата на плати, која на барање на ССМ продолжи да […]

Си-Ен-Ен: Руски ракети предизвикаа аларм во американската база во Германија


Во американската авиобаза Рамштајн во Германија се огласи сирената за аларм за време на воената вежба во Русија, објави Си-Ен-ЕН повикувајќи се на неименувани извори од американската армија. Сирената се огласила како предупредување дека е истрелана балистичка ракета. Според прелиминарните информации алармот е исклучен откако извидувачките сателити на САД забележале лансирање на ракети кога руската […]

Захариева го споредува Тито со Хитлер, шири невистини за Македонија


Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева во своето најново интервју за германски „Ди Велт“ вели дека во Скопје повеќе не е популарна откако реагирала против прославата на 40-годишнината од смртта на југословенскиот лидер Јосип Броз Тито. „Тоа покажува недостаток на плурализам. Кон мене беа прилично брутални кога се осмелив да го искажам своето неразбирање […]