Си-Ен-Ен: Руски ракети предизвикаа аларм во американската база во Германија


Во американската авиобаза Рамштајн во Германија се огласи сирената за аларм за време на воената вежба во Русија, објави Си-Ен-ЕН повикувајќи се на неименувани извори од американската армија.

Сирената се огласила како предупредување дека е истрелана балистичка ракета.

Според прелиминарните информации алармот е исклучен откако извидувачките сателити на САД забележале лансирање на ракети кога руската подморница во Охотско Море тестираше четири ракети.

Од руската нуклеарна подморница „Владимир Мономах“ руската Тихоокеанска флота на 12 декември првпат истовремено лансираше четири балистички ракети „Булава“.