Два метра снег во Јапонија остави 10.000 домаќинства без електрична енергија


Обилниот снег во централниот дел на Јапонија и долж северниот брег предизвика прекин во снабдувањето со електричната енергија и околу 10.000 домаќинства се без струја. Во префектурите Нигата и Гунма снежната покривка изнесува околу два метра, Поради обилниот снег, што паѓа три дена, јапонскиот премиер Јошихаде Суга свика итен состанок со релевантните министри. 

Најдобриот европски филм „Уште една тура“ на репертоарот во кино „Милениум“


Од денеска (17 декември) филмот „Уште една тура“ во режија на Томас Винтерберг се наоѓа на репертоарот на кино „Милениум“. Филмот освои вкупно четири награди на Европските филмски награди, меѓу кои и главната за најдобар филм, за најдобар режисер, најдобар актер за Мадс Микелсен и за најдобро сценарио. „Постои теорија дека треба да бидеме родени …

Најдобриот европски филм „Уште една тура“ на репертоарот во кино „Милениум“ Read More »

Секој трет вработен во Ургентниот центар во Белград е заразен со корона вирус


Директорот на Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Србија, доктор Марко Ерцеговац, изјави дека околу една третина од здравствените работници во таа институција се заразени со коронавирусот, но оти повеќето имаат полесна клиничка слика. Ерцеговац за РТС изјави дека околу една третина од вработените се болни, но оти повеќето се добро. – Ако продолжи ова темпо, нема да има доволно време …

Секој трет вработен во Ургентниот центар во Белград е заразен со корона вирус Read More »

Веб страницата на Стопанската комора најдобар бизнис/корпоративен сајт за 2020 година


Оваа година, по единаесетти пат, македонската дигитална маркетинг агенција Медиа солушнс (Мedia Solutions) која е сопствeник на платформата keepaneye.mk, со поддршка на Министерство за култура, го организираа изборот за сајт на годината. Меѓу 533-те сајтови од целата држава, распределени во 19 категории, Стопанската комора на Македонија, која беше номинирана во категоријата „најдобар бизнис/корпоративен сајт“, го овои првото …

Веб страницата на Стопанската комора најдобар бизнис/корпоративен сајт за 2020 година Read More »

Угостителите се налутија, не сакаат празни ветувања


Се чудиме на ладнокрвноста и неодговорноста на владата и претседателот на владата на нашето итно барање за отворена јавна средба со учество на медиумите. И наместо претседателот на владата да излезе во медиумите со покана  угостителите добија празно ветување од министерот за економија Крешник Бектеши со вчерашните изјави дека цитираме: “..на почетокот на следната година …

Угостителите се налутија, не сакаат празни ветувања Read More »

Пленковиќ: Бројот на новозаразени се уште голем, да го одложиме дружењето


Бројот на новозаразени и смртни случаи од коронавирусот во Хрватска е се уште многу голем, но охрабрува фактот дека во последните седум дена има 6,5 проценти помалку заразени, изјави денеска премиерот Андреј Пленковиќ. Пленковиќ за утре најави пакет нови мерки за спречување на ширење на вирусот и предупреди дека ниту една мерка не може да …

Пленковиќ: Бројот на новозаразени се уште голем, да го одложиме дружењето Read More »

Од Ковид почина медицинска сестра од геронтолошкиот завод


Како последица на вирусот Ковид-19 почина 40-годишната медицинска сестра Ирена Дојчиновска Милошевска од геронтолошкиот завод „13-ти Ноември“ во Скопје, соопштуваат од ЗМСТАТ. Оттаму велат дека таа била голем борец и хуманитарец во, но и вон своите работни обврски. -Сакаме да апелираме и да потенцираме дека вирусот е навистина безмилосен и не постојат рамки на возраст …

Од Ковид почина медицинска сестра од геронтолошкиот завод Read More »

Оштетените штедачи од Еуростандард бараат брзо разрешување на случајот


 Оштетените штедачи од Еуростандард бака апелираат до надлежните институции да реагираат доследно и да го решат овој, како што наведуваат во соопштение, масовен криминал во сега веќе затворената Еуростандард банка. -Може веднаш да започнат со луѓето на раководни позиции во банката, оние кои го иницирале, организирале, развиле и спровеле криминалот преку делење на непокриени кредити, …

Оштетените штедачи од Еуростандард бараат брзо разрешување на случајот Read More »

Хелсиншки: Сo несоодветни раководни кадри во затворите ќе дојде до назадување на системот


 Хелсиншкиот комитет за човекови права и Македонското здружение на млади правници реагира на назначувањето на новите директори на казнено-поправните домови. Во соопштението тие укажуваат дека лицата кои раководат со овие установи мора да имаат претходно искуство во областа на извршувањето на санкциите и добро да ја разбираат проблематиката за да ја застапуваат установата и да …

Хелсиншки: Сo несоодветни раководни кадри во затворите ќе дојде до назадување на системот Read More »

Здружението на музички педагози реагира на новата концепција за основно образование


 Здружението на музички педагози реагира на најавената нова концепција за основно образование и во допис до медиумите укажува дека години наназад музичките педагози се оштетени со намалување на фондот на часови. Разгледувајќи други образовни концепции, како што наведува, увиделе дека предметот Музичко образование во нацртот  е застапен со најмал фонд на часови. – Со новата …

Здружението на музички педагози реагира на новата концепција за основно образование Read More »

Трамп на советници им рекол дека ќе одбие да ја напушти Белата куќа на 20 јануари


 Наспроти традицијата, сегашниот американски претседател Доналд Трамп не сака доброволно да ја напушти Белата куќа на денот на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден, јави Си-Ен-Ен. Трамп им порача на неколкумина свои советници дека на инаугурацијата на Бајден на 20 јануари, тој ќе одбие да ја напушти Белата куќа самоволно и ќе мора да биде …

Трамп на советници им рекол дека ќе одбие да ја напушти Белата куќа на 20 јануари Read More »

Париз плати казна од 90 илјади евра поради премногу жени на високи позиции во градската управа


Градските власти во Париз се казнети за ангажирање премногу жени на високи позиции, одлука што во вторникот ја исмејуваше како апсурдна градоначалничката Ан Идалго, објави „Гардијан“. Казната од 90.000 евра (109.369 американски долари) ја побара француското Министерство за јавна служба со образложение дека Градот Париз ги прекршил националните правила за родова еднаквост при вработувањето на …

Париз плати казна од 90 илјади евра поради премногу жени на високи позиции во градската управа Read More »

Нов Зеланд излезе од рецесија


Нов Зеланд и официјално излезе од рецесијата поврзана со пандемијата на коронавирусот откако забележа рекорден раст од дури 14 проценти во третиот квартал, покажуваат официјалните податоци објавени денеска. Нов Зеланд забележа пад на бруто домашниот производ (БДП) за 11 проценти во вториот квартал, за време на кој тој главно беше во карантин. Министерот за финансии …

Нов Зеланд излезе од рецесија Read More »

Може ли Ердоган да се помири со Западот?


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган беше почесен гостин во Азербејџан за време на воената парада во чест на победата на Турција над Ерменија, сојузник на Москва. Ако лидерот на Кремљ, Владимир Путин беше револтиран од инвазијата во неговиот поранешен советски двор, тој тоа не го покажа. Тоа беше само последната провокација од турскиот лидер и …

Може ли Ердоган да се помири со Западот? Read More »

НУК бара конкретни мерки за надомест на загубите, до утре очекува покана за средба од Владата


Независната угостителска комора со дел од здруженијата на угостители очекува до утре да добие покана од Владата за итна средба на која би се разговарало за новите рестриктивни мерки и за добивање директна финансиска помош за овој сектор. Во денешното соопштение наведуваат дека не сакаат празни ветувања од министри, туку конкретни владини мерки за надомест …

НУК бара конкретни мерки за надомест на загубите, до утре очекува покана за средба од Владата Read More »

На аеродромот во Љубљана ќе може да се тестираат патниците за Ковид-19


Патниците кои пристигнуваат на аеродромот во Љубљана сега ќе можат да бидат тестирани за новиот коронавирус на тој аеродром, објави операторот Фрапорт Словенија. „Инсталирањето место на нашиот аеродром ни дава надеж дека воздушниот сообраќај ќе закрепне побрзо и дека ќе се врати довербата“, рече директорот на „Фрапорт Словенија“, Змаго Скобир. Оние кои сакаат да бидат …

На аеродромот во Љубљана ќе може да се тестираат патниците за Ковид-19 Read More »

„Форбс“: Најбогатите луѓе на планетата годинава се збогатиле за уште 1,9 билиони долари


За време на пандемијата, од крајот на 2019 година до средината на декември 2020, повеќе од 2.200 милијардери во светот станале побогати за вкупно 1,9 билиони долари, објави денеска Форбс. Според изданието, вкупниот имот на најбогатите луѓе на планетата моментално е во висина од 11,4 билиони долари, а кон крајот на 2019 година неговата вредност …

„Форбс“: Најбогатите луѓе на планетата годинава се збогатиле за уште 1,9 билиони долари Read More »

СЗО: Во Африка не се подготвени за масовна вакцинација


Според Анализа на Светската здравствена организација, Африка не е подготвена да почне масовна вакцинација против новиот коронавирус. Континентот е подготвен за таа акција само 33 проценти, далеку под посакуваната бројка од 80 проценти. Анализата се заснова на фактори како што се план, финансирање, доверба во властите и друго. Бројот на потврдени случаи на Ковид-19 на …

СЗО: Во Африка не се подготвени за масовна вакцинација Read More »

Вухан почна да живее


  Ноќниот живот во Вухан се врати во нормала, седум месеци откако градските власти ги укинаа острите рестриктивни мерки поради пандемијата од корона вирусот. Една од првите која ги почувствува благодетите на ноќниот живот е Жанг Кјонг, која го прослави 29-тиот роденден со пријателите во една голема пивница. „Откако го поминав првиот бран на пандемијата …

Вухан почна да живее Read More »

Во Нов Зеланд ќе се вакцинира целото население во следната година


Нов Зеланд ќе почне со вакцинирање на целото свое население против Ковид-19 во втората половина на следната година. Ова ќе биде нејзината најголема програма за имунизација досега, рече премиерот Џасинда Ардерн. – Владата обезбеди две дополнителни вакцини од фармацевтските компании АстраЗенека и Новавакс и ќе има доволно дози за сите пет милиони Новозеланѓани, изјави Ардерн …

Во Нов Зеланд ќе се вакцинира целото население во следната година Read More »