Вухан почна да живее


 

Ноќниот живот во Вухан се врати во нормала, седум месеци откако градските власти ги укинаа острите рестриктивни мерки поради пандемијата од корона вирусот.

Една од првите која ги почувствува благодетите на ноќниот живот е Жанг Кјонг, која го прослави 29-тиот роденден со пријателите во една голема пивница.

„Откако го поминав првиот бран на пандемијата од корона вирус во Вухан, а потоа и ослободувањето од рестриктивните мерки, се чувствувам како да живеам друг живот“. вели Жанг, која работи во продавница за текстил во Вухан, град за кој многумина веруваат дека бил прво жариште на корона вирусот“, пренесе Ројтерс.

Додека таа и пријателите прославуваат роденден, надовр луѓето се радуваат, журки има по цел град, со еден збор, Вухан се претвори во фестивалски град.

Во Вухан не е забелеажана трансмисија на вирусот од 10 мај, додава Ројтерс.

За тоа време, остатокот од светот, а најмногу Европа и САД, затворија се пред претстојните новогодишни празници, затоа што броевите на новозаразени и починати ги соборуваат сите рекорди од ден во ден.