Веб страницата на Стопанската комора најдобар бизнис/корпоративен сајт за 2020 година


Оваа година, по единаесетти пат, македонската дигитална маркетинг агенција Медиа солушнс (Мedia Solutions) која е сопствeник на платформата keepaneye.mk, со поддршка на Министерство за култура, го организираа изборот за сајт на годината. Меѓу 533-те сајтови од целата држава, распределени во 19 категории, Стопанската комора на Македонија, која беше номинирана во категоријата „најдобар бизнис/корпоративен сајт“, го овои првото место, односно, на манифестацијата која на 16.12.2020 година се одржа онлајн, беше прогласена за победник во оваа категорија.

-Во име на тимот на Стопанската комора кој неуморно работеше на целосниот ре-дизајн на веб страницата кој стартуваше од јули годинава, сакаме да се заблагодариме на сите кои гласаа за нас и кои ни ја дадоа својата поддршка. Оваа награда ја посветуваме на нашите компании-членки кои и покрај сите предизвици со кои се соочуваат, во можеби најтешката година за живеење и работење предизвикана од светската пандемија со Ковид 19, покажаа упорност, борба, пожртвуваност и огромна општествена одговорност. Сајтот го креираме со многу голема стручност, професионализам, посветеност и знаење. Во него учествуваат не само експертските тимови кои директно работат на него, туку целиот коморски апарат распределен низ разните форми на организирање на Комората кои преку своите активности и информации кои ги пласираат создаваат платформа за поддршка на компаниите, наведуваат од Комората.