Студија: Најчесто се инфицираат со корона вирус луѓето кои остануваат во домовите со веќе заразени членови на семејството


Заразените членови на семејството се најчестиот извор на инфекција со корона вирус, велат научниците, кои ги објавија информации за нивната студија во списанието „Сајанс“. Кинески експерти анализирале податоци од 1.178 пациенти и 15.648 нивни блиски контакти во провинцијата Хунан за да го откријат најчестиот начин на пренесување на инфекцијата. Откриле дека ризикот од заразување со …

Студија: Најчесто се инфицираат со корона вирус луѓето кои остануваат во домовите со веќе заразени членови на семејството Read More »

Финската Влада договори стратегија за вакцинација против Ковид-19


Финската Влада денеска соопшти дека договорила национална стратегија за вакцинирање против Ковид-19. Властите планираат вакцините да бидат достапни за секого и да почнат со вакцинирање на избрани здравствен персонал од јануари натаму. – Целта на Финска е да го заштити целото население со бесплатна вакцина за сите оние кои сакаат да се вакцинираат и кои немаат здравствени …

Финската Влада договори стратегија за вакцинација против Ковид-19 Read More »

Во Италија, првпат, рекорден број излекувани од корона вирус за еден ден


Италијанските медиуми како прва вест, првпат од почетокот на пандемијата со Ковид-19, го наведуваат рекордниот број пациенти кои се опоравиле од коронавирусот – 38.740 лица за еден ден. Дневниот весник „Авенире“ пишува дека во моментов 761 илјади луѓе се позитивни на вирусот, од кои повеќето се во домашна изолација. Втора недела по ред се намалуваат …

Во Италија, првпат, рекорден број излекувани од корона вирус за еден ден Read More »

Колку време е потребно да се заразите, ако сте во соба со некој која има КОВИД-19? Пресметајте сами!


Математичарите од американскиот МИТ универзитет создадоа формула за пресметка на веројатноста од зараза со короннавирусот (линк)   Кои се шансите некој да добие коронавирус зависи од голем број варијабли… Од тоа – колку време една личност е изложена на вирусот, колку време поминала со заразено лице, под кои услови, до она што правеле и слично. …

Колку време е потребно да се заразите, ако сте во соба со некој која има КОВИД-19? Пресметајте сами! Read More »

Нè очекува просечно врнежлива зима со натпросечни темератури


Зимата 2020/2021 се очекува да биде со натпросечни темератури и просечно врнежлива, покажуваат хидрометеоролошките следења и прогнози. Како што соопшти УХМР, во однос на врнежите кои ќе бидат во рамки на просекот од периодот 1981 – 2010 година, мала е веројатноста за позитивно отстапување во источниот регион на Северна Македонија и за мало подпросечно отстапување …

Нè очекува просечно врнежлива зима со натпросечни темератури Read More »

Фаучи: Велика Британија не ја проучи вакцината внимателно за разлика од САД


Британските здравствени регулатори кои ја одобрија вакцината на Фајзер против Ковид-19 не ги проучувале податоците од студијата толку внимателно како што ги испитува американската Администрација за храна и лекови (ФДА) во својот преглед, тврди Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за алергии и заразни болести. – Начинот на кој го прави нашата ФДА е вистински …

Фаучи: Велика Британија не ја проучи вакцината внимателно за разлика од САД Read More »

Канабисот отстранет од списокот на најопасни дроги на ОН


Комисијата на ОН за наркотици го отстрани канабисот од списокот на најопасни дроги, на кој се наоѓаат и хероинот и синтетичките опијати. Канабисот е опфатен со Единствената конвенција за опојни дроги во 1961 година. Тој беше вклучен во категорија што дозволува национални забрани за дроги со „особено опасни својства“. Потегот на Комисијата на ОН за наркотици, чие седиште …

Канабисот отстранет од списокот на најопасни дроги на ОН Read More »

Прв состанок на платформата „За татковината со љубов“ иницирана од вицепремиерот Битиќи


Политики што резонираат со потребите на реалниот сектор и на потребите на граѓаните како и наоѓање на системски решенија за решавање на проблемите се вредности по кои се водам при секојдневното донесување на одлуки. За да сме сигурни дека решенијата и политиките се одржливи и соодветни, сметам дека е од исклучителна важност тие да се донесени …

Прв состанок на платформата „За татковината со љубов“ иницирана од вицепремиерот Битиќи Read More »

Култното Ателје 212 со „Лоунли планет“ денес на 45. МОТ


На Млад отворен театар вечер гостува Ателје 212 од Белград со две изведби (18 и 20 часот) на претставата „Лоунли планет – туристичка тура низ дис(у)топија“ во Младинскиот културен центар. Пет писатели –  Маја Пелевиќ, Олга Димитријевиќ, Тања Шљивар, Игор Коруга и Димитрије Коканов се автори на текстот и се изведувачи на претставата. – Таа …

Култното Ателје 212 со „Лоунли планет“ денес на 45. МОТ Read More »

Филмови на Митко Панов во Кинотека од 8 до 10 декември


Кинотеката ќе прикаже пет филма од режисерот, сцанерист и продуцент Митко Панов од 8 до 10 декември. Филмската ревија ќе почне во вторник од 18 часот со краткиот документарец „Со кренати раце“ од 1985, негов студентски филм во полска продукција, кој во 1991 доби „Златна палма“ на фестивалот во Кан за најдобар краткометражен филм. Во продолжение …

Филмови на Митко Панов во Кинотека од 8 до 10 декември Read More »

Д-р Пановски: До септември би требало да живееме нормално


Микробиологот проф. д-р Никола Пановски во гостувањето на Студио 10 на ТВ24, рече оти смета дека до средината на следната година, најверојатно народот ќе стекне природен имунитет на Ковид-19, а вакцините може да помогнат. „33.000 дози од вакцината против Ковид не се многу, ама ќе помогнат во февруари, таму каде се најпотребни. Здравствените работници ќе …

Д-р Пановски: До септември би требало да живееме нормално Read More »

Преку ноќ се појавуваат и исчезнуваат монолити – дали е измама?


Интернетот има нова занимација за ширење на теории на заговори. Овој пат со необични и мистериозни монолити кои се појавија на повеќе локации во САД и во Романија. Монолитот во Националниот парк во Јута беше најатрактивен бидејќи беше идентично изработен како монолитот од култниот филм „Одисеја 2001“ на Стенли Кјубрик. По зголемениот интерес на туристите, …

Преку ноќ се појавуваат и исчезнуваат монолити – дали е измама? Read More »

Мицотакис: Со правилни мерки, ќе успееме да се справиме и со вториот бран од пандемијата


Вториот бран се покажа како поголем предизвик за нашата земја, но, јас сум оптимист дека со правилни мерки ќе можеме да се справиме и со вториот бран, истакна премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис за време на неговото учество на Грчкиот економски Самит организиран од грчко –американската трговска комора, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис …

Мицотакис: Со правилни мерки, ќе успееме да се справиме и со вториот бран од пандемијата Read More »

Директорот на „Фајзер“: До крајот на 2021 година ќе има повеќе вакцини од потребното


Генералниот директор на компанијата „Фајзер“ Алберт Бурла апелираше на владите низ светот да не ги отвораат економиите премногу брзо поради оптимизмот од потенцијални вакцини против Ковид-19. – Имајќи го предвид притисокот за отворање на економиите, владите не треба да направат грешка и веднаш да ги олеснат рестриктивните мерки, истакна Бурла на една онлајн конференција. Според …

Директорот на „Фајзер“: До крајот на 2021 година ќе има повеќе вакцини од потребното Read More »

Снег предизвика проблеми во јужниот и источниот дел на Австрија


Врнежи од снег ги зафатија југот и истокот на Австрија и предизвикаа проблеми на повеќе патишта. Обилните врнежи почнале во текот на ноќта во јужниот дел на земјата, а потоа снегот стигнал и до истокот, а со тоа и во главниот град Виена. Во Виена прво врнел леден дожд, кој се претвори во снежни врнежи, поради што …

Снег предизвика проблеми во јужниот и источниот дел на Австрија Read More »

Зошто молчи Захариева?


Во пресрет на новата средба на Историската комисија, која се претвори во тоа што се очекуваше – алатка на политиката, паѓа во очи дека тие што ја испровоцираа целата оваа мизерија во односите меѓу Бугарија и Македонија, одеднаш замолчеа   Слободанка Јовановска Зошто се сокри Екатерина Захариева, каде го снема Красимир Каракачанов, дали се менуваат …

Зошто молчи Захариева? Read More »

„Политико“: Вархеји и ЕПП се премногу меки кон Софија за блокадата на Скопје


Еврокомесарот за добрососдество и проширување Оливер Вархеји е премногу мек кон Софија во однос на блокадата на Северна Македонија, пишува „Политико“ во својата анализа за работата на комесарите во изминатава година. Како најлош момент во работата на Вархеји, „Политико“ ја наведува токму блокадата на Бугарија кон земјава, поради билатералниот спор за јазикот и идентитетот. -Блокадата …

„Политико“: Вархеји и ЕПП се премногу меки кон Софија за блокадата на Скопје Read More »

Максим Димитриевски се огради од ставовите на Бучковски за Бугарија


Откако деновиве поранешниот премиер Владо Бучковски беше поставен на специјален претставник во односите со Бугарија, многумина од владејачката СДСМ го поддржа, но има и такви кои отворено се спротивставија на изнесените ставови.   Меѓу вториве е и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој на социјалните мрежи напиша дека како активен социјалдемократ јавно се оградува од …

Максим Димитриевски се огради од ставовите на Бучковски за Бугарија Read More »

Добитна лотокомбинација – 5, 6, 7, 8, 9 и 10 предизвика обвинувања за измама


Добитната комбинација од последното коло на Играта на лотарија во Јужна Африка, при што беа извлечени броевите 5, 6, 7, 8 и 9, предизвика обвинувања дека станува збор за измама. На националната лотарија Пауербол беше извлечен и џокер-бројот којшто гласи – 10. Според организаторите, комбинацијата ја погодиле 20 лица, од кои секој освоил 5.670.000 јужноафрикански …

Добитна лотокомбинација – 5, 6, 7, 8, 9 и 10 предизвика обвинувања за измама Read More »

Кандидатурата на Македонија за претседавање со ОБСЕ на министерскиот состанок во Тирана


На годишниот министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа -ОБСЕ кој се одржува денеска и утре во Тирана треба да биде разгледана кандидатурата на С Македонија за претседавање со организацијата во 2023 година. Кандидатурата е на предлог на македонското МНР, а со одлука на Владата. Министерот за надворешни работи Бујар Османи во …

Кандидатурата на Македонија за претседавање со ОБСЕ на министерскиот состанок во Тирана Read More »