Кандидатурата на Македонија за претседавање со ОБСЕ на министерскиот состанок во Тирана


На годишниот министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа -ОБСЕ кој се одржува денеска и утре во Тирана треба да биде разгледана кандидатурата на С Македонија за претседавање со организацијата во 2023 година.

Кандидатурата е на предлог на македонското МНР, а со одлука на Владата. Министерот за надворешни работи Бујар Османи во текот на ноември соопшти дека со писмо го известил премиреот на Албанија Еди Рама, сегашен претседавач на ОБСЕ, со што и формално нашата кандидатура ќе биде ставена на дневен ред на декемврискот состанок на Организацијата.

С Македонија годинава одбележа 25 години од членството во ОБСЕ и ова е прва кандидатура за претседавање со организацијата.

– Претседавањето со ОБСЕ ќе придонесе кон едно ново, подобро меѓународно позиционирање на Република Северна Македонија како конструктивен актер и контрибутор во промоција на заложбите на ОБСЕ, а  индиректно ќе се создаде и можност да се манифестира институционален капацитет кој се очекува од земја членка на НАТО и идна земја членка на ЕУ, истакна министерот за надворешни работи, истакна тогаш Османи.

На годишниот министерски совет на ОБСЕ во Тирана се очекува земјите членки да постигнат договор за избор на неколку најважни позиции во оваа најголема регионална безбедносна организација.