Преку ноќ се појавуваат и исчезнуваат монолити – дали е измама?


Интернетот има нова занимација за ширење на теории на заговори. Овој пат со необични и мистериозни монолити кои се појавија на повеќе локации во САД и во Романија.

Монолитот во Националниот парк во Јута беше најатрактивен бидејќи беше идентично изработен како монолитот од култниот филм „Одисеја 2001“ на Стенли Кјубрик.

По зголемениот интерес на туристите, четврорица локални жители го отстраниле монолитот за да не дојде до загадување на животната средина од зголеменото присуство на луѓе.

Очигледно тактиката за привлекување на туристи е повторена на неколку локации во САД додека пак за Романија се претпоставува дека поставениот монолит е од поодамна и нема поврзаност со новите атракции.

Сепак, и покрај сите рационални објаснувања, на социјалните мрежи многумина го искористија моментот да шират паника и теории на заговори.