Во САД трет ден рекорден број на новозаразени


САД трет ден по ред регистрираат рекорден број новозаразени со коронавирусот. Според Универзитетот Џонс Хопкинс, во последните 24 часа во САД се потврдени речиси 230.000 нови случаи на Ковид-19, а 2.527 луѓе починале од последици од болеста. САД вкупно имаат повеќе од 14 милиони потврдени случаи на коронавирус и се на првото место во светот. Американските здравствени власти предупредуваат на нагло зголемување …

Во САД трет ден рекорден број на новозаразени Read More »

Треба да се вакцинираат седум милиони луѓе, вели Собјанин, градоначалникот на Москва


Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин изјави дека во рамките на борбата против ширењето на коронавирусот во Москва, потребно е да се вакцинираат до седум милиони луѓе. – Мора да вакцинираме 6-7 милиони луѓе во иднина, а тоа не може веднаш да се започне. Потребно е постепено да се влезе во тоа и да се развијат механизми за дигитално регистрирање и логистика на движење …

Треба да се вакцинираат седум милиони луѓе, вели Собјанин, градоначалникот на Москва Read More »

Расте бројот на оздравени пациенти, но не се намалува бројот на починати


Бројот на активни случаи на Ковид-19 во државава изнесува 22.538. Од нив во Скопје се 10.852, во Прилеп, Тетово и Гостивар се над 1.000, во Куманово – 900. Во речиси сите останати градови има трицифрен број активни случаи. Расте бројот на оздравени пациенти, но не се намалува бројот на починати од Ковид-19. Според податоците од …

Расте бројот на оздравени пациенти, но не се намалува бројот на починати Read More »

Компанијата на милијардерот Безос ја носи првата жена на Месечината


Милијардерот Џеф Безос најави дека неговата компанија Блу Ориџин (Blue Origin) ќе ја однесе првата жена на Месечината. – Ова е моторот (BE-7) што ќе ја однесе првата жена на Месечината, објави Безос на Инстаграм, со снимка од проверката на моторот во центарот за испитување на американската вселенска агенција НАСА во Алабама. „Блу Ориџин“ со …

Компанијата на милијардерот Безос ја носи првата жена на Месечината Read More »

Два дена до денот „Д“ – може ли Бугарија да се откаже од најавеното вето за преговори на С. Македонија со ЕУ


На два дена од Европскиот совет на 8 декември премиерот Зоран Заев не го напушта оптимизот дека сепак е можно Бугарија да се откаже од најавеното вето за почеток на пристапните преговори за С. Македонија до крајот на годинава во рамки на германското претседателство. Потврди дека со Република Бугарија се постојано отворени каналите за комуникацијата …

Два дена до денот „Д“ – може ли Бугарија да се откаже од најавеното вето за преговори на С. Македонија со ЕУ Read More »

Забрана за собири и протести во Грција на 12-годишнината од убиството на Григоропулос


Забрана за секаков вид собири на четири или повеќе лица, од 5 часот утрово е во сила во Грција, на денот на 12-годишнината од тинејџерот Алексис Григоропулос, со оглед на тоа дека секоја година, традиционално на 6 декември се одржуваат низа протести, јави дописничката на МИА од Атина. Грчката полиција соопшти дека одлуката е „поради …

Забрана за собири и протести во Грција на 12-годишнината од убиството на Григоропулос Read More »

На митинг во Џорџија Трамп со бараж од поплаки за изборите


Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа на митинг во Џорџија поддржа двајца републикански кандидати за во Сенатот, се пожали за својот пораз, и ги повика гласачите од оваа држава да гласаат за републиканците. Ова беше прв партиски митинг на Трамп по неодамнешните избори и иако загуби, веднаш посочи дека тој бил всушност победникот во претседателска трка. Како што …

На митинг во Џорџија Трамп со бараж од поплаки за изборите Read More »

Од денеска нова директна авиолинија помеѓу Скопје и Киев


На Скопскиот аеродром од денеска ќе биде воспоставена нова авиолинија на релација Скопје – Киев. На настанот по повод одбележано новаата директна линија помеѓу Скопје и Киев ќе се обратат Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија, Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и Наталиjа Задорожњук, Амбасадорка на Украина во земјава. Новите летови, што се …

Од денеска нова директна авиолинија помеѓу Скопје и Киев Read More »

Филипче: Изборите на 13 декември ќе бидат целосно безбедни по здравјето


Претседателот на комисијата за здравство на СДСМ, Венко Филипче вечерва од Штип, во онлајн обраќањето до граѓаните истакна дека нема ниту еден подобар начин човек покаже и докаже дека се вложил себе, од спасување човечки животи. – Резултатот на доктор Сашко Николов е илјадници спасени животи, и тоа на врвен начин со ниво на експертиза …

Филипче: Изборите на 13 декември ќе бидат целосно безбедни по здравјето Read More »

Северна Македонија и македонската нација се „деца“ на антифашизмот


АКСЕЛ СОТИРИС ВАЛДЕН Улогата на Бугарија за време на војната не е билатерално прашање со Македонија. Фашистичката Бугарија окупираше делови од соседните земји (вклучително и Грција) и изврши злосторства. Негирањето на овие злосторства не може да биде предуслов за добри односи со денешна Бугарија   Министрите на ЕУ ќе дискутираат за почеток на пристапните преговори …

Северна Македонија и македонската нација се „деца“ на антифашизмот Read More »

Кога е сигурно да бидете покрај некој што оздравел од Ковид-19?


  Корона вирусoт продолжува да се шири во светот и се зголемуваат изгледите дека ќе знаете барем еден човек што боледувал од Ковид-19, а ако се во вашето најблиско опкружување се поставува прашањето колку време е потребно за опоравување и за сигурно воспоставување личен контакт. Со корона вирусот, главно, може да се заразиме по пат …

Кога е сигурно да бидете покрај некој што оздравел од Ковид-19? Read More »

Во Србија лути на веста дека ЕУ годинава нема да отвора нови поглавја со Белград


„Добри вести! Советот на ЕУ и Европската комисија засега нема да отворат нови поглавја за преговори со Србија“, напиша на Твитер известувач на ЕП за Косово Виола Фон Крамон додавајќи како објаснување дека она што го опиша како „влошување на состојбата на демократијата, напади врз медиумите, насилство против мирните протести и проблематичните избори“ не се патот кон евроинтеграциите. На оваа вест, како што …

Во Србија лути на веста дека ЕУ годинава нема да отвора нови поглавја со Белград Read More »

Реал го доби дербито со Севиља


Шампионот на Шпанија, Реал Мадрид забележа победа со 1:0 на денешниот дерби натпревар од 11. коло во Ла Лига. Стрелец на автоголот вреден три бода за „кралевите“ беше Боно во 55. минута. Со оваа победа Реал се искачи на 3. место, а тренерот Зинедин Зидан го намали притисокот што изминатиот период беше насочен кон него, …

Реал го доби дербито со Севиља Read More »

Изгоре историска црква во Њујорк, нема повредени


Историска црква во Долен Менхетен во Њујорк, каде служба одржуваше една од најстарите верски организации во градот, денеска изгоре во пожар што се прошири од зградата до неа. Црквата изгоре во пожар што рано утрово се прошири од петкатна ненаселена зграда до неа. Црквата е изградена во 1892 година, а во неа служба одржуваше една од најстарите верски организации во Њујорк, која …

Изгоре историска црква во Њујорк, нема повредени Read More »

Во Турција црн рекорд на починати од Ковид-19


Бројот на смртни случаи од коронавирус во Турција во изминатите 24 часа достигна црн рекорд – 196 починати, соопшти денеска турското Министерство за здравство. Вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата сега изнесува 14.705. Во претходните 24 часа се регистрирани 31.896 лица заразени со коронавирусот, со што вкупниот број на од почетокот нас пандемијата достигна 797.893. 

Принцот Алберт од Монако за долгото закрепнување од Ковид-19: Сè уште не се чувствувам најдобро


Монако– Осум месеци откако се зарази со вирусот, владејачкиот суверен на Монако, принцот Алберт, изјави дека претрпел епизоди на ненадеен замор долго откако му завршил карантинот. По позитивниот тест за Ковид-19 во март, тој помина две недели во изолацијата на палатата. По враќањето дома кај неговата сопруга принцезата Шарлин и нивните 5-годишни близнаци по завршувањето …

Принцот Алберт од Монако за долгото закрепнување од Ковид-19: Сè уште не се чувствувам најдобро Read More »

Од Ковид-19 почина матичен лекар од Крушево


Матичниот лекар од Крушево, спец.др.Вангел Трајулески – Луше, денеска починал од Ковид-19, а веста ја споделија на социјалните мрежи, колегите од Здравствениот дом во Крушево.    Д-р Трајулески е вториот медицинар кој денеска ја изгуби битката со непредвидливиот вирус, откако порано беше соопштено дека од Ковид-19 почина и медицинска сестра од болницата во Битола.   …

Од Ковид-19 почина матичен лекар од Крушево Read More »

Големи протести во Ерменија, се бара оставка од премиерот


  Повеќе од 15.000 луѓе во Ерменија излегоа на протести во саботата, на кои побараа оставка од премиерот Микола Пашињан. Ова е најголем собир од минатомесечниот договор за прекин на огнот со Азербејџан. На протестот имало и претставници на Ерменската црква, пренесе новинар на агенцијата ДПА од Ереван. Пашињан, минатиот месец потпиша мировна спогодба со …

Големи протести во Ерменија, се бара оставка од премиерот Read More »

Во Грција уште 98 починати од корона вирусот и 1.383 заразени


Бројот на починати од Ковид-19 на дневно ниво во Грција и понатаму е висок, а во изминатите 24 часа се регистрирани 98 смртни случаи, додека пак намален е бројот на новозаразрени. Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, регистрирани се 1.383 нови случаи, од кои 305 се во Солун, а 260 …

Во Грција уште 98 починати од корона вирусот и 1.383 заразени Read More »

Каде е Хилари Клинтон? Ќе ве изненади новиот проект


САД (АП) – Поранешниот државен секретар, прва дама и претседателски кандидат Хилари Родам Клинтон и нејзината ќерка Челси формираат компанија за производство на филмови, за која велат дека ќе раскажува приказни за луѓе чии гласови честопати се занемаруваат. Нивниот прв проект на нивната компанија HiddenLight е документарна серија наречена „Gutsy Women“, за која Apple TV …

Каде е Хилари Клинтон? Ќе ве изненади новиот проект Read More »