Каде е Хилари Клинтон? Ќе ве изненади новиот проект

САД (АП) – Поранешниот државен секретар, прва дама и претседателски кандидат Хилари Родам Клинтон и нејзината ќерка Челси формираат компанија за производство на филмови, за која велат дека ќе раскажува приказни за луѓе чии гласови честопати се занемаруваат.

Нивниот прв проект на нивната компанија HiddenLight е документарна серија наречена „Gutsy Women“, за која Apple TV + соопшти во посебна најава дека планира да се емитува на неодреден иден датум.

Мајката и ќерка, кои ќе бидат домаќини на серијата, велат дека серијата била инспирирана од книгата што тие ја напишале во 2019 година: “The Book of Gutsy Women: Favorite Stories of Courage and Resilience.

„Предолго време, вниманието се посветуваше само на најгласните гласови во собата. Имаше генерации на носители на промени кои го обликуваа и ќе го обликуваат нашиот свет – често тивко, летајќи под радарот “, изјави Хилари Клинтон за новиот проект.

Клинтонови се придружуваат на поранешниот претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел во бизнисот со филмска и ТВ-продукција; компанијата на Обама Higher Ground поддржа неколку проекти, вклучувајќи го и документарниот филм „Американска фабрика“, добитник на Оскар.

Двојката соработуваше со Сем Бренсон во формирањето на HiddenLight. Синот на деловниот тајкун Сер Ричард Бренсон е основач на компанијата „Сундог Пикчрс“.

HiddenLight вели дека има и планови за производство на други документарни филмови, како и сценарија за ТВ, филмски и дигитални платформи.

„Приказните што ги раскажуваме и искуствата што ги споделуваме го формираат начинот на кој се гледаме и ни помагаат да го разбереме сопственото единствено место во светот“, изјави Челси Клинтон.